Фан клуб - РК Вардар

Сезонава освоивме двојна титула само ради добрата атмосфера во клубот, и ради Малус ... се останато се илузии дека имаме квалитет за нешто повеќе. Имаме само еден екстра ракометар, и уште 4ца доста солидни или само солидни, и тоа е тоа. Ниту имавме течен разновиден напад , ниту цврста одбрана низ сезонава, ништо... само додај на Малус и чекај. Вакви импровозации поминуваа со уште позакапани екипи пд нас во домашното првенство ,ама не и во европа со посериозни екипи. Бенфика не врати на ресет, Монпеље на фабрички. Мора чистка и уште најмалку 3 солидни засилувања, инаку ќе бидеме статистика во ЛШ
Ajdee pocnavme so prikaznite posle utakmica na koja igravme so 2/3 sostav primorani.

Sve ova "samo radi" dobra takticka podgotvenost cela godina, dobro izbrusena forma, toa sto igracite konecno mozat da izigraat celi 60 a ne samo 45 minuti, samo radi toa sto veke nemame krizi na sred utakmica, samo radi uigrani kombinacii za skok sut i kako piker da otvori prostor za igracite da vlezat na 6/7m.
Samo radi Malus, Horiha, Valah, Gogov koj bleska na momenti, samo radi Vorkapic koj e ok za nase nivo i toa sto Mecka uspesno se vrati od povreda. Samo radi toa sto se stvori hemija vo ekipata posle podolgo vreme. Samo radi toa sto imame 50% poveke pari od lani so sponzori. Samo radi toa sto se stabiliziravme u odbrana iako Tale i Vuko ni izbegaa na start na sezona pa igravme desetkuvani bez klucnite defanzivci. Samo radi toa sto smenet e konceptot na treniranje vo ekipava, samo radi toa sto veke go nema amaterizmot i delenje bodovi po bratska linija.

A sto e toa sto tolku ni fali, pa sto "samo radi" sve ova sto se postigna za edna sezona sme "se izvlekle" za dvojna titula doma i 1/4 finale vo LE?! Ima nekoj pretstava?! Imate li pretstava sto pisuvate ili pisuvate samo radi toa sto sakate da namalite ocekuvanja za sledna godina, vo koja vlagame so 3-4 zasiluvanja za sega, a ako se otvorat kartite ke ima najmalku uste tolku.

Da ne bese atmosferata sto Vardar ja nosi so sebe, dobrata soblekuvalna, Sterbik i Cupic nemase da zememe ni ls 2017. Pa "samo radi" niv zemavme. I sto fali sea?!
 
Вчера на неколку саата пред натпреварот сите викаат океј е топ сезона успешна сезона двојна круна вака така, сега после еден натпревар кај што сме изгубиле од екипа што е составена буквално од топ играчи репрезентативци на Шпанија и Франција одлично вклопена и градена неколку сезони, натпревар кај што играме без убедливо најдобрите 2ца играчи од кои едниот е можеби и најдобар во одбрана, каде што Тузо добива преглуп црвен картон, каде што го губиме сред натпревар Педро најдобар наш играч до моментот на повредата и очаен Боно и очаен Митровиќ 40-45 минути одеднаш ништо не чини, на среќа титула сме добиле, на среќа куп сме освоиле, се било само атмосфера и хемија, Малус сам не влечел и какви се не експертизи... Сајбер па уште се тресе дали Тиквеш и Бутел ќе сме ги тепале, бод како ќе сме земеле за титулата :D Полека бе луѓе, преку ноќ пораснаа апетитите да освојуваме Лига Европа, да го добиваме Монпеље у гости и слично...Читам коментари на ФБ ретардирани ликови па бараат парите за картите од реваншот да им се врателе? Јас да сум би им ги вратил одма и плус пари би им дал само да не се појават веќе во сала никогаш. Пред почеток на сезона ако добро се сеќавам сите тука викавме дека успех ќе биде да пројдеме групна фаза во ЛЕ, а сега не сме задоволни со топ 8 и со дупла круна освоена на 5 кола пред да заврши сезоната...
 
