Криза во Венецуела

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе ова.... експертите овде не убедуваа дека 20 години не ќе можеле Венецуела да го зголемат производството.
A ti si mislese deka za demokratijata i radi drogata bese intervencijata ?
 
Доволно е да се отвори твитот и да се прочита што пишува.

It's just Chevron talking about "possibly" increase the import by 50%

Шеврон произведува 200-250 илјади барели. Со инвестиции се предвидува да се доведе до 300-375 илјади барели.Во рок од 18-24 месеци. Значи 50% зголемување на нивниот дел а не на цела држава. Ова за неписмените кои веројатно не ни прочитале што пишува во статијата.

Сеуште милион произведуваат. И наместо во Кина сега се процесира во САД. Поради тоа е и скокот увозот на кој се палат едноклеточни амеби. Пренасочување од Кина кон Сад. Практично Кина стопирале купување.
Е сега најитересното е тука. Ќе ти изнаставаме санкции. Ќе ти предизвикаме криза. Ќе ти се измочаме на суверинитетот. Ќе ти ги ограбиме ресурсите. И ќе го продадеме тоа како борба за демократија.
Барем лоповлукот сега е појасен. Ако извезуваш за Кина санкции ќе јадеш, а може и војна да ти изведеме.

И ова нормален човек треба да го подржува? Извинете дечки ама вие треба на лечење да се носите.

И немора да не читате нас. Еве ви официјални лица што ви велат.

U.S. Energy Secretary Chris Wright visited Caracas in February to formalize a long-term energy partnership, followed this month by Interior Secretary Doug Burgum, who oversaw Shell’s entry into new Venezuelan projects — but analysts warn that crumbling infrastructure limits growth beyond 1.3 million bpd without massive investment.

Venezuela pumped an average of 1.021 million barrels per day in February, a 10.5% jump from January’s 924,000 bpd and the largest month-over-month increase among all OPEC members, according to the cartel’s latest report.

Пикот беше 3 милиони барели во 2000та,историскиот највисок број е во 1973 нешто на 3 милиони.
Таков пик повторно се очекува во 2035. При масовни инвестиции.

In a significant growth scenario featuring the aforementioned conditions and substantially larger capital commitments by industry partners, Venezuelan oil production could approach 3 million barrels per day by 2035, supported by new upgrader facilities and greenfield projects coming online.

Сва среќа има морони на форумов што мислат поинаку. И во некој фиктивен свет мислам дека 3милиони утре ќе ги рампнат. А не како што се проценките за 10 години.
Какви едноклеточни амеби.
:pos:
 
Како бе ова.... експертите овде не убедуваа дека 20 години не ќе можеле Венецуела да го зголемат производството.

Има доста глупости пишувано на темава, само неколку пати е соседна Гвајана спомната, што е клучот за Венецуела во ситуацијава.

Мислам дека околу 750 kbpd моментално има Венецуела, од кои 250kbpd се на Шеврон, останатото е се на инфраструктура од тоа што Хуго Чавез национализираше на Ексон М. Пуштив тука интересен текст за Венецуела за едно чудо објавен во Нова Македонија. Нешто што ми кажаа е дека за едно отворено работно место во Шеврон, Венецуела, бројот на апликанти се движел помеѓу 16000-60000. На крај хунтата одлучува да филтрира кој може а не да аплицира или нешто така, и на крај луѓе на хунтата се тие кои завршуваат во американска компанија, затоа што платите и условите за работа кои јенките ги даваат се неспоредливо подобри од било кој во индустријата.

Гвајана моментално е на околу 1 мил kbpd се тоа офшор, не знам кој се сеќава, но Ирак изврши инвазија врз Кувајт поради т.н хоризонтално дупчење, постигнуваш длабина на басен и потоа се врти дијагонално во суштина, епа истото се спореше за блоковите помеѓу Венецуела и Гвајана досега, со тоа што се оспоруваа и одредени блокови како да се во меѓународни води а не територијални на Гвајана итн, целта беше да се стопира процесот. И делумно успеа. Меѓутоа не можеш да спречиш народот да гледа дека Гвајана со далеку помали резерви на фосилни горива и непостоечка индустрија за да истите ги експлоатира, за неколку години доживува буквално ренесанса, а има народ кој памети каква била оваа индустрија кога јенките ја раководеле во Венецуела, и истите гледаат дека цел процес се води паразитски, се експлоатира до смрт опремата останата и толку. Тука настанува тој момент на пресврт.

