ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 54: 2006 - 02.05-17.05.2026)

1942, само два филма. Ама и тоа е подобро од 0 за 1937, претходно. Ајде, периодов сум по-free, ќе се потрудам да надоместам. Го палиме моторот за ново патување:

1777732106667.png

Патување 54: 2006 - 02.05-17.05.2026

2006 е годината позната како „зората на социјалните мрежи“: тоа е годината кога Twitter и Facebook се родија. Потоа, годината во која PlayStation 3 и Nintendo Wii се појавија на пазарот. Во глобалната политика, годината во која беше егзекутиран Садам Хусеин. Во 2006 YouTube беше купен од Google. Лидерот на Ирак, Абу Мусаб ал-Зарави беше убиен. Иран продолжува со развојот на нуклеарната програма, а Северна Кореја тестира нуклеарно оружје. Италија го освои Светското првенство во фудбал а Зидан покажа колку убиствена му е главата. :D

И најстрашно од се - се ова беше пред 20 години. :(

Филип Френч, од The Guardian ја опишува 2006 како исклучителна година за британската кинематографија: "Six of our well-established directors have made highly individual films of real distinction: Michael Winterbottom's A Cock and Bull Story, Ken Loach's Palme d'Or winner The Wind That Shakes the Barley, Christopher Nolan's The Prestige, Stephen Frears's The Queen, Paul Greengrass's United 93 and Nicholas Hytner's The History Boys."

Филмот на Анг Ли, Brokeback Mountain беше револуционерен во поглед на прикажувањето на хомосексуалците во mainstream киното.

1777732908948.png

1777732931981.png

1777733001472.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/79th-academy-awards-oscars-2007/
 
Еј, изгледав уште еден, после ќе го рецензирам, морам, не за џабе страдав цел саат! :D
 
99. Half Nelson - Ryan Fleck (2006)

1777792610623.png

Конечно дојде на ред филмов. Претходно го имам ставено во два предизвици на форумов и не сум го изгледал. Обично слаб сум на филмови со училишта, учители и деца. Но овој беше... Онака...

Прво, од технички аспект филмов е ужасен: shaky камера, grainy слика, лошо кадрирање, сцени во кои камерата е вон фокус... И не знам што сакало да се постигне со се тоа. Кај мене постигна да му намалам една оценка. Рајан Гослинг е феноменален, заслужено заработил номинација за филмов. Прејако одглуми. И приказната не е лоша - учител кој има проблем со дрога формира чудно пријателство со девојче од неговиот клас кое дознава за тоа и се обидува да го оттргне од патот од кој очигледно самиот не можел.

Вчера останав длабоко потресен откако еден пријател (да, го сметам за пријател иако не се знаеме лично и живееме стотици километри далеку еден од друг, но беше тука за мене во некои многу тешки моменти од мојот живот), ми кажа дека поднел документи за еутаназија. :( Да, во државата во која тој живее истото е легално. Првиот пат го одбиле, заради недостатоци во документацијата со кои не успеал да потврди дека се исцрпени сите медицински средства за негово лекување, но сега, откако се консултирал со адвокати и доктори, мисли дека комплетирал се и ја очекува одлуката на судот. Ова многу ме потресе, ме начека off-guard и не знаев како да изреагирам. Колку и да не го оправдувам тоа, кој сум јас да судам? Не сум јас во неговото тело и го немам неговиот ум за да можам да погледнам со исти очи како што тој гледа на нештата. Филмов некако успеа... не можам да кажам да ме смири, зашто уште сум длабоко потресен од таа вест, само успеа да внесе во мене една трошка повеќе разбирање. Зашто свесен сум дека постојат рани кои не се гледаат. Рани кои не можат да се залепат со фластер како тој на усната на Даниел. Рани кои болат, печат, гризат одвнатре и со кои веројатно е неподносливо да се живее. За себеси можеби посакувам да не му успее и вториот пат. Но тогаш тој би страдал уште повеќе, па затоа, што и да се случи, му посакувам само да го најде мирот кој го бара веќе подолго време. :(

За филмов, 6/10
 
2. The mummy's tomb (1942)

Животот е страдање! Филм кој трае, се на се, 1 час, за мене траеше цела вечност. Дури и ми ја уби волјата да го гледам и вториот кој го симнав- The ghost of Frankenstein (1942), со Бела Лугоши. А се израдував, копав низ годината, мислев дека сум наишол за златен рудник, кратки хорор филмчиња кои ќе отидат како алва, но... Сакав и другиот да го изгледам, трае 60 и нешто ситно минути, ама Мумијата ме уби.