Коментарите не се за убедливиот пораз, или тоа што не сме се пласирале на Ф4. Еве ја лично за мене ќе кажам. Пред натпреварот кажав дека сум презадоволен со ова што се постигна оваа сезона. Меѓутоа ете , ракометот на суров начин уште еднаш ни покажа каков може да биде во однос на повреди и слични работи. А разочарувањето доаѓа од тоа што немаме резервен состав кој би ја бранел честа на Вардар. Не може никој да ме убеди дека она вчера на терен не изгледаше на аматерска екипа. Она беше мачење за очи , па и покрај тоа што успеавме да извадиме само два негатива на полувреме. Реално не е тоа мразење на тимот или хејтање , туку разочарување од тоа како изгледа резервниот тим, како се доведовме во таква ситуација да изгледаме како Пролет. Апелот е да се поправиме на тоа поле , за да утре во ЛШ или во Македонско првенство не не задеси истото. Не може да се надеваме само во првиот состав, па недај боже ако се повреди стартниот ракометар одма да бидеме аматери на терен. Мене лично тоа ми беше замерката, и да, овој ваков тим не е сигурен против ниедна екипа во лигата веруј ми. Колку и да звучи лошо , така е. Пак ќе кажам , се надевам дека Михајло ќе изненади со уште неколку ракометари, ако не ќе видиме следната сезона кој бил во право а кој не. За реваншот не очекувам ништо , освен ако бидеме комплетни да одиграме до коска и да го поправиме впечатокот, да се бориме машки до крај.
 
Последно уредено:
Коментарите не се за убедливиот пораз, или тоа што не сме се пласирале на Ф4. Еве ја лично за мене ќе кажам. Пред натпреварот кажав дека сум презадоволен со ова што се постигна оваа сезона. Меѓутоа ете , ракометот на суров начин уште еднаш ни покажа каков може да биде во однос на повреди и слични работи. А разочарувањето доаѓа од тоа што немаме резервен состав кој би ја бранел честа на Вардар. Не може никој да ме убеди дека она вчера на терен не изгледаше на аматерска екипа. Она беше мачење за очи , па и покрај тоа што успеавме да извадиме само два негатива на полувреме. Реално не е тоа мразење на тимот или хејтање , туку разочарување од тоа како изгледа резервниот тим, како се доведовме во таква ситуација да изгледаме како Пролет. Апелот е да се поправиме на тоа поле , за да утре во ЛШ или во Македонско првенство не не заседи истото. Не може да се надеваме само во првиот состав, па недај боже ако се повреди стартниот ракометар одма да бидеме аматери на терен. Мене лично тоа ми беше замерката, и да, овој ваков тим не е сигурен против ниедна екипа во лигата веруј ми. Колку и да звучи лошо , така е. Пак ќе кажам , се надевам дека Михајло ќе изненади со уште неколку ракометари, ако не ќе видиме следната сезона кој бил во право а кој не. За реваншот не очекувам ништо , освен ако бидеме комплетни да одиграме до коска и да го поправиме впечатокот, да се бориме машки до крај.
Така е, се слагам дека немаше добри замени и дека се направи грешка најмногу што му дозволија на крушевскиот локум да си оди, а после тоа и на Вуко каков таков ќе завршеше работа ако останеше здрав барем во одбрана ако не во напад... Исто за Боно е дискутирано милион пати дека против физички силна одбрана e тотално немоќен, он е ок играч да го смени Малус 10-тина минути и тоа е тоа, едноставно лимитиран е, за Митро па нема потреба да се збори едноставно нема дечкото сега за сега во главата капацитет за да изигра константно на високо ниво... И со овие засилувања што ги имаме за наредна сезона, мислам дека треба да се земе уште еден лев и уште еден дефанзивен играч за да имаме ширина и ротација е сеа дали ќе донесат, ќе видиме...
 
