Фан клуб - РК Вардар

Јас би почекал некое време пред да го судам тренерските квалитети на Чупиќ. Се поклопија некои коцки годинава, не служеше среќата со повредите (кога бевме ослабени без неколку играчи, лесно не смачкаа во Битола), противниците ни доаѓаа со повредени најдобри играчи, во лоши моменти за нив (веднаш по европски натпревари) итн. Иако во Битола тепавме лесно во второ полувреме, прво полувреме бевме многу слаби и да не беше Валах, лесно можеа да се одлепат и да ја решат утакмицата. Во Автокоманда се мачевме два пати, со Охрид дома исто. Имавме две лоши утакмици со Кристијанштад и Бенфика, а победите со Мелсунген беа против нивниот втор состав.

Тоа што е за пофалба е дека има ред и дисциплина во екипата. Сите се како едно, има прекрасна хемија. Фалат навивачите за да биде се' комплетно, ама РК е колатерална штета на ситуацијата во групата. Тоа можеби ќе се промени за брзо и тимот ќе го добие најголемото засилување за сезонава :D
Титулата ја решивме рано и има можност за да дојдеме до Ф4, што би било огромен успех со оглед на противникот.
Се погоди бразилецот на крајот, ни покри многу позиции и иако бев скептик, се покажа како клучно засилување.
Ми се допаѓа скромноста на Чупиќ. Нема врескања по судии, тензии, провокации. Нема опуштање и на добиен меч. Ме радува како Гоце им свика кога не се поставија да фатат одбиена топка при пеналот што го фати Гогов, иако водевме 7-8 разлика на неколку минути до крај. Танкосен дава гол, намига ко Злате Мојсоски, не се враќа назад и примаме лесен гол од брз центар. Чупиќ одма го искара.
Има простор за напредок, многу играчи се вишок и немаат квалитет за во Европа. Мене малку ми е криво што си оди Боно, мислам дека има ракомет во него. Нека го земат Јасухира за трета опција на среден бек :D
Гогов имаше одлична партија. Убаво е да остане, а да си оди Еспина. Да може да си го вратиме Маки и да комплетираме тројка со Валах и Гогов.

За денес очекував лесна победа.
Алкалоид без Марко Митев, Ѓорѓиев и Серафимов е 5 класи послаба екипа. Се знаеше дека по повредата на Митев, нема што да бараат.
 
Не стигнавме да искоментираме. Мислам дека одлично пазариме засега. Фадуил е профил што со Јака ќе прави топ дуо на среден бек. Дете на Нант, со одлично движење и промена на правец, одлична асистенција и скандинавски репертоар на удари. Да видиме уште што ќе испазариме. Мислам дека уште еден добар лево со Љевар , и по можност уште еден пикер, би било топ.
 
Да си го вратиме самба назад :)
 
+ среден бек кој може да го "отклучи" Мечка во напад.
 
Тешко тоа. Најпрецизен пикер им е на Монпеље. Да беше резервна варијанта можда и ќе можеше , вака не верувам.
Знам чисто онака,ептен ми е симпатичен...
 
tradicijata e prodolzena.... ajde sega i so ohrid da si poigrame pa da si go merime so francuzite. da vidime do kaj sme i kolku jaka banda imame
Јас мислам дека ќе ги скинеме
И дека со титула од Хамбург ќе се вратиме
Таква енергија осеќам со екипава, штета што групата се соочува со одредени проблеми..
Од старт на сезона кажувам дека екипава има потенцијал и дека мора подршка да добијат

Иначе најсериозно, ако ги поминеме Монпеље и влеземе на Ф4 мора да ја направиме големата и инвазија да има во Хамбург.
 
Многу лесно го добивме Алкалоид (веројатно дека играа без клучните играчи нивни). Мене ми е страв само да не ја дадеме денешната со Охрид. :toe:
 
Back
На врв Bottom