Ништо од филм, мумијата добива наредба од свештеникот, мумијата ја извршува наредбата и мумијата се враќа во сандакот. Ова е репетиторно неколку пати. И нормално народот се крена против чудовиштето, нешто слично има и во филмовите со Франкенштајн, така ништо страшно, ништо драматично, ништо интересно. 2/5
 
1. The Devil wears Prada (2006)

Поприлично голем број на филмови имам изгледано од оваа година. А ми требаше некоја релаксација, па барав нешто соодветно, нешто за тетки.

Чувство на корпоративната одговорност, каде поради посветеноста ја губиш перцепцијата за времето, а со тоа и идентитетот, семејството и приватноста. Седиш до тронот, имаш организациона моќ, мораш да бидеш мозокот на операцијата, со цел да го направиш животот на императорот поедноставен, потечен. Над тебе има комплетна моќ-преку ноќ да ги загубиш целокупниот вложен напор, труд и посветеност, па и да добиеш сопка во реализацијата на својот сон.

Ова е филм за зачетокот на кариеризмот, за првото скалило, каде се пронајдов и самиот себе. Имам работено во бранша која ја презирам, во империја која мислеше само на готовина, а со тоа и креирање нови предмети чии клиенти константно вршеа притисоци. Нивни пари, нивна судбина, сите сакаат брзо и што е можно полесна разрешница. Од самиот старт знаев дека не е за мене, ама на работното место се стапува од две предоминантни причини: да научиш или да заработуваш.

Не е филм баш за тетки-тетки, иако се врти за модата, има ревии, гала вечери, сликање на килими, естрада, ама имаше и приказна. Плус, Ен, искористи прилика, врати услуга, на класичен начин. 3,5/5
 
54. 2006

1. Little Miss Sunshine

IMG_7944.jpeg

Дисфункционално семејство тргнува на пат за Калифорнија, со старото комбе, за ќерката да учествува на натпревар за лепота. Семејството ја вклучува нејзината релативно разумна мајка Шерил, нејзиниот татко Ричард, мотивациски говорник кој е под стрес околу тоа дали неговата книга ќе биде објавена, нејзиниот брат Двејн, кој е опседнат со Ниче и има дадено завет на молчење и нема кажано ниту збор веќе 9 месеци, нејзиниот дедо Едвин Хувер, кој сака да пцуе, и нејзиниот чичко Френк Гинсбург — братот на Шерил — кој неодамна се обидел да изврши самоубиство.
Филмот е океј, за тепање време, малку хумор, но искрено очекував доста повеќе.

3/5
 
54. 2006

1. Little Miss Sunshine

Прегледај го приврзокот 477342

Дисфункционално семејство тргнува на пат за Калифорнија, со старото комбе, за ќерката да учествува на натпревар за лепота. Семејството ја вклучува нејзината релативно разумна мајка Шерил, нејзиниот татко Ричард, мотивациски говорник кој е под стрес околу тоа дали неговата книга ќе биде објавена, нејзиниот брат Двејн, кој е опседнат со Ниче и има дадено завет на молчење и нема кажано ниту збор веќе 9 месеци, нејзиниот дедо Едвин Хувер, кој сака да пцуе, и нејзиниот чичко Френк Гинсбург — братот на Шерил — кој неодамна се обидел да изврши самоубиство.
Филмот е океј, за тепање време, малку хумор, но искрено очекував доста повеќе.

3/5
Јас па кога го гледав имав некој сосема поинакво искуство - очекував да биде филм за тепање време а испадна многу позитивен филм, кој се сеќавам дека тогаш кога го гледав (а не беше којзнае колку одамна) ми остави навистина позитивен впечаток и долго по филмов имав некоја feel-good емоција во мене.
 
54. 2006

2. Paprika

IMG_7958.jpeg



Во блиска иднина постои уред наречен DC Mini — машина што им дозволува на психотерапевтите да влегуваат во соништата на луѓето и да ги анализираат. Главен лик е Чиба - сериозна научничка. Во соништата таа има друго алтер его - Паприка. Паприка е се она што е обратно од Чиба.
Кога неколку DC Mini уреди се украдени, некој почнува да ги меша соништата на луѓето со реалноста. Луѓето полудуваат, халуцинираат и губат контрола над умот.
Филмов е многу несфатлив, нема јасна граница меѓу реалност-сон, соновите се во повеќе слоеви. Според мене тука нема што да се бара логика туку првична емоција и уживање во моментот на гледање - нешто што може да го кажеме и за сонот. После сонување сите имаме некое чувство на збунетост, адреналин.. Истото е и со филмов. Реална филмска адаптација е Inception на Нолан.

