Укинати паралелки и училишта според новиот конкурс за запишување во средно училиште

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Бијонс, малку ги имаш измешано брзините. Средното образование во Македонија е задолжително, значи на секој еден ученик кој ќе се запише во прва година средно, за четири години треба да му се "исштанца" диплома. Ако некој не се запише гимназија во Кратово (зашто нема), ќе мора да се запише во друг град, најверојатно Скопје, каде потоа со голема веројатност ќе остане да живее, ама во Скопје ќе мораат да му "иштанцаат" диплома. Не е ова факултет па да зборуваме за "штанцање" на луѓе кои немаат знаење. Тука знаел-не знаел, учел-не учел, за 4 години ќе имаш диплома. Разликата е само што за да ја имаш, ќе треба да се иселиш од родниот град кој дополнително ќе се запусти.
За 6 години. Два пати може да паднеш.
 
Но, во образование сум, па имам реална слика што се случува по училиштата и навистина нема врска муабетот дека деца од внатрешноста се запишуваат во Скопје оти им било бесплатно.
Не си во право. Еве, објасни ми го ова: Македонски Брод, број на полуматуранти во основното училиште = 50. Дополнително има уште 2 подрачни училишта во Манастирец и Самоков, ете да речеме од таму имало уште 10. Вкупно 60 полуматуранти. Во средно се запишале 35, од кои има и деца од селата од прилепско и Пласница кои се сместени во ученичкиот дом. Значи од овие 60 полуматуранти, едвај 20 до 30 останале во Македонски Брод. Објасни ми другите 30-40 кај се? Сигурно не испариле во воздух.
 
Зарем на времето по селата кога немаше доволно ученици за една паралелка не ги комбинираа, пример 2-3ца прво, 2-3ца второ одделение, еден четврто итн па се собираше мини паралелка за една учителка во една смена? Или тоа се некои југословенски муабети?

Да, постои комбинирање, ама во голем дел не го намалува персоналот. Тие што имаат решение на неопределено остануваат.
Пример во планинско село кај нас имаш во прво одделение 3 деца, комбинација од 2 и 3 одделение со вкупно 4 деца (едно е второ, три се трето) и во четврто имаш две деца. Значи за вкупно 9 деца има 3 учителки (плус англиски, физичко, природни науки), хигиеничар. За 9 деца цело комбе наставен кадар тргнува од Струмица и секој ден држи настава таму. Ми се чини дека има некој закон за планински региони и затоа помалите (од 1 до 5) не доаѓаат да учат во градот.

Не си во право. Еве, објасни ми го ова: Македонски Брод, број на полуматуранти во основното училиште = 50. Дополнително има уште 2 подрачни училишта во Манастирец и Самоков, ете да речеме од таму имало уште 10. Вкупно 60 полуматуранти. Во средно се запишале 35, од кои има и деца од селата од прилепско и Пласница кои се сместени во ученичкиот дом. Значи од овие 60 полуматуранти, едвај 20 до 30 останале во Македонски Брод. Објасни ми другите 30-40 кај се? Сигурно не испариле во воздух.

Злате, средно училиште е задолжително да запишеш, не е задолжително да го завршиш.
Роми и Албанци запишуваат средно, повторуваат година и не се враќаат пак во системот. Или пак ги исклучуваат поради неоправдани и остануваат со основно образование. Конкретно за Македонски Брод навистина не знам, но нема да веруваш колку деца има со надмината возраст во основно или пак од причините што ги наведов горе никогаш не завршуваат средно.
 
Последно уредено:
Кратово останува без гимназиска паралелка:

Прегледај го приврзокот 473728

Мислење?
480801019_1077358854194833_8308254935101595424_n.jpg

.. согласно објавениот конкурс за запишување на ученици во средните училишта за учебната 2024/2025 год. на МОН, во Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште) биле запишани 93 ученици во три паралелки, така да не би требало да биде затворена гимназиската паралелка, ако и учебната 2025/2026 се пријавиле во таков број.

660490190_1386922266571822_8723491632154742294_n.jpg661166649_1386922323238483_3245403405044081867_n.jpg

посебно е за поздравување на грижата на градоначалникот за новите запишани ученици со еднократната помош!

