Фан клуб - РК Вардар

Знаеме на кој начин се билда статистика у мАк првенство , пола голови ги имаат дадено против боси екипи од контри или пенали. Против тројката Алкалоид, Охрид и Пелистер се тешки рупи, истата немоќ и ужасна игра. Небитно друже , ако ти се добри тебе како замени , нека бидат. Ја кажуем свое мислење и мислам дека заслужуваме подобри замени за да нема такви падови и слични дебакли. Ако се нема финансии за тоа нека се каже и мирна капа. Бар да не се буниме кога ќе ни се повредат некои од стартните ракометари. За такви работи се збори пред сезона, после ќе биде касно. Пак ќе кажам , ако сакаме да се залажуваме дека се добри ракометари и дека имале статистики можеме , ама тоа нема везе со реалноста. И не викам ја замените да бидат исти квалитет као Малус или Хориха, ако е така тогаш ќе бркаме Фајнл фор, муабетот ми е да имаат бар абер од ракомет и да покажат некоја компетитивност против силни екипи од ЛШ , да можат на некој солиден начин да заменат. Вака ништо. Еве реално , што ќе смени Танконсен за наредна сезона? Човекот како мртов стои на терен, без желба за живот. На Боно толку му е знаењето, има еден влез на послаби одбрани, друго ништо нема. Митровиќ е да го имаш као трет десен бек и да му даваш по цели натпревари против Бутел, Пролет и такви, да голташ мизерии и мизерии само да видиш дали воопшто ќе добиеш некој просечен бек. Тоа е реалноста.
Твојот коментар кој јас го цитирав беше дека изгледале босо против екипи како Пролет и како Бутел, нели? Значи сепак не е така.
Знам многу добро како се „билда“ статистиката во домашното првенство и кое е нивото. Еден од малкуте сум што речиси и да не пропушта да погледне меч од домашното првенство секое коло, не само мечеви на Вардар.

За мене дали се добри или не е ирелевантно во целава прича, чим ги држат во клуб, значи гледаат аспекти кои што ние што сме надвор од клубот не можеме да ги видиме. Некогаш се тоа финансии, некогаш е тоа пасош, некогаш е немање адекватни алтернативи кои нас би ни биле достапни, а некогаш веројатно се лични односи и шеми.

Никој нема никогаш да ни каже дали се има или се нема финансии, како што кажав и погоре, ние не го знаеме буџетот на клубот, ти очекуваш да ти кажат трансфер планови и долгорочна политика? Знам дека не следиш од вчера ракомет. :)
Михајло во јули кога искочи на прес да го претстави Чупко како нов тренер и го прашуваа за дали Бутин е сега спортски директор им викаше ќе видиме тоа од септември на новинарите. Што повеќе?
 
Последно уредено:
Митровиќ има дадено 100 гола сезонава во домашното првенство со реализација од 71% и воедно е наш втор најдобар стрелец во лигата после Горига, а трет наш најдобар асистент.
Премногу незаслужени негативни критики добива Митровиќ.
Има 21 година, а то шо не донесовме квалитетен десен бек сезонава па мора тој да носи на десен бек воопшто не е негова вина. Ќе повторам, има само 21 година, допрва ќе се развива и ќе напредува.
 
Најголем проблем беше што немаше асален организатор на играта во напад. Не дека Вардар нема играчи на крило или пикер. Само што топки не добиваа. Боно имал далеку подобри партии порано и во првенството и во купов. Ама овда беше катастрофа од него, затоа и резултатот е таков.
 
Твојот коментар кој јас го цитирав беше дека изгледале босо против екипи како Пролет и како Бутел, нели? Значи сепак не е така.
Знам многу добро како се „билда“ статистиката во домашното првенство и кое е нивото. Еден од малкуте сум што речиси и да не пропушта да погледне меч од домашното првенство секое коло, не само мечеви на Вардар.

За мене дали се добри или не е ирелевантно во целава прича, чим ги држат во клуб, значи гледаат аспекти кои што ние што сме надвор од клубот не можеме да ги видиме. Некогаш се тоа финансии, некогаш е тоа пасош, некогаш е немање адекватни алтернативи кои нас би ни биле достапни, а некогаш веројатно се лични односи и шеми.

