Тоа се живи глупости и форумски муабети што луѓе си ги шират меѓу себе. Амбасада или конзулат нема такви ингеренции ниту пристап до информации за да проверува дали некој се откажал или не од македонско државјанство, ниту пак може самоволно да бара такви работи при продолжување пасош ако лицето веќе е бугарски државјанин. Продолжување/вадење БГ пасош е управна постапка за веќе стекнато државјанство. Не одлучува амбасадата дали ти ќе останеш државјанин или не. Тие само посредуваат за документи.
Инаку пола Македонија со бугарски пасоши живее низ ЕУ со двојно државјанство, да беше тоа вистина ќе имаше хаос одамна