Само кога зборувате за како изгледаат „замените“ на терен, не заборавајте дека истите тие изгледаа така како што изгледаа против еден Монпелје. Фрлаш играч во оган кој до вчера или играл 15-тина минути од ревијален меч против Пролет или уопште не играл и очекуваш истиот да изгледа пристојно против Касадо, Срна, Монте, Порт или Мораеш - како? Нема како, неизводливо е, освен ако на клупа имаш некој супер-талент кој до тој момент никој не знаел дека е супер-талент.
 
Вон темата ама вчера Македонија го освои светското за средни школи и лидер на таа генерација е Бобан Поповски кој го потпишавме за наредната година. Има ракомет во дечкото и се надевам дека ќе добие права шанса да се докаже кај нас.
 
Исто изгледаат и против Пролет и Бутел. Митровиќ , Танковски , Марчинијак , па и Боно , со тоа што Боно против тие екипи знае некад да направи влез пошо им се пошупливи одбраните. Рачунај дека наредна година ќе играме ЛШ против екипи многу појаки и од Монпелје.
 
Чувај го постов за после Монпелје, +10 тој двомеч ќе биде у нивна корист.
@Bianconero vero ја сум несреќа или толку е капацитетот на тимот/тренерот?
Таа е реалноста од овој ростер против сериозен европски клуб.
 
Исто изгледаат и против Пролет и Бутел. Митровиќ , Танковски , Марчинијак , па и Боно , со тоа што Боно против тие екипи знае некад да направи влез пошо им се пошупливи одбраните. Рачунај дека наредна година ќе играме ЛШ против екипи многу појаки и од Монпелје.
Митровиќ има дадено 100 гола сезонава во домашното првенство со реализација од 71% и воедно е наш втор најдобар стрелец во лигата после Горига, а трет наш најдобар асистент.

Боно е четврти најдобар наш стрелец со 77 голови и 75% реализација, а четврти најдобар асистент.

За жал сајтот на РФМ не дозволува детално филтрирање на податоците (што е штета), за да копам податоци и за Марио и Марчињак, па ќе морам само делумно да те демантирам.

Да не се правиме будали со сила, во сите спортови противникот игра и тоа како голема улога во тоа како изгледаш ТИ на терен. Не за џабе рекле дека играш колку што ти дозволува противникот да играш. Јас може да го дробам цело маало во уличен баскет, ама да дојде полупрофесионален играч кој цел живот го поминал во втора македонска лига ќе ме победи во 50 од 50 мечеви изиграни.

Нејсе, да се обидам да се вратам на темата и нешто што поголемиот дел од вас го пишуваат.
Не можеме да се надеваме дека ние ќе имаме 3 постави кои ќе бидат тука-некаде по квалитет. Немаме ПОИМ колку ќе изнесува буџетот на екипата за следната сезона, до тие податоци се стигнува потешко него што до одредени државни тајни. Јас само имам пишувано едно 10-тина пати дека ростер од 23 играчи колку што имаме сега е тешка глупост, ама претпоставувам дека не е така лесно (од повеќе објективни причини) да направиш квалитативно солиден спој во кои ќе има домашни и странски играчи и истиот нема да биде поголем од 18. Затоа и се оди на идејата - земи го може ќе покаже нешто, ќе ни се најде.
 
Последно уредено:
Зашто Чупич не го игра Јапан?
Каква е состојбата на Бразилецот?
Знае ли некој?
Налетав на еден пост на инстаграм каде што Чупуч се поврзува со Киелце.
 
