Аматери.
За ова само на мајка, татко, брат/сестра и сопруг/сопруга се кажува. Па дали и на нив

First rule of fight club.
сеуште има фирми кои бараат вакви тестови/проверки.
Мислам дека сега со АИ е можеби уште толку сјебан целиот процес на вработување/интервјуирање и барање работа, а и претходно беше поприлично flawed.
Можеби во иднина такви leetcode hackerrank ќе почнат повеќе да се користат (?) За да се исфилтрираат вајб кодерите од луѓето што тоа го прават hands on со години.
Но, секако, фирмите никако да сфатат дека синтакса и фрејмворкс се ствар на минатото и во иднина
е далеку побитно да си инжинер, а не developer.
Сакам да кажам дека веројатно не би требало да биде hard requirement и не би те дисквалификувало пример ако си работел со AWS наместо Azure, Angular vs React пример бидејќи концептите се многу слични и човек што има искуство во едното, со АИ може мн лесно да се прешалта и да го сфати другово. Ама реалноста не е воопшто таква. И најмал mismatch да имаш во она што е објавено на позициите, бидуваш дисквалификуван, најчесто токму од АИ. Ако имаш среќа некој human да ти пише мејл, знај дека и он користи АИ за да те дисквалификува.
Приказнава за вработување стана - my bot vs. HR's bot.
Од друга страна, се појавува еден феномен, каде што пример веќе големите играчи или големите софтверски фирми можат брзо и лесно да дојдат до MVP, да го избранчаат бизнисот на повеќе страни и да девелопираат нови features/сервиси или што год, за што има потреба од луѓе. Евидентно е дека со АИ им се јавуваат нови хоризонти на фирмите, а самото АИ не е на ниво да може само да девлопира за продукција.
Исто така сметам дека пред да дојде таа "штама/мртвило", ќе почнат фирмиве наместо како досега да гледаат на долгорочно ниво, и наместо "indefinite" ангажманите ќе бидат од времен карактер, пример 1-2-3 години, дур да се заврши она за што се вработува девелоперот. Значи рачунајте дека се почесто ќе бидат contractual позиции за фиксен временски период, секако како фриленсер, еве ти бруто пари, снаоѓај се сам.
Додај на ова што сега веќе секој девелопер е одговорен за работата и покрива ствари што пред само 1 година цели тимови покриваа... Нивото и потенцијалот на burnout во индустријава само ќе се покачува.
Се очекува еден човек да испорача, дебагира, комуницира со бизнис, разбира инфраструктура, да координира рилиси и притоа да остане брз и флексибилен. Тоа носи огромен когнитивен товар што ретко кој го спомнува отворено. Индустријата зборува многу за productivity, ownership и impact, ама многу помалку за цената што поединецот ја плаќа за тоа темпо. Затоа не е чудо што сè повеќе луѓе технички напредуваат, а ментално се чувствуваат исцедено. Меѓу кои сум еве и јас, особено последнава година... а сеуште не сум со двоцифрен број на години искуство во индустријава.
Искрено се трудам да гледам позитивно на ствариве околу АИ, ама секој ден се повеќе и повеќе се демотивирам и "чашата е се попразна". Колку и да е сеуште приходна индустријава особено за македонија, сепак кога ќе го земеш во предвид когнитивниот и ментален напор и секојдневен context switching, реално и не е баш толку платена работава.
Веќе некако како да немаш мир у глава после 17-00h, кога знаеш дека и утре ќе мораш турбо да стигнеш 20 работи да постигнеш во 8 саати. Можеби е до мене, ама почнувам да го приметувам и кај други луѓе искрено.