Никој нема никогаш да ни каже дали се има или се нема финансии, како што кажав и погоре, ние не го знаеме буџетот на клубот, ти очекуваш да ти кажат трансфер планови и долгорочна политика? Знам дека не следиш од вчера ракомет. :)
Михајло во јули кога искочи на прес да го претстави Чупко како нов тренер и го прашуваа за дали Бутин е сега спортски директор им викаше ќе видиме тоа од септември на новинарите. Што повеќе?
Па така е , бидејќи ни на тие натпревари воопшто не двојат со играта. За Митровиќ и Танковски кажав дека се исто срање, а за Боно дека знае да направи некој влез пошо одбраните им се купусарник.На многу од тие натпревари кај што играат головите ги даваат од контри , пенали, некад во последни десет минути кога се е решено знаат да начукаат по 3-4 гола и така доаѓаме до таа нивна ефикасност што не е мерило. Небитно , јасно ми е и мене , баш дека пратам ракомет од коа знам за себе , ме нервираат вакви ствари. Ако не сме способни да најдеме подобри замени , или како што викаш ако клубот наоѓа некој интерес да бидат во клубот супер. Нека биде така. Ја од аспект на навивач на клубот мислам обратно , ама кој те прашува.

Премногу незаслужени негативни критики добива Митровиќ.
Има 21 година, а то шо не донесовме квалитетен десен бек сезонава па мора тој да носи на десен бек воопшто не е негова вина. Ќе повторам, има само 21 година, допрва ќе се развива и ќе напредува.
Самиот клуб го има ставено во таква ситуација. Човекот ете ајде заради возраста и моменталниот капацитет е да биде трет десен бек , а клубот одлучил оваа година да биде прв. Значи кого друг да критикуваш ако не првиот избор. А со игрите не можеш да ме убедиш во спротивното, односно дека не ги заслужил тие критики. Ако сме екипа која се бори за развој на млади играчи ок, тогаш ќе си кажеш ќе го чекаме детево младо е , нека се утепа од грешење, па кога ќе избруси ќе биде топ. Ама вака , кога се бориш за титула, не можеш да експериментираш на тој начин. Значи пак доаѓаме до заклучокот дека клубот погреши што му даде така клучна улога на ракометар кој во овој момент не кадарен да се носи со неа. Критиката е повеќе во таа насока.
 
Ќе испадне на крај подобро да изненадеше со црвен у втор напад, 3 страни критики (повеќе од оправдани) изнапишавте:ROFLMAO:
 
По се што прочитав испаѓа дека по квалитет сме 3-4 у МК лига, само ради хемија сме први и дека сме имале среќа. Ако е така, тогаш единствен заслужен за двојната круна е Чупиќ. А гледам бајаги се хејта овде.
 
Баш напротив мислам дека во нашиот фан клуб се води најквалитетна дискусија во споредба со останатите на форумот.

И општо онака ретко каде на друго место на интернетов може да видиме нешто слично, со години се држи некое ниво на пристојност и можат да се прочитаат интересни дебати, размислувања и информации.

Не за џабе и сите новинари киснат тука по цел ден и чекаат да препишат нешто.

И јас воопшто не гледам некое хејтање тука, тоа што Талески го добиваше со години е хејт, ова е само нормална здрава дискусија за моменталните случувања во клубот, за тоа и треба да служи форумот.
 
И не е хејт ако разглобуваме овде играчи, од кој еден е централниот бек од вчера, човек кој што не знам дали имаше асистенција вчера, а се се очекува од него.
 
Пуштени се картите за утакмицата со Еурофарм на ticketx.
 
@EdenZivotEdnaLjubov пиши ако дознаеш каква е ситуацијата со Хориха и Малус ,и дали има шанса да настапат на некој од следниве натпревари (Пелистер, Монпелје)
 
@EdenZivotEdnaLjubov пиши ако дознаеш каква е ситуацијата со Хориха и Малус ,и дали има шанса да настапат на некој од следниве натпревари (Пелистер, Монпелје)
Најверојатно ќе играат и двајцата на реваншот и Педро ќе игра, нема повреда, само посилен удар во стомакот и моментална болка...
 
Одлична вест, во реваншот со полна сала и одлична атмосфера да се надеваме на чудо, да бидеме задоволни со победа, а два дена потоа да им дадеме редовна доза на шурите за прослава на титулата.
 
Back
На врв Bottom