Николас Мадуро кога е заробен, првиот прстен на обезбедување му се сите кубанци, ниту еден венецуелец, значи веќе немал никакво тло под нозете. Мислам се работи за многу приказни, типот бил ставен веќе во целофан, јенките само му врзуваат панделка. Така да филмовите за државен удар и слично како по обичај не се ништо друго освен бабини деветини.

Веќе има воспоставено сериозен логистички синџир до соседна Гвајана, што е скоро еднакво на Венецуела, а тој логистички синџир према ресурсите поставени веќе таму мислам дека не ќе да е само за една земја во случајов. Фактички во исто време може да се развива експлоатацијата и оншор/офшор а логистиката е веќе присутна. Друга предност е што опремата е американска, значи Шеврон и тоа што е национализирано од Ексон М и имаат веќе венецуелци кои се обучени за истата а кои може да послужат за јадро на тимовите, американските сервисни компании во нафтена индустрија можат тоа да го опслужат за страшно краток рок, и онака тие се производители на таа опрема а секаде во светот соработката е меѓу тие исти компании во најголем дел. Тука додатна предност е и близината до САД, Хјустон пред се, за разлика од Блиски Исток на пример. Мислам дека Венецуела можеше до сега да биде најмоќната земја во Јужна Америка, еве имаа прилика да ги искусат двете верзии на вистината, нафтата некој ќе ја добива, прашање е што ти ќе добиеш за возврат.
 
Има неколку работи што ги поставуваш како факти, а реално се или неточни или пренагласени.

Прво, Венецуела не е на 750 туку околу 1 милион bpd. Chevron учествува со 200–250k, што значи дека не е „половина индустрија“ како што имплицираш, туку 20–25%.

Второ, споредбата со Guyana ти е точна во суштина, ама погрешно ја користиш. Гвајана не е доказ дека Венецуела може брзо да се врати, туку обратно – доказ колку е нефункционален системот во Венецуела. Таму ExxonMobil гради од нула со модерна offshore инфраструктура. Во Венецуела зборуваме за heavy oil, распаднати upgrader-и и 20+ години запоставена onshore мрежа. Тоа не се исти услови.

Трето, приказната со „хоризонтално дупчење како Кувајт“ е надвор од контекст. Спорот меѓу Венецуела и Гвајана е територијален (Essequibo и офшор блокови), не техничка кражба на нафта. И најбитно не го запре развојот на Гвајана.

Четврто, логистиката што ја спомнуваш во Гвајана е offshore supply chain. Тоа не можеш само да го „префрлиш“ во Ориноко појас и да решиш проблем со тешка нафта и нефункционални рафинерии. Пљукни залепи од ББС сценариаја.

И на крај да, кадар има и опрема има, ама тоа никогаш не било главниот проблем. Проблемот е системот и инвестициите. Затоа и покрај најголеми резерви во свет, државата стагнира на 1 милион bpd.

Поентата е едноставна: Гвајана покажува што прави капитал и стабилен модел. Венецуела покажува што се случува кога тоа ти е негирано од Сад.

Класика не смеете со Кина туку само со нас. Смешно е само оправдувањето и продавањето магла. Мислам у реду је. Знаеме дека семпра фи во газот ви се скри ви е филмот. Ама ипак усул нека се има.
 
Венезуела произведува од 750000-1,1мил kbpd дневно, земена е најконзистентна бројка, меѓутоа тешко оди на заслепено човече кое прочитало три-четири реда нешто, некаде да му објаснуваш за експолоатација на нафта, кога најблиску до нафтено поле дошол на гугл мапс или евентуално ју тјуб.

Бројката не е колку дневно можеш да подигнеш, туку колку дневно можеш да испратиш, значи и да имаш повисоко или пониско подигнување што често варира, битно е колку можеш конзистентно да испратиш вклучувајќи и тоа што се вика сркање од резервоарите. Ама за тоа ќе си поднаучиш на друго место.

Како влијае логистиката офшор и оншор?

