Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ок, ако веруваш на оваа халуцинација, ќе ти даам 70К еура, купи стан од 50 квадрати у разумно маало у Скопје.
Само на Балкан просечната плата се комуницира во нето суми. Тие 70К се 105К бруто.
 
Баш така, ова погоре што го пишал со вештачката интелегенција нема врска.
Просечна плата кај нас е 750 евра, значи за 7 години ќе имаш едвај 63.000 евра или доволно за 30~ м2 стан

Даблин во Ирска што му е пишан како најтешко дека се купува стан има 3500 евра плата просек или за 7 години ќе имаш скоро 300к евра, што на просечна цена по м2 од околу 5500 евра испаѓа дека ќе може да купи 54 квадрати т.е скоро дупло повеќе од оној во Скопје.
Не живеам во Ирска неможам да ти кажам, ама од тие малку земји низ Европа кај што сум живеел/живеам а и од познајници, колеги и пријатели можам да ти кажам дека во најголем дел од земјите кога збориме за плата стално добиваш бруто, во МКД е секогаш нето
Така што е малку тешко да направиме така едноставна споредба, еве за примерот тие 3500 во Ирска се бруто? Нето? Не знаеме (барем јас не)

Ама како и да гледаме тоа не го менува податокот дека си бруто во МКД да земеме (што на 750 би дошло околу 1000ка) пак едвај ќе скрпи да земе нешто нормално шанси нема да биде во центар, карпош, тафталиџе

Само на Балкан просечната плата се комуницира во нето суми. Тие 70К се 105К бруто.
Баш тоа сакав да пишам дека треба да се пази што се зима како просечна на Балкан и во европа
 
Математиката на форум, и математиката на терен се многу, многу различни. Прашајте ги тие што бараат станови, дали има некаде нешто посаглам стан, со нормална цена.
 
Вреди само ако купуваш за живеење, за бизнис издавање што знам. Поисплатливо е мислам во Грција, премногу наши купуваат таму.
 
Најлесно:
Скопје, Сараево, Софија
Најтешко:
Лондон, Париз, Амстердам, Даблин, Лисабон
Во Амстердам е тешко да се купи ако двајца не се над просечна плата, но освен тоа поради локацијата се премногу скапи (над пола мил стартно) а повеќето се стари по стотици години. Грото рента. Освен тоа, сепак има недостаток на станови и не можеш да го купиш без да наддадеш на цената, но не знаеш колку други дале понуда туку гледаш колку одат тие во околината и колку биле проценувани од градот претходните години за да си оформиш твоја цена. За пример, ние дадовме 80к над објавена понуда за еден и пак не го добивме. Мораш преку агенти кои коштаат исто многу за да ти кажат “инсајдерско” инфо колку треба да дадеш плус за да имаш шанса, бидејќи тие зборат со продажните агенти. Тој што успеавме да го купиме беше со наддавање 50к и откажување од гаражата која и бараа 50к исто така. Процесот да најдеш стан е долг, плус што објавените се продаваат во една недела а изгледаат како карикатури од стан. Не ми се верува какви лепенки од станови се изнагледав за вртоглави суми.
 
1775224399984.png
Автоматски споено мислење:

Вреди само ако купуваш за живеење, за бизнис издавање што знам. Поисплатливо е мислам во Грција, премногу наши купуваат таму.

Imam smetano bash za ova, poveke ti se isplati vo akcii da gi stavis parite otkolku vo stan da izdavas vo Skopje so 3-4% dividend stocks, ke imas poveke char otkolku da si ja cukas glavata za 350-400e kirija.

Ili da kupis imot nekade vo zapad so vlog da vlezis 30-40% za tie pari Skopje sto ke gi dades, pa neka se otplaka sam so kirijata.
 
