Можеби уште не сме го дигнале пехарот, но бидејќи е сигурно сакам уште сега на нешто да укажам.
Иван Чупиќ е веројатно првиот што на Вардар му донел титула и како играч и како тренер.
Не знам за друг таков пример, нека ме поправи некој ако има.
Човекот за мене е еден од четворицата најголеми вардарци покрај Дибиров, Столе и Кара.
Го даде победоносниот гол против ПСЖ, стави точка и против Веспрем, неговиот говор на полувреме против Барса ја спасил работата, му даде и на Пелистер последен гол за Купот во Автокоманда, даде неброени пенали, излишно е да набројувам веќе негови highlights како играч...
А сега и титула како тренер и тоа од тепка, иако е нов во работата.