3/5
 
54. 2006

3. The Fall

IMG_7975.jpeg

Во болница случајно се сретнуваат девојче со скрешна рака и инвалид каскадер. Се спријателуваат и со помош на имагинација и правилни зборови создаваат приказна за 5 измислени херои на пуст остров.
Филмов изобилува со прекрасни бои, одмор за очите. Ама тоа беше единственото што ми се допадна, сценариото ми беше досадно и ништо посебно. Дури мислам дека оценкава е многу.

3/5
 
54. 2006

4. The Devil Wears Prada

IMG_7979.jpeg

Приказна за Андреа, млада амбициозна новинкарка која својата професионална кариера ја започнува како асистент на уредникот на едно од најпознатите модни списанија. Уредникот е Миранда, стабилна, силна жена со јасни цели и желби. Жена околу која е тешко да бидеш, а камоли да бидеш нејзина десна рака.
Ова всушност е Whiplash во модниот свет. Интересно сценарио, одлична глума, особено од одлчната Мерил Стрип. Убавицата Хетвеј не беше подолу.

4/5

Злате, планирам да изгледам уште 5-6 филми од оваа година. Ако не е проблем, може ли да продолжиш за уште една недела? Или може да идеме со нова година, да не ви е досадно, па ја ќе гледам и од 2006та и од новата.
 
Злате, планирам да изгледам уште 5-6 филми од оваа година. Ако не е проблем, може ли да продолжиш за уште една недела? Или може да идеме со нова година, да не ви е досадно, па ја ќе гледам и од 2006та и од новата.
Како ќе кажете, така.
 
100. Cashback - Sean Ellis (2006)

1778846557302.png

Се спремав 100 филм во предизвикот да биде некој посебен, некој значаен... Ама ете, скроз заборавив дека сега е времето за филмот бр. 100 и го пуштив овој - посебен по ништо (освен што има мноооооогу цицки! :цицки::цицки::цицки::цицки::цицки::цицки::цицки::цицки:). Филмов беше предложен во Film Club, ако не се лажам од @Anon, ама тогаш го испуштив, па затоа ова го видов како втора шанса да го гледам. Goofy британска драма, многу потсетува на некои други слични low budget драми снимени во овој стил и искрено - ми беше многу без врска и сакав да му дадам максимум петка. Ама крајот беше преубав (од изложбата натака) и имаше многу добра поента која ја дигна оценка, може и повеќе погоре. Ама не, не можев да му дадам 7/10, зашто не уживав во филмов додека траеше, некако ми беше многу депресивен, па затоа од мене максимумот е јака 6/10.
 
Злате, планирам да изгледам уште 5-6 филми од оваа година. Ако не е проблем, може ли да продолжиш за уште една недела? Или може да идеме со нова година, да не ви е досадно, па ја ќе гледам и од 2006та и од новата.
Мене мои одговара, башка имам за рецензирање 4, плус имам на тапет уште 3-4. Што е до мене, може.
 
101. The Illusionist - Neil Burger (2006)

1778873259970.png

Филмов ја имаше таа несреќа да се појави приближно во исто време со Prestige на Кристофер Нолан, со кој се во голема мера слични, па така мораше да биде споредуван со него. Од моја страна не беше гледан до сега баш заради Prestige. Ама мислам дека ги заслужува сите пофалби, исто како и Prestige. За разлика од него, овој е малце по-фантастичен, помалце реалистичен и навлегува повеќе во доменот мистика иако на крај во голема мера е разобличено и тоа, но од перспективата на лик, што не значи и дека е точно. Ама ми се допадна, многу! Не трепнав 2 саати. Можеби овој требаше да ми биде филмот 100 во предизвиков, наместо претходниот. Но ете, ја имаше таа несреќа да ми биде и 2 499 филм изгледан во животот, па така нема да остане запаметен како milestone филм.

За 2 500 филм сега ќе треба да најдам нешто навистина посебно. Очекувам предлози!

8/10
 
Back
На врв Bottom