Фан клуб - РК Вардар

Тој што следи ракомет, знае каков бек и каков квалитет е… Екстра засилување !!
За Кулеш нема збор, а Стојковиќ е одличен само што е луда глава . Египјанецов нема некоја добра статистика но нашите скаути чим го одбрале гледаат нешто што просечниот гледач не гледа. Треба да им се даде шанса. Сепак дали ова значи дека Кера ќе си иде на крај од година ?
 
Мораеш од трет пикер во Кил стана прв во Вардар, така што никогаш не се знае ако е добар скаутингот. Вака не изгледа импресивно статистички, ама на терен можеби ќе е друго кога ќе му се даде шанса
 
Го гледав еднаш во Кил на една утакмица во Бундес има страшен шут ама малку играше имаше многу мала минутажа, сепак во Вардар ќе биде прв десен бек и верувам дека ќе прерасне во мн јак играч , секој кој дошол во Вардар стана јак играч од оние кој имале потенцијал
 
Го гледав еднаш во Кил на една утакмица во Бундес има страшен шут ама малку играше имаше многу мала минутажа, сепак во Вардар ќе биде прв десен бек и верувам дека ќе прерасне во мн јак играч , секој кој дошол во Вардар стана јак играч
Тоа е тоа:)
 
Искрено, не ја разбирам „хистеријата“ која се шири на форумов кога се во прашање идните трансфери на клубот. Не знам дали станува збор за некаква фрустрација што неколку сезони не успеваме да стигнеме до титулата, а не бевме баш навикнати на истото или пак очекувањата се дека од утре ќе имаме буџет од 10 милиони евра, па со истиот ќе испазариме една цела постава ѕвезди и за сезона-две ќе играме на Ф4.

Неколку точки:

1. Не можам да ги разберам споредбите со трансферите на Охрид, како за почеток. Немам ништо против клубот и нивната политика, дај боже уште поатрактивни имиња да потпишуваат во иднина!
Солидни имиња носат за наши, па и балкански стандарди АМА да не драмиме како да ги донесоа Гидсел, Мем, Питлик и Фабрегас.
Мате Доминик не успеа да се наметне во ПСЖ две сезони, а после тоа една цела сезона паузираше од играње ракомет заради повреда, за повторно да се врати во Елверум и да си ја рестартира кариерата. Зечевиќ веќе има две операции направено, а има само 24 години. Славиќ е солиден голман, но далеку од тоа дека е некаков game-changer. Јасухира? Дечкото на 23 години реши да оди да игра во Кувајт и веќе е две години таму! Има ракомет у него, не дека нема, ама дека треба нозете да ни се тресат зошто они го донеле, а не ние па ич не ми се сфатливо.

2. Ние како тим, основата веќе ја имаме:

Валах/Гогов/Бомаштар голмани
Кеита/Тузо леви крила
Воркапиќ/Гоце десни крила (претпоставувам ќе игра и оваа сезона)
Мечка/Јанковски/Анастасовски пивоти
Малус/Силва/Љевар како деснораки бекови
Митровиќ како леворак бек

Што? Некој ќе ми каже дека не е задоволен од истите овие играчи кои успеаја да се одлепат на 6 бодови од Еурофарм Пелистер и да стигнат до четвртина-финале во Европска Лига? Не зезајте дечки, објективно гледано ни недостасуваат тројца играчи. Еден десен бек, еден организатор и веројатно уште еден бек лево. Ќе се испазари во рамки на буџетот кој го имаме и воопшто не се сомневам дека ќе се испазари адекватно.

3. Она што единствено треба да ни биде на сите важно е играчите кои ќе се носат да бидат по желба на Чупиќ и истиот да има потполна слобода во креирање на тимот, а се што се случува до сега ми кажува дека е така. У крај краева, нити Чупиќ, нити брат му, нити Михајло, нити Бутин се од вчера у ракометов влезени.

4. Имињата се битни, но концептот, визијата и секако хемијата внатре во тимот се најбитното нешто. Да беа имињата немаше Магдебург да стане европски шампион два пати во последни три сезони, ќе станеше Веспрем. Колку од вас очекуваа Гисли Кристијансон да стане она што е сега кога дојде од Кил во Магдебург? Колку од вас воопшто го знаеја? Лагергрен пред да заигра за Магдебург? О'Саливен? Хернандез? Серадиља? И да не набројувам натаму, мислам дека сите ми ја сфаќате поентата.
 
Топ у рука, плус игра и добра одбрана! Ќе кине мрежи ако го потпишеме..

 
Последно уредено:
Тешка артилерија се овие двајца посебно Кулеш.
Но да не се лажеме овие двајца се четвртина буџет..
 
Топ у рука, плус игра и добра одбрана! Ќе кине мрежи ако го потпишеме..

Па нели е веќе потпишан , според нашите спортски медиуми …
 
Едина мана му е што не е баш стабилен со главата (добро, ретко од десните бекови кој е :ROFLMAO:), пред да оди во Кил им направи хаос во Ним, како има проблеми дома, да му раскинат договор и да се врати Египет, за откако го раскина договорот, по недела дена да оди во Кил на проба. :D
 
Следи и среден бек наскоро.
Автоматски споено мислење:

Па нели е веќе потпишан , според нашите спортски медиуми …
Потпишан е.
 
Back
На врв Bottom