Вчера на неколку саата пред натпреварот сите викаат океј е топ сезона успешна сезона двојна круна вака така, сега после еден натпревар кај што сме изгубиле од екипа што е составена буквално од топ играчи репрезентативци на Шпанија и Франција одлично вклопена и градена неколку сезони, натпревар кај што играме без убедливо најдобрите 2ца играчи од кои едниот е можеби и најдобар во одбрана, каде што Тузо добива преглуп црвен картон, каде што го губиме сред натпревар Педро најдобар наш играч до моментот на повредата и очаен Боно и очаен Митровиќ 40-45 минути одеднаш ништо не чини, на среќа титула сме добиле, на среќа куп сме освоиле, се било само атмосфера и хемија, Малус сам не влечел и какви се не експертизи... Сајбер па уште се тресе дали Тиквеш и Бутел ќе сме ги тепале, бод како ќе сме земеле за титулата :D Полека бе луѓе, преку ноќ пораснаа апетитите да освојуваме Лига Европа, да го добиваме Монпеље у гости и слично...Читам коментари на ФБ ретардирани ликови па бараат парите за картите од реваншот да им се врателе? Јас да сум би им ги вратил одма и плус пари би им дал само да не се појават веќе во сала никогаш. Пред почеток на сезона ако добро се сеќавам сите тука викавме дека успех ќе биде да пројдеме групна фаза во ЛЕ, а сега не сме задоволни со топ 8 и со дупла круна освоена на 5 кола пред да заврши сезоната...
Моите критики се сфаќаат на тотално погрешен начин.
Не се насочени толку кон тимот, колку кон ЛОШАТА СЛИКА КОЈА ФАНОВИТЕ ЈА ИМААТ КОН КЛУБОТ, а истата ќе донесе раскол кога ќе стигнат двоцифрените порази од објективно (засега) класи подобрите тимови од нас во ЛШ.

Јас контрирам на повеќето за:
1. Чупиќ до вчера се ставаше на ниво дека е магионичар.
Кажав дека никаков заклучок не може да се донесе од сезонава. Направи добра атмосфера, ги исполни целите, но како што кажав имаше и доста сплет на околности кои ни одговараа (како што вчера не ни одговараа) и во поголем дел од натпреварите со противници од сличен ранг, воопшто не импресиониравме. Тепавме на индивидуални акции и добар ден на Валах

2. Луѓето мислат дека сме класи над другите во лигава
Не сме. Тука некаде се повеќето екипи, ние се снајдовме најдобро и имавме 2 победи на гости кои го решија шампионот.

3. Луѓето сметаат дека сме изиграле топ во Европа, а пример се потсмеваат со овогодинешните резултати на Пелистер
Разликата во противниците беше небо земја. Баш годинава они имаа солидна европска сезона. Резултатите ни беа дибри, но играта само кај Сесвете на гости беше задоволителна. Се погоди Мелсунген да ни игра со трет тим, инаку тешко дека ќе дојдевме до четврт финале воопшто. Многу слабости покажавме во сите наптревари со противници од наш ранг.

4. Да играле Хориха и Малус, ќе сме ги убиеле Монпелје
Нема грешка. Ко што ги убивме Охрид во финале на куп, со индвидуални акции и 100 одбрани на Валах.
Ќе имавме поголеми шанси, со нашата атмосфера овде за реваншот, можевме и 4-5 разлика да стигнеме, ама дека ќе сме ги убиеле, мало морген. И со комплетен состав ќе беа фаворити. Вчерашното прво полувреме заврши 2 разлика, дека они беа прелабави. Кога се стегнаа, можеа 20 разлика да не тепаат.

5. Курчење по објавата на неколку нови засилувања.
Ова највеќе ме нервира. Многу пати кажав. Лесно е кога годинава не игравме ЛШ, па кога немаш порази, не може да имаш лоша атмосфера во тимот што ќе те измести од колосек во првенството. Ќе правиме муабет кога нема да може да си дозволиме да ставиме некоја резерва во ЛШ (затоа што 20 разлика ќе изгубиме ако ги одмораме најдобрите), па со иста постава ќе треба да играме цела сезона. Поголема шанса за повреди, критики од публиката за поразите која сигурно ќе растури атмосфера, недоволно одморени за дерби итн.
Може да се курчиме ако засилувањата кои ги донесовме ќе беа планирани резерви за класа појаки бекови од нив кои ќе беа стартери.
Вака не.

