Не те разбирам. Ако јас кажам дека Дармиан е просечен фудбалер, ти и било кој друг на светот немате контра аргумент, едноставно тоа е, бројките се тие, секој можен параметар покажува дека он е просечен играч.
Од друга страна Бастони е играч што откако дојде во Интер игра во одбрана со 3ца, ама јас не гледам една причина зошто не би играл подеднакво добро во одбрана со 4ца??? Единствено што се слагам е дека во системот на Флик ако сакаш стави ги Видиќ, Малдини и Неста и Ван дајк во одбрана, начинот на игра и повеќето примени голови ќе биде тој, зашо со таа висока одбрана јебига, нема друг избор.
Но, ние не збориме дека Бастони е просечен дефанзивец, туку како би се снашол во одбрана со четири, а бидејќи сме го виделе само на некплку репрезентативни настапи (што е па уште поразличен контекст), останува да претпоставуваме врз основа на тоа што сме виделе.
Најголем проблем, како што напишав, е бранење широк простор, а во четворка, каде бек оди напред, тој простор е уште поголем. Во овој контекст уште потешко ќе му биде бранење 1:1 што исто не му е најголемо оружје.
Општо, да играш во тројка и четворка, е многу различно, а цело живот игра вака.
Плус, ќе изгуби многу од тоа што му се големи квалитети, а одбраната со тројца му дозволува да дојдат до израз, нормално офанзивно, но и во одбрана, затоа што тој игра и на перцепција, излегува за да пресече пас и сл.
Што води до нешто друго, никогаш не бил лидер што држел линија, тоа го правеле Ачерби, Де Фрај, сега уште повеќе тоа ќе му биде важно, плус што кај Флик, тоа е клучно за офсајд замка.
Можеби, да беше под тренер кој игра со четворица, ќе го користеа како лев бек, во стил на Калафиори или Гвардиол, што во пракса знае да биде и како да е трет во одбрана.
