Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

После случувањата деновиве и не сум баш да се донесе.
Намерно е ова за да се издејствува трансфер во Јунајтед. :ROFLMAO:

Think About It GIF by Identity
 
Барате некој како Рој Кин, да ги тепа во соблекувална. Не може ем јаре, ем паре. :pos:

Не сум сигурен дека Чуамени е лошо јаболко, барем немам никаков скандал до сега чуено за него. До сега, играчите што ги донесоа, им имаа правено background checks, за да се случи втор Санчо. Куња имаше многу проблеми во Волфс, суспензии, црвени картони, па во Јунајтед е се како треба.

Валверде шанса нема да го продадат, така да, Чуамени има добра шанса да е на пазарот летово. Дали ке го купиме, кој знае.
 
Не ни требаат проблеми во соблекувална.
Нема никакви индикации дека е проблематичен лик. Ете, се случило ова, никој не ја знае позадината, не мора да значи ништо.
 

Пред да рипнете со муабети дека го бранам Аморим, не е така, имаше мани и Аморим. Објективно гледиште базирано на податоци и анализа.

Едно нешто ќе потенцирам, првата сезона на ЕТХ кога беа трети ми се чини, податоците сугестираа енормен оверперформанс на резултати во однос на тоа што се случува на терен, главни двигатели - формата на Рашфорд и Касемиро. Следната сезона се деси реалноста, перформанс на ниво од 12та позиција на табела. По наредната се деси и катаклизма.

На кратко, датата не лаже, може да има оверперформанс или полоши резултати, но како што тече времето, си легнува на брашното.
 
Како ке ни легне Тчуамени прекрасно, плус и платата му е некаде 200 и фунти што не би било проблем за Јунајтед. Мора барем да се проба да се зема или тој или Тонали,плус оној малиот од Вест Хем,и добри сме за во средината. Ке видиме што ке се случи.
 
Ништо посебно не е Тчуамени, и во никој случај не може да го замени Касемиро. Ако можеше, ќе го направеше тоа во Реал. Тонали е многукратно подобра опција. Тонали може да ги замени и головите на Касемиро, не со глава, туку со шут од далечина, а Тчуамени не може. И друга работа, многу ретко се случува Реал да продаде фудбалер, и тој да биде подобар во новиот клуб. Мене не ми текнува на ниу еден таков случај.
 
Последно уредено:
Итекако може да го замени , ако можеше Касе на тие години да дава голови да неправам муабет за Чуамени.
 
Головите на Касемиро не би било лошо да ги заменат Мбеумо, Амад и останатите навални играчи.
Мбеумо сигурно ќе проработи, Амад тешко.
Куња треба да дигне форма уште, има капацитет, може и Шешко некои 20-30%, ресто голови треба да се очекуваат од среден ред и чат-пат одбрана! Доргу ми е енигма, гооолема!
Кога ќе купат некој ќе лафиме, вака муабет пред чешма.
 
Back
На врв Bottom