Муабетот е да се намали со курч и очекувања. Да, ќе имаме интересен состав кој треба постепено да расте. Да, Чупиќ имаше добра сезона и фер е да му се даде шанса за да прерасне во добар тренер. Да, клубот догодина ќе има и тешки порази во ЛШ и може ќе изгуби титула. Се' ќе биде оправдано ако постепено растеме и се откачиме од некои играчи и ги замениме со подобри. Засега не ми личи така, ниту се развиваме на поле на македонски играчи, ниту бековските позиции се добри покриени пред настапите во ЛШ догодина.
 
Мислам дека луѓето повеќе се радуваат за успехот оваа сезона, отколку што се прави некаков хајп за наредната, веројатно сите се горе - доле свесни за силата на екипата и амбициите за наредна сезона.
Едноставно колку пари - толку музика, со овој буџет не е возможно да бркаме некој успех во Лига на шамиони, самиот настап таму е за нас успех, евентуални победи се само бонус за екипата.

Имаме голема среќа што од наредна сезона се менува форматот на лигата, ќе има повеќе учесници(24 екипи поделени во 6 групи).
За нас многу подобар формат за разлика од сегашниот.
Зависи во кој шешир ќе бидеме, по моја пртпоставка ќе имаме во групата две екипи против кои нема што да бареме и ќе изгубиме двоцифрено(Барса, Фуксе, Магдебург...) и уште три екипи против кои ќе може да скинеме некој бод, посебно на домашен терен.

Донесовме солидни млади играчи кои допрва треба да се докажуваат, имаат потенцијал да блеснат, ама сите се далеку од докажани играчи за такво ниво и ниту еден од нив нема минута изиграно во Лига на шампиони.
Всушност ние и во целиот состав за наредна сезона имаме само три играчи кои воопшто имаат барем еден настап во тоа натпреварување(Малус, Валах и Џомба).

Нашите амбиции и наредна сезона ќе бидат главно во домашното првенство, одбрана на титулата ќе биде приоритет, останатото треба да го гледаме како награда за добрите игри оваа сезона и да уживаме.

Наредната сезона ќе биде тест и за нас како публика, да видиме колку сме зрели како навивачи и дали конечно сме научиле да гледаме објективно на работите без лажни и нереални очекувања, се надевам ќе го положиме тестот.

Најбитно е што оваа сезона ЦЕЛИТЕ СЕ ОСТВАРЕНИ, титулата се враќа во Скопје, треба убаво да прославиме и да уживаме во моментот без многу оптеретувања што ќе биде во иднина.
 
Вон темата ама вчера Македонија го освои светското за средни школи и лидер на таа генерација е Бобан Поповски кој го потпишавме за наредната година. Има ракомет во дечкото и се надевам дека ќе добие права шанса да се докаже кај нас.
Not to ruin everything, ама и од овој настан се прави лажен спектакл (за партиски цели).
Што курац е тоа светско првенство за средни школи?
Види ги противнициве на Македонија. Група со Бугарија, Грузија, Саудиска Арабија и Република Српска. Смешки.
Па победа над Србија (можеби единствен вреден резултат) и победа во финале над Израел.
Се' светски ракометни велесили.
 
Митровиќ има дадено 100 гола сезонава во домашното првенство со реализација од 71% и воедно е наш втор најдобар стрелец во лигата после Горига, а трет наш најдобар асистент.

Боно е четврти најдобар наш стрелец со 77 голови и 75% реализација, а четврти најдобар асистент.

За жал сајтот на РФМ не дозволува детално филтрирање на податоците (што е штета), за да копам податоци и за Марио и Марчињак, па ќе морам само делумно да те демантирам.

