Предизвик: Докажи дека си од иднината (2026 -> 2006)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу лесно, би му покажал кој сум јас од 2006
Не веруваш, повели земи крв од двајцата и испитај

Или таа личност што била 20 години претходно магично исчезнува?
 
Чудно што 99 посто ја утнавте темата и кажувате што ќе се случи наместо како ќе ги убедите моментално дека сте од иднината, ко у онаа по 2000та емисијата :D
Би им покажал лична карта или извод од матично, ако не проценат дека сум 20 години постар, супер, значи газам :roker:
 
Чудно што 99 посто ја утнавте темата и кажувате што ќе се случи наместо како ќе ги убедите моментално дека сте од иднината, ко у онаа по 2000та емисијата :D
Би им покажал лична карта или извод од матично, ако не проценат дека сум 20 години постар, супер, значи газам :roker:
Е ти сега ја погоди темата.

Не смее со предмет да се докаже.
 
Е ти сега ја погоди темата.

Не смее со предмет да се докаже.
Физички предмети од иднината, оригиналниот извод од матично ми е постар од 2006та, технички ми проаѓа условов. Еве слики од мене од 2006та ќе му покажам, ќе биде чудно како сум остарел 20 години преку ноќ. Овие работи веќе ќе ги имам кај што сум ги имал тогаш, т.е. не мора ништо од иднината да носам.
 
Знам дека е оф топик, но која е поентата да докажувам?
 
Да, ама како со ова би ги убедил дека доаѓаш баш од 2026та? :D Може да си од 2007ма на пример.

Вака од прва, тешко дека со нешто би успеал веднаш, освен вака да им предвидуваш работи што ќе се случуваат следните 20 години по ред, па да одите чекор по чекор.
Па не е условот да мора да докажеш дека доаѓаш баш од 26та. Со самото тоа што ќе ја предвидиш иднината еднаш нема зошто да не ти веруваат дека си баш од 2026та. Невозможно е да докажеш дека си точно од било која година во иднината.
 
Нема да убедувам никого дека сум од 2026... Само ќе појдам кај оние кои ги сакам, а не се веќе меѓу нас, и одоколу ќе се обидам да им кажам на што да внимаваат во иднина, без да се издавам себеси.
 
У вези темава може веднаш да ги убеди само некој што е вакциниран со ставање прибор за јадење и нивно лепење на дел од телото што е компромитирано и се понаша ко магнетно поле..И во меѓувреме да се колне до седмо колено дека никад у живот не бил магионичар ни преварант него само наивен..
 
Back
На врв Bottom