Натпреваров беше мизерија, не само Челзи туку и Јунајтед.
Една шанса имаа дури бевме без стопер, гол и толку беше.
Милион проблеми има Челзи.
Прво ајде, тренерот.
Веќе кога имаш главен и единствен стопер надвор и 10 играчи на терен, дај некои инструкции на тимот за како да се бранат.
Кога веќе немаме тренер, во таа ситуација голманот треба да ги распореди, нашиот дреме.
Кога веќе сме со голман што дреме, треба капитенот да ги распореди и координира, нашиот нем, "leads by example, not words".
Распад систем како Македонија моментално, од секаде тече, ништо не се знае, ни кој јаде, ни кој пие, ништо.
Oд цел тим, позитивна отценка имаат само Хато и Ензо.
Санчез и Каиседо неутрално, можеби Каиседо и накај негативно затоа што беше капитен а не направи ништо.
Се друго негативно, наредна прилика да се продаваат Фофана, Густо, Делап, Нето, Гарначо и Чалоба од овој натпревар, а општо и Тосин, Есуго, Гитенс и Гуи/Гиу.
При крај сум и да кажам дека и Палмер и Кукурела се блиску до продавање.
Тотенхам секако отпаѓаат, нека запнат за Ван Де Вен и Бергвал, додај го тука и Ван Хеке од Брајтон и имаме одбрана. Земи било кој голман од долниот дел од табелата и ќе имаме покорисен голман од нашиве месечари.
Друга опција за нападот е и Симонс, знам дека многу хејт јаде ама има фудбал во него, разбирам дека кој и да е ќе потпадне психички ако потпише за Тотенехам (да се нашалиме малце). Братов буквално со грчеви во двете нозе играше, нашиов стаклен Биг Вес излезе задишан за да примаме гол.
Многу сум блиску и да кажам да го остават ЏАКСОН, 100 пати подобар фудбалер од телето Делап.
Да сум јас на продажба би одел како на пазар, жива мера, ајде, Граначо, 40 го купивме, дај 30 да не е без ич, ај терај, Нето 60 го купивме, дај 50, не, дај 45 и терај, Густо, дај шта даш...
ЕДИТ:
БАДИЈАШИЛ ГО ЗАБОРАВИВ ЗА ПРОДАВАЊЕ ЕЈЈЈЈЈ
Па и кој би го купил, него ни комшиите не би го викнале да ја чува куќата дури прават свадба, некој ќе го купи да игра обрамбен, абе остај
Што би сакал наредната сезона да средат, и ова освен Ван Де Вен, Бергвал и Ван Хеке што се желби и донекаде шпекулации, другото е лесно изводливо и со поголеми шпекулации, прв и втор состав.

Од 7 играчи, 3 треба да купат, 4 треба само да вратат од позајмица од СтразбурГ.