Последно уредено:
Во Амстердам е тешко да се купи ако двајца не се над просечна плата, но освен тоа поради локацијата се премногу скапи (над пола мил стартно) а повеќето се стари по стотици години. Грото рента. Освен тоа, сепак има недостаток на станови и не можеш да го купиш без да наддадеш на цената, но не знаеш колку други дале понуда туку гледаш колку одат тие во околината и колку биле проценувани од градот претходните години за да си оформиш твоја цена. За пример, ние дадовме 80к над објавена понуда за еден и пак не го добивме. Мораш преку агенти кои коштаат исто многу за да ти кажат “инсајдерско” инфо колку треба да дадеш плус за да имаш шанса, бидејќи тие зборат со продажните агенти. Тој што успеавме да го купиме беше со наддавање 50к и откажување од гаражата која и бараа 50к исто така. Процесот да најдеш стан е долг, плус што објавените се продаваат во една недела а изгледаат како карикатури од стан. Не ми се верува какви лепенки од станови се изнагледав за вртоглави суми.
Јадам гомна за буквално лицитацијата у Шведска што ја има за имот, ама вие сте биле бетер бе.
Тука барем кога има понуда јавно ставаат толку е понудата, ако претходно си дал понуда одма ти стиха смс има нова понуда која е хххххх
Твое си е дали ќе даваш пак или не
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Да, таа е разликата што не може да даде некој над тебе после нивната оригинална понуда. Сите понудуваат колку мислат вреди станот базирано на прво колку е објавен, плус свои истражувања на пазарот, претходни проценки и желби, па сопственикот бира од сите понуди. Тоа на некој начин е учество, бидејќи банките за кредити не ја покриваат цела сума секогаш. Во случај ако станот е xxх, и банката исто толку го проценува, но поради компетитивност ти понудиш плус а мораш - разликата ја плаќаш од џеб, ако заработуваш на прво место доволно за да ти дадат кредит за првичната цена. Како и секаде, и тука се голем проблем цените и становите, и повеќето рентаат или евентуално купуваат во периферијата. Цените одат и по 10к квадрат, што тие 3к, 3,5к нето кои се сметаат за просечни плати не се доволни и е прескапо. Сменија во поагресивни даноци годинава за тие што имаат повеќе станови, па сите очекуваа пад на цени поради тоа што повеќето ќе ги распродадат, но никако да се, очигледно нели, случи. Цените само одат нагоре, разлика што ја приметив и сам бидејќи лани почнавме да бараме.
 
Да да скроз различно од тука, тука дури знаат некогаш и намерно да идат со дампинг цена на огласот за повеќе заинтересираност да се направи на денот на покажување и се надеваат на поголемо наддавање.

Колку пати се случи идеме да видиме куќа објавена незнам 400к, агентката што ја продава куќата ти вика одма да знаете очекуваат понудите да се над 450 или над 500к

Ова е како што реков за да соберат повеќе луѓе и да добијат поголема заинтересираност, а и агентите стискаат за вакви работи за да може утре кај друг да се фали гледај колку над бараната цена моите имоти идат кај другите е помалку
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Зашо Аце наш голем маж министерски, се уплашил дека квадратон у Скопје ќе рипал до 5 бона. Не знам се чудам еве:свиркам:
 
Зашо Аце наш голем маж министерски, се уплашил дека квадратон у Скопје ќе рипал до 5 бона. Не знам се чудам еве:свиркам:
Криза во ИТ, криза во најава со диспечерите. Секој втор е програмер или диспечер, ако нивната плата оди надоле, а цените одат нагоре... Не верувам дека ке се најде соодветна замена во блиска иднина.
 
Вреди само ако купуваш за живеење, за бизнис издавање што знам. Поисплатливо е мислам во Грција, премногу наши купуваат таму.
Види, Грција е добро што чат-пат таа инвестиција ќе ја користиш и да одмориш душа. Инаку како инвестиција е исто како и во Скопје, трошоци за одржување, ризик од промена на даночна политика. Лажен впечаток дека си ги скрил парите од нашите апаши, уствари само си ги однел кај други апаши!
 
Агиа Триада, Хаџи Бали или на грчки Пераја и особено АнгелоХори ти е најдобра локација за ефтини станови, убаво место е во Солун регион, тоа е после аеродромот
Знам бе чичин. Работев на продажба на имоти во Грција до пред три години.
 
Знам бе чичин. Работев на продажба на имоти во Грција до пред три години.
Аааа чичо зашто не кажуваш?
Имаш ли некој познајник што работи тоа сега ама да има и нормални станови не да пробува да ме убеди прв крак биле забавите ова она и 200к+ да бара за ќумез
 
Аааа чичо зашто не кажуваш?
Имаш ли некој познајник што работи тоа сега ама да има и нормални станови не да пробува да ме убеди прв крак биле забавите ова она и 200к+ да бара за ќумез
Јас работев со Грекодом и Дионисиу(со нив издавање главно)!
Почнав кога за 15К можеше да се најде апартман на Халкидики. Дигнав раце поради годините и брзиот раст на цени кај комшиите.
Реално успевав да симнам цени по 10-15%, некогаш и повеќе. Ама заморно стана да се објаснувам со Македонци кои очекуваат сеуште 1000 евра м2, кога веќе и во Куманово стана таква цената.
Плус Македонците се многу нефер играчи. Истите агенции имаа преставник во Србија, и сега маЌедончето ќе ме праша мене, ќе го регистрирам како мој клиент, ќе потрошам денови да му најдам соодветна недвижност, он почнува да звони директно во Грција, па во Србија. Демек јас го лажам, Гркот или Србинот ќе му дадат попуст, оти е убав.
П.С. Иако не се занимавам веќе со тоа, пиши преференци, фонд во ЛП. Ќе пробам да ти најдам нешто, ќе те поврзам со колегите доле, кои сеуште се таму и ме поштуваат. Само ова е лош период, пред летна сезона. Порано најдобра цена се постигнуваше пред зимските празници.
 
Back
На врв Bottom