Да не се правиме будали со сила, во сите спортови противникот игра и тоа како голема улога во тоа како изгледаш ТИ на терен. Не за џабе рекле дека играш колку што ти дозволува противникот да играш. Јас може да го дробам цело маало во уличен баскет, ама да дојде полупрофесионален играч кој цел живот го поминал во втора македонска лига ќе ме победи во 50 од 50 мечеви изиграни.

Нејсе, да се обидам да се вратам на темата и нешто што поголемиот дел од вас го пишуваат.
Не можеме да се надеваме дека ние ќе имаме 3 постави кои ќе бидат тука-некаде по квалитет. Немаме ПОИМ колку ќе изнесува буџетот на екипата за следната сезона, до тие податоци се стигнува потешко него што до одредени државни тајни. Јас само имам пишувано едно 10-тина пати дека ростер од 23 играчи колку што имаме сега е тешка глупост, ама претпоставувам дека не е така лесно (од повеќе објективни причини) да направиш квалитативно солиден спој во кои ќе има домашни и странски играчи и истиот нема да биде поголем од 18. Затоа и се оди на идејата - земи го може ќе покаже нешто, ќе ни се најде.
Знаеме на кој начин се билда статистика у мАк првенство , пола голови ги имаат дадено против боси екипи од контри или пенали. Против тројката Алкалоид, Охрид и Пелистер се тешки рупи, истата немоќ и ужасна игра. Небитно друже , ако ти се добри тебе како замени , нека бидат. Ја кажуем свое мислење и мислам дека заслужуваме подобри замени за да нема такви падови и слични дебакли. Ако се нема финансии за тоа нека се каже и мирна капа. Бар да не се буниме кога ќе ни се повредат некои од стартните ракометари. За такви работи се збори пред сезона, после ќе биде касно. Пак ќе кажам , ако сакаме да се залажуваме дека се добри ракометари и дека имале статистики можеме , ама тоа нема везе со реалноста. И не викам ја замените да бидат исти квалитет као Малус или Хориха, ако е така тогаш ќе бркаме Фајнл фор, муабетот ми е да имаат бар абер од ракомет и да покажат некоја компетитивност против силни екипи од ЛШ , да можат на некој солиден начин да заменат. Вака ништо. Еве реално , што ќе смени Танконсен за наредна сезона? Човекот како мртов стои на терен, без желба за живот. На Боно толку му е знаењето, има еден влез на послаби одбрани, друго ништо нема. Митровиќ е да го имаш као трет десен бек и да му даваш по цели натпревари против Бутел, Пролет и такви, да голташ мизерии и мизерии само да видиш дали воопшто ќе добиеш некој просечен бек. Тоа е реалноста.
 
Против јаки екипи се гледа квалитет. Некој кој може да те сопре. Митровиќ е млад и има предиспозиции, ама некако му фали талент. Не знае кај да шутне, не ми делува како некој што ќе развива многу, претпоставувам дека во Висла го увиделе тоа и затоа го пуштиле.

Сезонава беше добра. Се исполни се зацртаното. Пред 3 години, според некои податоци на УЈП мислам беа, буџетот ни беше 1.2 милион евра. Работник тогаш имаше нешто ситно поголем од нас според истите информации. Сега они викаат дека имаат 2 милиони. Така што најверојатно нешто ситно ние сме под нив годинава, другата вљада над нив.

Јас со Монпеље бев оптимист пред да дознам дека двајцата најдобри играчи нема да ни играат. Мислев дека атмосферата беше добра, кај нив не беше нешто нај нај, и верував дека е добар момент да изненадиме. Ама се случи што се случи.

Следната сезона треба да сме нешто подобри, ама дека ќе можеме да се натпреваруваме со звучни имиња, неверувам. Не се засилувањата на некое ниво. Океј, тоа ни е нас нивото сега. Секој случај, многу играчи менуваме секоја година, по цели постави. Тоа не е добро. Неверувам дека е ова е крај на засилувањата, зошто мислам дека за месец има да избркаме доста играчи, во прав Михо стил, па август таму ќе се носат уште.
 
Back
На врв Bottom