Screenshot 04-03-2026 21.31.43.png

па би требало Министерката да даде добро образложение за затворање на гимназиската паралелка ако има бројно пријавени ученици како во 2025 година!
 
Видете само слики од полуматуранти или матуранти на табло последниве години.
Во голем процент има повеќе наставници/професори отколку ученици.
 
Злате, средно училиште е задолжително да запишеш, не е задолжително да го завршиш.
Роми и Албанци запишуваат средно, повтараат година и не се враќаат пак во системот. Или пак ги исклучуваат поради неоправдани и остануваат со основно образование. Конкретно за Македонски Брод навистина не знам, но нема да веруваш колку деца има со надмината возраст во основно или пак од причините што ги наведов горе никогаш не завршуваат средно.
Во Македонски Брод не постојат Роми и Албанци. Етнички чиста средина е, 100% Македонци. Не пишувам јас колкумина завршиле, туку колкумина се запишале. Значи 60 завршуваат основно, од нив 30 се запишуваат во средното. Другите 30 кај се?
 
Ти одговорив, за Македонски Брод - не знам. Можеби завршиле основно и се преселиле во друга држава?
Зборувам за генералната слика во училиштата. Поради иселувања и намален наталитет немаме ученици. Тоа е фактичка состојба.

Ете дури и да се запишале во Скопје како што велиш. Ако им е бесплатно школувањето во средно не им е бесплатно сместување, храна и сѐ останато. На факс пред 15-тина години јас одев со автобус Струмица Експрес, сега нема директна линија, нема автобус туку е комбе кое влегува во уште 3 други градови попатно. Дури и студенти нема во Скопје колку што имаше порано, не пак средношколци.

Генерациите на нашите родители повеќе завршувале средно во други градови отколку сега. Моите на пример имаат во Кавадарци и Радовиш учено оти тоа било тренд во тој период или пак во матичниот нивен град ја немало струката што ја избрале.
 
Прегледај го приврзокот 473776

.. согласно објавениот конкурс за запишување на ученици во средните училишта за учебната 2024/2025 год. на МОН, во Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште) биле запишани 93 ученици во три паралелки, така да не би требало да биде затворена гимназиската паралелка, ако и учебната 2025/2026 се пријавиле во таков број.

Прегледај го приврзокот 473780Прегледај го приврзокот 473781

посебно е за поздравување на грижата на градоначалникот за новите запишани ученици со еднократната помош!

Прегледај го приврзокот 473779

па би требало Министерката да даде добро образложение за затворање на гимназиската паралелка ако има бројно пријавени ученици како во 2025 година!
Е па истото го има и во Македонски Брод, бијонс. Градоначалникот дава стипендии за сите запишани во средното училиште. Плус, во соработка со локалните угостителски и индустриски капацитети, имаат загарантирана работа по завршување на средно. Со сето ова успеаја за само неколку години бројот на запишани ученици во средното да го зголемат за повеќе од тројно. И во такви услови, МОН ја укинува паралелката за угостителство и туризам.
 
... па прашувам, повели кажи кое?
Место да "прашуваш", треба провериш дали и каква структура има тие региони, што тоа школо ги учи, колку се на број и слично. Тоа се учи и во основно и во средно школо. Најголема житница и регион со до скоро највише индустриски посеви, говеда, храна за добиток итн итн. Само зикот какви површини и приноси има, единствен кој засега се држи како така.
44 ученици не се малку. Ако само една третина од нив останат во бизнисот, ете голема добивка за земјоделството, 15 земјоделски фирми ќе добијат стручни учени лица.
Ама проблем е што никогаш образованието не соработувало со стопанствениците па затоа и расчекор во потребните и завршените кадри.

Кога на дисперзираните (секое село по еден факултет) имаше по два тројца студенти, арно беше. Така барем некои ликови пишуваа.
 
Можеби завршиле основно и се преселиле во друга држава?
Не, еве јас ти кажувам - учат 90% во Скопје и 10% во Прилеп и Битола. ;)
Ако им е бесплатно школувањето во средно не им е бесплатно сместување, храна и сѐ останато.
Бесплатно им е, и сместување и храна.
 