На копно, логистиката е далеку поедноставна, експолатацијата е секогаш далеку поефтина, истите типови на пумпи се користат за експолатација и офшор и оншор во зависност од типот на круд кој се подига и длабина на бушотина.

Освен на типот на пумпа во зависност од каков е крудот, зависи и начинот на третирање на круд истиот да може да се праќа на мидстрим. Значи од аспект на хардвер е се исто, само хемикалиите се менуваат и ништо друго. Нацртано, исти пумпи, центрифуги, резервоари итн, само третман различен.

Baker Hughes е присутен во Гвајана, има полн спектар на услуги, воглавно истите екипи се користат и оншор и офшор, а за на копно можат да мобилизираат комплет тимови за нови бушотини и сервисирање на постојните истовремено. За процесирање на круд може да формираат процесни единици кои се мобилни, па на повеќе бунарски собирни станици да се врши третирање и да се испраќа на мидстрим, можат да направат од фрак танкови привремени колекторски станици додека се репарираат рафинериите, и оваа опрема е постоечка, само треба некој да ја мобилизира. Нема топла вода измислување.

Згора на сево ова, паралелно може да се поставуваат и нови платформи офшор и во Венецуела.

Вујко Сем има се, и сите копираат од нив во нафтена индустрија, треба само да сакаат ова да го изведат.
 
Класика не смеете со Кина туку само со нас. Смешно е само оправдувањето и продавањето магла. Мислам у реду је. Знаеме дека семпра фи во газот ви се скри ви е филмот. Ама ипак усул
Se si mislam ne te sfati bas so ti bese muabetot vaka po postovite :cautious:
 
Има неколку работи што ги поставуваш како факти, а реално се или неточни или пренагласени.

Прво, Венецуела не е на 750 туку околу 1 милион bpd. Chevron учествува со 200–250k, што значи дека не е „половина индустрија“ како што имплицираш, туку 20–25%.

Второ, споредбата со Guyana ти е точна во суштина, ама погрешно ја користиш. Гвајана не е доказ дека Венецуела може брзо да се врати, туку обратно – доказ колку е нефункционален системот во Венецуела. Таму ExxonMobil гради од нула со модерна offshore инфраструктура. Во Венецуела зборуваме за heavy oil, распаднати upgrader-и и 20+ години запоставена onshore мрежа. Тоа не се исти услови.

Трето, приказната со „хоризонтално дупчење како Кувајт“ е надвор од контекст. Спорот меѓу Венецуела и Гвајана е територијален (Essequibo и офшор блокови), не техничка кражба на нафта. И најбитно не го запре развојот на Гвајана.

Четврто, логистиката што ја спомнуваш во Гвајана е offshore supply chain. Тоа не можеш само да го „префрлиш“ во Ориноко појас и да решиш проблем со тешка нафта и нефункционални рафинерии. Пљукни залепи од ББС сценариаја.

И на крај да, кадар има и опрема има, ама тоа никогаш не било главниот проблем. Проблемот е системот и инвестициите. Затоа и покрај најголеми резерви во свет, државата стагнира на 1 милион bpd.

Поентата е едноставна: Гвајана покажува што прави капитал и стабилен модел. Венецуела покажува што се случува кога тоа ти е негирано од Сад.

Класика не смеете со Кина туку само со нас. Смешно е само оправдувањето и продавањето магла. Мислам у реду је. Знаеме дека семпра фи во газот ви се скри ви е филмот. Ама ипак усул нека се има.
Брат и ти бе со Чат Џпт?

Само последниот пасус е напишан од тебе, другото чорба. :D
 
Ама признај не е од тебе напишан постот. :D
Пишуван е од мене. Телеграм има алатката што се користи за малце поеснафско пишување. Веројатно си го пуштил на проверка текстот па затоа ти вика АИ е :D
 
Брат и ти бе со Чат Џпт?

Само последниот пасус е напишан од тебе, другото чорба. :D

Оди на темата за Иран каде ме има цитирано и реплицирано со AI, ни сам не разбира што пишуваше во тоа што го постира. Само таму му беше посредено затоа што веројатно пасус по пасус барал одговори, имаше различни контексти а ист пост и кој знае какви одговори му создаваше AI, па морал така. Убаво е секој да може да се почуствува паметен за промена.
 
џабе таа нафта кога не чини, може само да се користи ко моторно уље и нешто за бродови некој мазут.

Venezuelan oil is generally not ideal for directly making gasoline because it is extra-heavy and sour (high sulfur), resembling thick tar or asphalt rather than light oil. While it requires intense, complex, and costly refining to turn into gasoline, it is highly valued by specialized US Gulf Coast refineries for producing heavy products like asphalt, diesel, and fuel oil.
 
Има доста глупости пишувано на темава, само неколку пати е соседна Гвајана спомната, што е клучот за Венецуела во ситуацијава.

Мислам дека околу 750 kbpd моментално има Венецуела, од кои 250kbpd се на Шеврон, останатото е се на инфраструктура од тоа што Хуго Чавез национализираше на Ексон М. Пуштив тука интересен текст за Венецуела за едно чудо објавен во Нова Македонија. Нешто што ми кажаа е дека за едно отворено работно место во Шеврон, Венецуела, бројот на апликанти се движел помеѓу 16000-60000. На крај хунтата одлучува да филтрира кој може а не да аплицира или нешто така, и на крај луѓе на хунтата се тие кои завршуваат во американска компанија, затоа што платите и условите за работа кои јенките ги даваат се неспоредливо подобри од било кој во индустријата.

Гвајана моментално е на околу 1 мил kbpd се тоа офшор, не знам кој се сеќава, но Ирак изврши инвазија врз Кувајт поради т.н хоризонтално дупчење, постигнуваш длабина на басен и потоа се врти дијагонално во суштина, епа истото се спореше за блоковите помеѓу Венецуела и Гвајана досега, со тоа што се оспоруваа и одредени блокови како да се во меѓународни води а не територијални на Гвајана итн, целта беше да се стопира процесот. И делумно успеа. Меѓутоа не можеш да спречиш народот да гледа дека Гвајана со далеку помали резерви на фосилни горива и непостоечка индустрија за да истите ги експлоатира, за неколку години доживува буквално ренесанса, а има народ кој памети каква била оваа индустрија кога јенките ја раководеле во Венецуела, и истите гледаат дека цел процес се води паразитски, се експлоатира до смрт опремата останата и толку. Тука настанува тој момент на пресврт.

Николас Мадуро кога е заробен, првиот прстен на обезбедување му се сите кубанци, ниту еден венецуелец, значи веќе немал никакво тло под нозете. Мислам се работи за многу приказни, типот бил ставен веќе во целофан, јенките само му врзуваат панделка. Така да филмовите за државен удар и слично како по обичај не се ништо друго освен бабини деветини.

Веќе има воспоставено сериозен логистички синџир до соседна Гвајана, што е скоро еднакво на Венецуела, а тој логистички синџир према ресурсите поставени веќе таму мислам дека не ќе да е само за една земја во случајов. Фактички во исто време може да се развива експлоатацијата и оншор/офшор а логистиката е веќе присутна. Друга предност е што опремата е американска, значи Шеврон и тоа што е национализирано од Ексон М и имаат веќе венецуелци кои се обучени за истата а кои може да послужат за јадро на тимовите, американските сервисни компании во нафтена индустрија можат тоа да го опслужат за страшно краток рок, и онака тие се производители на таа опрема а секаде во светот соработката е меѓу тие исти компании во најголем дел. Тука додатна предност е и близината до САД, Хјустон пред се, за разлика од Блиски Исток на пример. Мислам дека Венецуела можеше до сега да биде најмоќната земја во Јужна Америка, еве имаа прилика да ги искусат двете верзии на вистината, нафтата некој ќе ја добива, прашање е што ти ќе добиеш за возврат.
Се што читаме се глупости. Виделе нешто, побарале некое сајтче и наеднаш експертчиња се тука.
Си вадат бројки од ракав, си пишуваат невозможни прогнози, без да се разгледа дури и основата со која располагаат државите.
Не знам на пример зошто Катарците не би произведувале 3 милиони барели дневно од сегашните 1 и нешто. Не размислиле луѓето дека може да го дуплираат производството.
Е сега зошто 3 милиони и самите не знаат, ама да пишеме нешто.
Ова само еден пример, во секоја тема е истото.
 
Ако додадеш на ова дека има ликови кои користат AI алатки за да изгледаат паметно на форумска дискусија :brlav:
 
Back
На врв Bottom