Не може да се оценува дали било подобро во југа или сега врз основа на индивидуални случаи и субјективно. Мора да се споредува генерално, оти во спротивно ќе биде исправна и перцепцијата на робовладетелот дека нема подобро општество од робовладетелството. Споредбата мора да биде врз основа на објективни мерила, па затоа ајде да споредиме по области, пример:
- спортот во југа и спортот денес, резултати.
- образованието во југа и образованието денес, квалитет на кадри
- здравството
- производство, што и колку тогаш се што и колку денес се произведува, што тогаш се што денес извезуваме а што увезуваме, квалитет и стандарди на произведеното
- развој, што и колку се градело тогаш а што и колку денес
- безбедност, колку и каков криминал имало тогаш а како е денес
- културата тогаш, културата денес, што имаме од писатели тогаш а што денес, што имаме од театри тогаш а што денес, музика, фестивали, филмови,
....... и било која област од тогаш и сега, без она: ама тогаш комшијата во една прилика зема преку синдикатот две полутки свиња а ние по една или памтам година имаше криза за нафта па бонови ни даваа па возевме пар непар....
Јас и не сакам да споредувам, ради елементарно чувство на срам од тоа што сме денес.