Вчера на неколку саата пред натпреварот сите викаат океј е топ сезона успешна сезона двојна круна вака така, сега после еден натпревар кај што сме изгубиле од екипа што е составена буквално од топ играчи репрезентативци на Шпанија и Франција одлично вклопена и градена неколку сезони, натпревар кај што играме без убедливо најдобрите 2ца играчи од кои едниот е можеби и најдобар во одбрана, каде што Тузо добива преглуп црвен картон, каде што го губиме сред натпревар Педро најдобар наш играч до моментот на повредата и очаен Боно и очаен Митровиќ 40-45 минути одеднаш ништо не чини, на среќа титула сме добиле, на среќа куп сме освоиле, се било само атмосфера и хемија, Малус сам не влечел и какви се не експертизи... Сајбер па уште се тресе дали Тиквеш и Бутел ќе сме ги тепале, бод како ќе сме земеле за титулата

Полека бе луѓе, преку ноќ пораснаа апетитите да освојуваме Лига Европа, да го добиваме Монпеље у гости и слично...Читам коментари на ФБ ретардирани ликови па бараат парите за картите од реваншот да им се врателе? Јас да сум би им ги вратил одма и плус пари би им дал само да не се појават веќе во сала никогаш. Пред почеток на сезона ако добро се сеќавам сите тука викавме дека успех ќе биде да пројдеме групна фаза во ЛЕ, а сега не сме задоволни со топ 8 и со дупла круна освоена на 5 кола пред да заврши сезоната...
Моите критики се сфаќаат на тотално погрешен начин.
Не се насочени толку кон тимот, колку кон ЛОШАТА СЛИКА КОЈА ФАНОВИТЕ ЈА ИМААТ КОН КЛУБОТ, а истата ќе донесе раскол кога ќе стигнат двоцифрените порази од објективно (засега) класи подобрите тимови од нас во ЛШ.
Јас контрирам на повеќето за:
1. Чупиќ до вчера се ставаше на ниво дека е магионичар.
Кажав дека никаков заклучок не може да се донесе од сезонава. Направи добра атмосфера, ги исполни целите, но како што кажав имаше и доста сплет на околности кои ни одговараа (како што вчера не ни одговараа) и во поголем дел од натпреварите со противници од сличен ранг, воопшто не импресиониравме. Тепавме на индивидуални акции и добар ден на Валах
2. Луѓето мислат дека сме класи над другите во лигава
Не сме. Тука некаде се повеќето екипи, ние се снајдовме најдобро и имавме 2 победи на гости кои го решија шампионот.
3. Луѓето сметаат дека сме изиграле топ во Европа, а пример се потсмеваат со овогодинешните резултати на Пелистер
Разликата во противниците беше небо земја. Баш годинава они имаа солидна европска сезона. Резултатите ни беа дибри, но играта само кај Сесвете на гости беше задоволителна. Се погоди Мелсунген да ни игра со трет тим, инаку тешко дека ќе дојдевме до четврт финале воопшто. Многу слабости покажавме во сите наптревари со противници од наш ранг.
4. Да играле Хориха и Малус, ќе сме ги убиеле Монпелје
Нема грешка. Ко што ги убивме Охрид во финале на куп, со индвидуални акции и 100 одбрани на Валах.
Ќе имавме поголеми шанси, со нашата атмосфера овде за реваншот, можевме и 4-5 разлика да стигнеме, ама дека ќе сме ги убиеле, мало морген. И со комплетен состав ќе беа фаворити. Вчерашното прво полувреме заврши 2 разлика, дека они беа прелабави. Кога се стегнаа, можеа 20 разлика да не тепаат.
5. Курчење по објавата на неколку нови засилувања.
Ова највеќе ме нервира. Многу пати кажав. Лесно е кога годинава не игравме ЛШ, па кога немаш порази, не може да имаш лоша атмосфера во тимот што ќе те измести од колосек во првенството. Ќе правиме муабет кога нема да може да си дозволиме да ставиме некоја резерва во ЛШ (затоа што 20 разлика ќе изгубиме ако ги одмораме најдобрите), па со иста постава ќе треба да играме цела сезона. Поголема шанса за повреди, критики од публиката за поразите која сигурно ќе растури атмосфера, недоволно одморени за дерби итн.
Може да се курчиме ако засилувањата кои ги донесовме ќе беа планирани резерви за класа појаки бекови од нив кои ќе беа стартери.
Вака не.
Муабетот е да се намали со курч и очекувања. Да, ќе имаме интересен состав кој треба постепено да расте. Да, Чупиќ имаше добра сезона и фер е да му се даде шанса за да прерасне во добар тренер. Да, клубот догодина ќе има и тешки порази во ЛШ и може ќе изгуби титула. Се' ќе биде оправдано ако постепено растеме и се откачиме од некои играчи и ги замениме со подобри. Засега не ми личи така, ниту се развиваме на поле на македонски играчи, ниту бековските позиции се добри покриени пред настапите во ЛШ догодина.