Не, еве јас ти кажувам - учат 90% во Скопје и 10% во Прилеп и Битола. ;)

Бесплатно им е, и сместување и храна.

Добро, се фаќаш за конкретен пример, ете избрале да учат средно во друг град оти во нивниот ја нема струката што ја сакаат, се преселиле итн. итн. може да има безброј причини. Такви изолирани случаи не го негираат фактот дека државата има огромни трошоци поради постоење на куп непотребен наставен кадар и општо вработени во државни фирми кои ништо не работат.

Ако на средношколците во Скопје им е бесплатно сместување и храна (ова не сум го слушнала), многу се ретки примерите што на 14 години одлучуваат да учат во друг град единствено поради таа поволност.

Најлесно е во државна администрација, фирма, училиште да напикаш куп вработени или пак некој да фигурира на платен список оти ловел поени за партијата и дремел по штабови. Сега доаѓаме во ситуација да нема потреба од толкава бројка да се фузираат паралелки и цели училишта. Реално, ова на никој не му одговара и ќе се случи уште поголема глупост, мора да се најде чаре (кое веќе полека се имплементира) ќе се измислат други „ради реда“ проектни активности, работилници, посета на објекти, еко-акции за наставници на кои ќе им фалат часови. Ќе се испосликаат за на социјални мрежи и ќе им се плати како да држеле полн фонд часови. Е, ќе го јадат, т.е ќе останат без работа тие што се со договори на определено работно време.
 
...еве и едно објаснување, жално за ситуацијата на терен, не дека се укинува паралелките дека има ученици, туку нема ученици па се укинуваат паралелките, затоа велам, немојте веднаш со осудување, мора двете страни да се слушнат, не знам ама конкретно за Министерка за образование во моментот Весна Јаневска, ја сметам за сериозна жена која си ја сака Македонија и се труди да ја носи на прав пат во образованието, многу ретко грешам во мое мислење на интуиција на личност!

18.05.2023

Цитат:
Статуа на св. Наум Охридски и неколкумина ученици нѐ пречекаа во дворот на СОУ „Св. Наум Охридски“, единственото средно училиште во Македонски Брод, кое деновиве стана познато по неславниот рекорд со само 11 матуранти. Модерно е, реновирано, чисто, со пространи училници, спортски терен, двор со клупи, вреден професорски кадар, а веќе десетина години се соочува намален број на ученици - последица на депопулацијата во регионот на Поречето.

Некогаш било полно со џагор и смеа... Тоа го покажуваат изложените таблоа од претходните генерации низ училишните ходници. Пред неколку децении броело над триста ученици од прва до четврта година. Сега само 85.
Во прва година некогаш имало стотина средношколци. Сега 25.
По половина век постоење, сведок е на најмалобројната генерација матурантите кои деновиве го завршуваат средното образование.
Учеа во две паралелки, едната гимназиска со 8 ученици, а другата угостителско-туристичка со тројца. Ова сигурно е најмалата паралелка во средно училиште во државата.

Дел од учениците заминуваат за Битола, Прилеп, Скопје, а дел остануваат дома

Низ школските ходници не ги затекнавме матурантите, кои веќе се подготвуваат за полагање на матурскиот испит, но и за генерациската екскурзија. Од училиштето ни беше кажано дека поради малиот број, не се организира класична матурска забава, туку ќе патуваат во странство.

20230518-vo-makedonski-brod-godinava-ima-samo-11-maturanti-drzhavata-mora-da-gi-poddrzhi-i-uch...jpg

надвор од Македонски Борд заминуваат да учат најчесто оние што се со сите петки и оние што избрале да изучуваат струка која ја нема во нивното училиште. Но, гимназиската насока, угостителско-туристичката и машинската во нивното школо се навистина квалитетни и смета дека им го даваат неопходното знаење што учениците од овие области би го стекнале и во школите од поголемите градови.

Учениците што заминуваат во друг град добиваат бесплатно сместување.
Некогашната гимназија била трета во државата по стекнато знаење.

