Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Инклузија. Буквално.

Ništo od de-dolarizacijata
Доларот е сеуште значајна и веројатно најмоќна валута, но трендот е де-доларизација. Не е масовна промена каде преку ноќ никој не користи долар, но гледајќи бројки од пред една деценија и денес, постои тренд (различни региони реагираат различно на овие промени).

JP Morgan имаат интересно четиво што ја покрива темава, доста едноставно објаснува што значи де-доларизација, кои се причини и кои се трендови по региони:
https://www.jpmorgan.com/insights/global-research/currencies/de-dollarization
 
Не можам да читам што вели ЈП Морган, во гужва сум.
Она што е факт е дека светот бара една валута со која ќе тргува без губитоци поврзани со конверзија (слично како што му треба универзален јазик за да с еразбираат сите).
Така е поелсно и поефтино, во монетов тоа е доларот.
Да се има светска валута има свои предноси и недостатоци, иако сите ги гледаат преднсотите на САД. Еден недостаток е дека зависиш од другите, други држави ти е држави ти ја држат валутата и ја пуштаат кога сакаат, Кога доларот е јак сите го купуваат и тој станува уште појак со што ти е уништуваат извозната индустрија која станува некомпетитивна и скапа.
Има уште, ова е мн компексна тема.
Кина може да има светка валута, големината на економијата веќе тоа го дозволува, но не и одговара, затоа јуанот не е конвертабилен, затоа токовите не се отворени итн. И ЕУ тактизира, се плаши.
Затоа доларот останува се уште број еден иако и самите американци сакаат да ја намалат неговата улога (но не и банките на Волстрит, нив оваа ситуација им одговара(, Како што реков, компексна е работата.
 
Интересен поглед на Фридман за односот помеѓу САД и Русија. Првото видео е од 2010та и дава контекст за тоа што го гледаме денес. Негов поглед е дека Обама тие години ја следи истата политика како Буш (изолација), без разлика на администрација пристапот е ист:

Второто видео е исто од Фридман, што дава повеќе контекст на тоа како САД гледа на Германија и Русија. По него, Кина не е главна закана во 2015та на САД, туку Русија и Германија (алијанса меѓу нив). Видеово е од пред 10 години (дел од поголема лекција) и дава повеќе контекст околу односите меѓу САД, Германија и Русија (и Украина како екстензија на овие односи):
 
Љута Пателка 42ка. Брља им дава, не е тачен гипсот.
 
Почнаа со одвлекување на внимание...
што е следно..... објава за вонземски напад... :D

Пентагон започна со декласификација на податоци за НЛО и други глупости ‍♂️
▪️По наредба на Трамп, на веб-страницата на Министерството за војна на САД е отворен посебен дел со документи за наводен вонземски живот и аномални феномени.▪️Се објавуваат десетици слики од чудни светлечки објекти.
▪️Пентагон наведува дека овие податоци не го потврдуваат постоењето на вонземска цивилизација и дека луѓето „ќе можат сами да извлечат заклучоци“ за регистрираните аномални феномени.
▪️Материјалите наводно се „нерешени случаи“ - владата не може да ги објасни феномените на сликите.❗️Претходно, голем број аналитичари изразија мислење дека со разгорување на гласини за вонземјани, Трамп се обидува да го одвлече вниманието од домашните проблеми во САД.
▪️Досиејата ќе бидат објавувани континуирано, а Белата куќа, Канцеларијата за национално разузнавање, НАСА, ФБИ и Министерството за енергетика учествуваат во нивната подготовка.
 
@Human ај те молам толкувај да не речиш пак нешто измислувам што кажува овде Реј Далио, основач на Bridgewater.

@Human ај те молам толкувај да не речиш пак нешто измислувам што кажува овде Реј Далио, основач на Bridgewater.

Убаво си напишал, или ќе биди а или ќе биди б :) .

Причината што Трамп не ескалира по агресијата од Иран е затоа што Иран моментално е точно таму каде што САД сакаат да биде. Секојдневно крвари пари поради блокадата, а не е во интерес на САД да трошат повеќе ресурси и енергија од потребното за да ги постигнат двете главни цели: безбеден Хормуз и Иран без нуклеарно оружје.
 
Перспективи!
(малкуцка генерализира ама може да се прифати додека не се појави нешто подобро)
Ова што си го постирал е од теорија на Реј Далио (има книга напишано на темава, Principles for Dealing with the Changing World Order, и има мини документарец базиран на неа). На кратко, објаснува дека империите имаат тренд да стануваат економски неефикасни на долги стази и политички нестабилни најчесто поради голема концентрација на богатство во рацете на мал број луѓе, големи јавни долгови што создаваат внатрешна нестабилност и пад на економска конкурентност, додека новата/следната империја, ги нема истите проблеми и ја користи оваа ситуација кај империјата во заминување. По него, секоја транзиција на пад на една империја додека друга расте е проследена со конфликти.

Он објаснува дека тоа што е Кина за САД последниве 40 години (евтина работна сила, растечка економија што конкурира со цена и квалитет, додека САД доживува пад во производство, губење на работни позиции и мала социјална мобилност) е тоа што Британија била за Холандија пред неколку векови (каде Британија конкурирала на Холандија на сличен начин, евтина работна сила, иновации и конкурирање со пониски цени, до моментот додека не акумулира доволно капитал и моќ да може да конкурира посериозно на долги стази).

Ова е долгата верзија од документарецот, има и мини (5 минутна верзија) на каналот:
https://www.youtube.com/watch?v=xguam0TKMw8
 
И во кој сегмент се гледа дека Кина сака да ја замени постоечката империја?
Според сите параметри Кина е глобална сила ама дека сака или работи на планот да ја замени постоечката империја се само пропагандни манипулации (до почетокот на опиумските војни исто така беше водечка светска сила во економијата па не проектираше такви амбиции кои и се препишуваат) од страна на империјата која е во залез.
(мислам како дојде до заклучок дека Кина има такви претензии?)
 
Back
На врв Bottom