Предизвик: Докажи дека си од иднината (2026 -> 2006)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.594
Поени од реакции
35.832
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Замисли дека нешто необјасниво се случува и во еден момент се враќаш во 2006 година. Немаш телефон, немаш интернет, немаш никаква модерна технологија со себе - само знаењето во твојата глава.

Седиш со луѓе од 2006 и им викаш: „Јас сум од 2026“. Нормално, никој не ти верува.

Како би го докажале тоа? Кои настани од 2006-2026 би ги искористиле како „доказ“? Како би избегнале да ве сметаат за или луди?

Правила:

- Не смееш да користиш физички предмети од иднината.

- Смееш да користиш само информации, предвидувања и знаење.

- Не е доволно да кажеш „ќе се случи X“ - треба да објасниш како ќе ги убедиш дека не измислуваш.

-Треба да смислиш начин да ги убедиш веднаш (без да чекаш години), со што автоматски отпаѓа "во 2020 ќе има голема пандемија".
 
Замисли дека нешто необјасниво се случува и во еден момент се враќаш во 2006 година. Немаш телефон, немаш интернет, немаш никаква модерна технологија со себе - само знаењето во твојата глава.
Dude, имавме и телефони и интернет во 2006 година :D

Да размислам за ова... Еден ден Трамп ќе биде претседател на САД дефинитивно отпаѓа. Би им кажал кој ќе освои ЛШ и со кој резултат, но за тоа ќе морам да отворам тогашен интернет или на ТВ да се потсетам која сезона е. Неколку спортски резултати би завршиле работа. Во кладилница би ги оправал овие муабети додека се кладам :pos:
 
Ќе седнам у кладилница, ќе нарачам едно бакијато, и на напатените кладилничари што не можат да ги убодат Болтон и Виган само ќе им речам. Бабани, Лестер Сити шампион 2016та.
 
Dude, имавме и телефони и интернет во 2006 година :D
Му кажуваш на човекот кој во 2005-та го напраи форумов? :D

Имаше, али правилата се да докажеш без користење на технологија (интернет), туку само сеќавања од 20-те години кои поминале
 
Ќе им кажам дека Грујо и Мијалков 10 години ќе не владеат, и лавови од 3 миљони евра ќе леат!

Нема шанса да не ми поверуваат :rolleyes:
 
Ke mu kazam deka imam antitela od kovid.
Ke prasat so e to.
Ke vidite za 15 godini :sneaky:
 
Италија ќе освои светско, ќе ја тепа Германија у полуфинале, у финале Франција, Ѕидан ќе даде гол од пенал у финалето и ќе попие црвен пошо со глава ќе го акне Матераци.

Се гледаме у кладилница па со парите идам да купам Биткоин.
 
Ќе се регистрирам тука на форумов по јузерот на Небо666 или како и да се викаше оној од иднината.
 
Ќе ги запознаам сите со повеќе докази, факти дека земјата е рамна без сателити, телефони и останата модерна технологија. А за темата „Рамна Земја" нарочно после 2015-та на големо ќе се расправа на интернет.
 
Све тоа убаво ама вие кога ќе им кажете за ковид или АИ пак они треба да живеат 15год за да вие ја докажете поентата.

Муабетот е во моментот да докажете дека сте од иднината. А освен спортски резултати што би се случиле во тој момент не гледам друг начин.
 
Ne treba, ke im dadam krv, neka analizirat.
 
Све тоа убаво ама вие кога ќе им кажете за ковид или АИ пак они треба да живеат 15год за да вие ја докажете поентата.

Муабетот е во моментот да докажете дека сте од иднината. А освен спортски резултати што би се случиле во тој момент не гледам друг начин.
Викаш? :zloo:
 
Ќе ги запознаам сите со повеќе докази, факти дека земјата е рамна без сателити, телефони и останата модерна технологија. А за темата „Рамна Земја" нарочно после 2015-та на големо ќе се расправа на интернет.
Ако и нив ги запознаваш со доказите со кои не запознаваш нас-мемиња, ич не се враќај.
 
Back
На врв Bottom