Предупредува дека доколку државата не преземе итни мерки за поддршка на учениците што го завршуваат средното образование дома, во помалите општини, тие ќе згаснат. Најголемиот проблем го гледа во тоа што учениците кои заминуваат да учат во други градови, поради задолжителното средно образование, добиваат бесплатно сместување и престој во школски интернати, а оние што остануваат да учат во родните места не се никако поддржани.

- Малиот број на ученици е последица на иселувањето. Проблем е и тоа што учениците ни бегаат во соседните градови Прилеп или Битола, во бесплатните ученички домови. Доколку им даваме можност на учениците што заминуваат настрана да се запишат во некое школо да учат и да се сместат бесплатно, зошто во ист сооднос не им се дава помош на учениците што остануваат да учат во малите места?

Апелира властите да се заинтересираат за малите места и да најдат начин да ги задржат жителите.

Судбината на Македонски Брод ја делат и Крушево, Пехчево, Берово...

Во училиштето има 24 професори, што не е премногу доколку се земе предвид дека е четиригодишно и има три различни насоки. Дел од вработените велат дека и во паралелката што има неколку ученици, кога веќе е формирана, треба да се одржи настава. Од угостителско-туристичката струка излегуваат хотелско-туристички техничари за рурален туризам, а им дава можност на учениците за феријална пракса преку Еразмус- проектите во странски држави. Машинската струка е со дуална паралелка, што е новост во последните години и праксата ја извршуваат во Фабриката за производство на муниција и оружје во Самоков.

Инаку, во Македонски Брод има само едно основно училиште. Ако порано оваа општина имаше 7 илјади жители, сега брои најмногу до 3,5 илјади. Слична состојба со бројот на ученици имаат и другите помали места, како што се Берово, Пехчево, Крушево... Ситуацијата не е подобра ни на државно ниво каде што, според податоците на Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта бројот на учениците на крајот од учебната 2021/2022 година изнесувал 69.378, што претставува намалување за 2,5% во споредба со претходната година.

Затворен цитат!
 
Прегледај го приврзокот 473786

Прегледај го приврзокот 473788

И?
 
Место да "прашуваш", треба провериш дали и каква структура има тие региони, што тоа школо ги учи, колку се на број и слично. Тоа се учи и во основно и во средно школо. Најголема житница и регион со до скоро највише индустриски посеви, говеда, храна за добиток итн итн. Само зикот какви површини и приноси има, единствен кој засега се држи како така.
44 ученици не се малку. Ако само една третина од нив останат во бизнисот, ете голема добивка за земјоделството, 15 земјоделски фирми ќе добијат стручни учени лица.
Ама проблем е што никогаш образованието не соработувало со стопанствениците па затоа и расчекор во потребните и завршените кадри.

Кога на дисперзираните (секое село по еден факултет) имаше по два тројца студенти, арно беше. Така барем некои ликови пишуваа.
... па еве читам за паралелка средното во Македонски Брод , пишува :

„Машинската струка е со дуална паралелка, што е новост во последните години и праксата ја извршуваат во Фабриката за производство на муниција и оружје во Самоков.“
Друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал АТС АММО ДООЕЛ Самоков Македонски Брод е регистрирана на НАСЕЛЕНО МЕСТО БЕЗ УЛИЧЕН СИСТЕМ, САМОКОВ, Македонски Брод, Република Северна Македонија и работи од 19.10.2010 година.Телефонот за контакт е 022603923 и контакт-мејл е info@ats.com.mk.Актуелен директор на компанијата е САЛАИ АРИФ.

Screenshot 04-03-2026 22.29.12.png

... (нема да коментирам дали имаат матурантите од машинска струка од СОУ Македонски Брод шанса да бидат вработени како стручен кадар каде ја обавиле и својата школска пракса во Самоков)!

20230518-vo-makedonski-brod-godinava-ima-samo-11-maturanti-drzhavata-mora-da-gi-poddrzhi-i-uch...jpg

21 вработени + 3 класни раководители = 24, ако додадеме секретарка, хигеничар, едно техничко лице, сметководител, социолог, психолог, обезбедување, како минимум соработници за едно средно училиште +6 =30 вработени.

три паралелки, едната 7 матуранти, другата 8 матуранти и трета паралелка 10 матуранти, вкупно 25 завршени за 4 години 2021/2022, а 30 вработени!

И?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom