Како изгледа ментална ретардација во Македонска верзија со фенси зборови:
Follow
10 ч. ·
ПРВО ПА ЖЕНСКО #14: МАЈЧИНСТВУВАЊЕ
„Историски гледано, мајките на кои им е доделен авторитетот на Мајчинството отсекогаш биле оние што ги соборувале угнетувачките режими, но и оние што ги граделе. Од една страна, феминистките кои го застапуваат мајчинството, матерналистичките активистки и фемонационалистките - мајките на нацијата, отсекогаш им служеле на системските зла, какви што се белата надмоќ, империјалистичките и доселеничко-колонијалистички проекти за расна надмоќ и евгеника. Од друга страна, пак, мајките-пролетерки и домаќинките, обесправените мајки, вторите мајки и квир-мајките отсекогаш претставувале клучна закана за капитализмот и државата.“ (1)
Во милитаризираниот, хетеропатријархалниот ужас што го живееме, предизвиците со кои се соочуваме како движења за класна, расна, родова, општествена, еколошка правда, како движења против насилството, движења за антиимперијалистичкото и квир-ослободување, се истите предизвици со кои се соочуваат мајките-пролетерки и домаќинките, обесправените мајки, вторите мајки и квир-мајките, секој ден.
Отфрлајќи ја идејата за мајчинството како идеологија на сопственост и контраослободувачка приватизација на репродуктивниот труд (2), овие мајки мајчинствуваат - го активираат потенцијалот на трудот на грижата за ослободувачко градење небиолошко сродство со другиот. Тие создаваат дарежливи простори за одржување на животот, наспроти ужасите што го загрозуваат. Свесни дека живеат за повеќе од самите себе, тие изнаоѓаат нови начини за преживување - ја укинуваат актуелната состојба на нештата и во свет што се распаѓа успеваат да изградат поинакви светови во кои визиите за иднината се охрабрувачки.
Инспирирано од интерпретацијата на неологизмот momrades (3) на Софи Луис - противничка на нуклеарното семејство како нулта точка на капитализмот, антирасистка и квир-комунистка, како искрен дијалог помеѓу тоа да си биде трудбеничка на мајчинската грижа без условот да се биде мајка и/или жена (a motherer) и тоа да се биде една од многуте на истата страна на битката (comradelines), ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 го слави мајчинствувањето како колективен, радикално солидарен труд на грижа за спас на животот, во услови на општествен, политички и еколошки колапс.
Интердисциплинарната фестивалска програма, која почнува во мај и ќе трае до крајот на годината, ги става во фокус интерпретациите на мајката како глагол наспроти мајката како институција - грижата, отпорот, одржливоста, и солидарната борба наспроти насилството и фемицидот, експлоатацијата на женските тела и емотивната експлоатација, неплатениот домашен труд, негрижата за репродуктивното и менталното здравје на мајките.
ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 годинава е тука да нѐ потсети дека борбата со насилството, мизогинијата и сексизмот, но и со капитализмот и расизмот е, всушност, вкоренета во најпримитивната човечка врска - создавањето две од телото на една, дека „ние сме создавач(к)и едни на други и би можеле да научиме како да се однесуваме така“. (4)
Следете нѐ за детални информации за пролетната програма на
#ППЖ14!
Дизајн на постер: Вања Штркова
ПРВО ПА ЖЕНСКО #14: МАЈЧИНСТВУВАЊЕ „Историски гледано, мајките на кои им е доделен авторитетот на Мајчинството отсекогаш биле оние што ги соборувале угнетувачките режими, но и оние што ги граделе....
www.facebook.com
Морам некој ден да одам на овие бесплатни стенд ап настапи.