- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.458
- Поени од реакции
- 7.688
Твојот коментар кој јас го цитирав беше дека изгледале босо против екипи како Пролет и како Бутел, нели? Значи сепак не е така.Знаеме на кој начин се билда статистика у мАк првенство , пола голови ги имаат дадено против боси екипи од контри или пенали. Против тројката Алкалоид, Охрид и Пелистер се тешки рупи, истата немоќ и ужасна игра. Небитно друже , ако ти се добри тебе како замени , нека бидат. Ја кажуем свое мислење и мислам дека заслужуваме подобри замени за да нема такви падови и слични дебакли. Ако се нема финансии за тоа нека се каже и мирна капа. Бар да не се буниме кога ќе ни се повредат некои од стартните ракометари. За такви работи се збори пред сезона, после ќе биде касно. Пак ќе кажам , ако сакаме да се залажуваме дека се добри ракометари и дека имале статистики можеме , ама тоа нема везе со реалноста. И не викам ја замените да бидат исти квалитет као Малус или Хориха, ако е така тогаш ќе бркаме Фајнл фор, муабетот ми е да имаат бар абер од ракомет и да покажат некоја компетитивност против силни екипи од ЛШ , да можат на некој солиден начин да заменат. Вака ништо. Еве реално , што ќе смени Танконсен за наредна сезона? Човекот како мртов стои на терен, без желба за живот. На Боно толку му е знаењето, има еден влез на послаби одбрани, друго ништо нема. Митровиќ е да го имаш као трет десен бек и да му даваш по цели натпревари против Бутел, Пролет и такви, да голташ мизерии и мизерии само да видиш дали воопшто ќе добиеш некој просечен бек. Тоа е реалноста.
Знам многу добро како се „билда“ статистиката во домашното првенство и кое е нивото. Еден од малкуте сум што речиси и да не пропушта да погледне меч од домашното првенство секое коло, не само мечеви на Вардар.
За мене дали се добри или не е ирелевантно во целава прича, чим ги држат во клуб, значи гледаат аспекти кои што ние што сме надвор од клубот не можеме да ги видиме. Некогаш се тоа финансии, некогаш е тоа пасош, некогаш е немање адекватни алтернативи кои нас би ни биле достапни, а некогаш веројатно се лични односи и шеми.
Никој нема никогаш да ни каже дали се има или се нема финансии, како што кажав и погоре, ние не го знаеме буџетот на клубот, ти очекуваш да ти кажат трансфер планови и долгорочна политика? Знам дека не следиш од вчера ракомет.

Михајло во јули кога искочи на прес да го претстави Чупко како нов тренер и го прашуваа за дали Бутин е сега спортски директор им викаше ќе видиме тоа од септември на новинарите. Што повеќе?
Последно уредено:


