Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга кајгана,

Имам сериозно признание. Обожавам марула. Скроз ми е љубов, посебно во пролет. Ама...мојата љубов доаѓа со сериозен багаж. Actually, мојот однос со зелената салата е покомплициран од најкомплицираната шпанска серија. За јас да го консумирам овој зелен листест зеленчук, истиот мора да биде дезинфициран според мои стандарди.

Прво миење лист по лист, под млаз вода. Па после тоа ги ставам сите листови во сад со вода и сода бикарбона да отстојат. И после финално ги плакнам пак лист по лист. Дури откако ќе помине оваа тортура, јас можам да јадам со мирна душа.

И секако дека тука имам сериозен предизвик. Да јадам зелена салата припремана од други луѓе, во ресторани, кафани and so on.
Кога ќе излезам во кафана или некој фенси ресторан и ќе видам преубава салата во менито, во мене се води војна. Едниот глас ми вели нарачај си салата, другиот глас ме тера да размислувам дали готвачот детално го поминал процесот на чистење на истата, или само ја плакнел на брзина.

И така, додека сите уживаат во своите порции, јас ја анализирам секоја витка на листот со скептичност на детектив од ЦИА. Кажи драга дека не сум луда и дека има и други кои што го живеат овој зелен кошмар. :D
 
Ми текна една вистинска случка околу ждерење!
Во Русија не викаат на чај и поставуваат бутерброди со икра(кавијар).
Домаќинката вика: јадете побрзо, да изедеме додека не се вратиле децата!
Јас цел у прашалници :), она ме гледа и вика: они имаат цел живот пред себе, ќе јадат кавијар и што сакаат, а на нас ни останува ова задоволство, кој знае уште колку пати ќе имаме ваква можност :)
 
Драга Кајгана,

Повторно сум во Истамбул и повторно можам да излезам 2 од трите дена во кои бродот е тука. Времето е најладно од сите мои досегашни посети, ама топло ми е на душата. Секоја моја посета откривам по нешто ново.

На Истиклал, главната улица за шопинг од Таксим до Галата Кула открив дека над Декатлон има цел трговски центар голем ко Капитол мол у Аеродром. Блиску до МекДоналдс има куглана што уствари е цел комплекс, најбитно ги имаат сите џанкфудови и скоро и да нема ред за чекање и на раат си порачав чурос за 90 лири (105 денари). Во adidas имаа попуст, на потрошени над 10.000 лири добиваш 2.000 попуст ама јаден јас, веќе купив патики во Пиреја... па си купив само дукс ClimaWARM. Имаше и дрес од Мексико од 1986та ама не сум уште скроз асимилиран :) Имаше и предобар дукс Мексико 2026та ама го продаваат за 12.000 лири (14.000 денари). Ако го начекам кога ќе идам во Мексико ќе си го купам, ваљда ќе го начекам на попуст бидејќи идам после првенството :)
Патем... во KicksUP на пристаништето видов џорданки какви што купив во Сан Хуан за 474 долари, овде беа само 274, ама си викам ај Тончи не прашувај дали имаат твој број, не ставај сол на рана...

Од културни активности, на враќање од Таксим накај пристаниште (секој пат се враќам по некоја нова улица по која не сум одел претходно) се спуштив по улица на која начекав секс шоп а 200 метри подоле имаше арт-бар и во него едне куп млади луѓе у стилот артои-чоече...

Ми останува уште само да идам во Истамбул кога е топло да видам колку се разголуваат турчинките и туристките додека се шетаат по градот убав.
 
Да, вистина е. Кога ми идат на нерви децава дека нешто нејќат да јадат, им го пуштам инстаграмот на Ирина Колбасенко за тоа како една фамилија треба да седи на маса и да јаде. Свежи очи од крава да им стави на маса ќе изедат и ќе прашаат дали има уште.
 
Кајг,
ја замислив избричената мачка што девојчето ја избричал да го изненади таткото што шпионирајќи ги своите родители го слушнала разговорот на таткото кон мајката ,,да обрије сутра мачку,, :pos: ВИ и све е можно!
 
Мрзам неблагодарни луѓе, односно ме боли. Порано многу повеќе бев таква шо очекував другите да се ко мене. Поготово за коа треба да се напраи нешо исправно. И не се. И го сфаќам тоа. Ама многу е себичен народов. Лично сум била зафркната и откачена 100 пати откако не им требам. Последната ситуација која ми се случи ме навреди многу. Ме боли како други луѓе не размислуваат за трети, односно у случајот требаше другарка за мене.
Ја викав со мое друштво за искачање, се фати со еден шо ги запознав, и од тогаш жива ја нема. Еднаш за кафе не пишала сами да се видиме, камоли со друштвото. Они си искачаат јас не постојам. Пеки. Нема да плачам, голема сум, само не е убаво и е злобно.
Бифшиот исто ме остаи коа не му требав више коа беше боље.
Другарка ме има остаено надвор за да иде со бифшиот дечко да ја части пијачка..

Е сеа, признавам дека доаѓа ден секогаш кога тркалото се врти. Тогаш извинете на директност, 2% не ебам никој.
Ја давам ама знам и да уништам и да бидам ѓубре невидено. Сакам да се иселам шо побрзо.
 
Модерниот македонски маж

1776586313643.png

имаше една тема демографската катастрофа во Македонија (само не можам да ја најдам), кај што се фрлаа дрва и камења по ливадарки, е ова е другата страна на паричката
 
ДК,

Покрај кеј е змијарник, во петокот видов змија како ми помина покрај патеката, каде има трева до пупак, и додека ја гледав таа, за малку ќе згазев друга која беше оптегната на велосипедската патека.

Сега два дена читам само за змии, не знам дали бев блиску до збогум свету или не! Океј, не е прв пат да видам змија по таа рута. Меѓутоа импресиониран сум од она што го прочитав- “слабо отровна змија“ проследено со: “познати се само неколку случаи на каснување и затоа не претставува никаква опасност за луѓето“! Логиката ја сфаќам, ама ова не ми е утеха, во случај нели...сеуште да постојат неколку познати случаи на каснување...а јас...

Мора поумешно да се формулираат ваквите реченици, во однос на степенот и интензитетот на отровот, дали може или не може да усмрти човек. Сега, едната змија беше големка, повеќе од 1,5 м, другата беше околу еден метар. Беа темни, исти, толку можам да ги опишам.

И тие се дел од природата, се движиме во нивната менза, има многу гуштерчиња, плус времето е се потопло и потопло, меѓутоа треба зелените јавни површини, каде има поголема фрекфенција на луѓе, да бидат искосени. За таа услуга секој од нас, како домаќинство, си плаќа.

Лично сум многу несмасен, не перцепирам многу додека се движам затоа што ја знам патеката, генерално пишувам на телефон. Да не шушнеше, односно да не избегаше, можеби и двете ќе ги згазнев! Така, бидете повнимателни ако трчате или пешачите покрај кеј!
 
Има денови кај што се будам и имам некоја потреба да уништам нешто. У тие моменти ми се врти у глава сценава од фајкла

destroying-something.gif
 
Девојки, панталони ѕвонарки, плик ташна и кошула НЕ ОДАТ со патики со ѓон 20ка ко New Balancov:
IMG_9874.jpeg

Огромно НЕ. Со овие можете на трчање само.
Автоматски споено мислење:

Девојки, панталони ѕвонарки, плик ташна и кошула НЕ ОДАТ со патики со ѓон 20ка ко New Balancov:
IMG_9874.jpeg

Огромно НЕ. Со овие можете на трчање само.
 
Back
На врв Bottom