Не се нешто wow охрид, ниту пак алкалоид. Само ние сме многу слаби на терен. На папиру шо би рекле, имаме најспремна постава, ама то шо се испокарани меѓусебе и шо глумат шерифи си го напрај своето.
Сами си сме криви за сѐ, нема друго шо да се збора.
Цитирам овде за да не ја мешаме темата со другите екипи, а мислам е најприкладно.
Сите четири се тука негде и нијанси напраја разлика - дали на некој голман или еве ќе го земам Фитиљот како носител кај вас му бил или не денот, атмосфера во екипа, тренерски промени, распоред итн.
Со Аљушо излезе слична ситуација како Охрид до вчера - клански поделби, непослушност и недисциплина која после на терен е изразена.Не би рекол дека проблемот е само во играчите туку и во пристапот на тренерот во смисла наметнување авторитет и на каков начин пробал здобивање авторитет.
Моментално во таа смисла Чупиќ изгледа е нај ок иако многу го отпишавме пред почеток на сезонава сметајќи на неискуство во тренерски води ама ете испадна поинаку, а мислам и организациски се најстабилни спрема другите.
Кире ко Кире, како играч секоја чест ама не знам со посериозни и поискусни играчи дали би се понашал онака ко на тајмаути со Алкалоид.
Ројевиќ ми делуват ко слична приказна иако најверојатно со повисок авторитет кај играчите.
Како и да е, се сложвиме дека сите промени на подобро и коренот на проблеми е прво во сопствениот двор (читај управата) иако многу навивачи нејќат првично да признат.
Секогаш е едната струја за најдобри резултати и игра без поштеда и друга струја "економисти/спонзори" со желба за помали трошоци и профит (колку е можно во ваква околина) па макар и по цена на резултати некогаш.
И да не ја заборајме политичката димензија (освен Алкалоид) од партиско - општинска комбинација.
Најускладениот во овие три работи е веројатно и најуспешен.