123 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ КОИ МОРА ДА ГИ ПРЕСЛУШАШ ВО ЖИВОТОТ

049. Леб и сол - Леб и сол 2 (1978, PGP RTB)

Уште еден албум на Леб и сол не по мој мерак. Разбирам јас за какви виртуози станува збор, знам за нивната уникатност и значење за југословенската и македонската музика, ама едноставно ова не е my cup of tea. Као какао беше сосема друго нешто, за него си кажав дека ми е баш по мерак, ама овој џез-рок, јок! 3/5
 
050. Јонче Христовски - Македонски народни песни (2011, VII)

Легендарни песни, сите до една, од еден од бардовите на македонската народна музика. Тежината на овие песни е уште поголема што Јонче сам ги напишал - и музика и текст. Песната „Македонско девојче“ (која денес нашите источни соседи ни ја крадат велејќи дека е бугарска народна песна, а поим немаат дека не е народна, туку авторска композиција зад која е потпишан Јонче) ја напишал како подарок за Виолета Томовска за раѓањето на нејзината ќерка. Тука ја пее тој. И самиот Јонче бил легенда од човек - боем, секогаш позитивен и насмеан, со сите фин и со сите правел муабети. Како голем човек го памтат. Се е легендарно на ова кратко албумче. Она што мене секогаш ми сметало е гласот на Јонче Христовски. Пластично, вака ми звучи он: ко Масимо Савиќ со Паркинсонова болест кој паднал во бунар. Многу е длабок, во некои баритон - регистри и трепери некако чудно, како некој старец кој едвај пее. Само затоа од мене максимум 4/5.
 
050. Јонче Христовски - Македонски народни песни (2011, VII)
Не е многу долг албумов али нема некоја песна која не е совршена, која секој македонец не ја знае и не ја запеал не еднаш туку многупати во животот. Живеат неговиот специфичен глас неговите изведби и песни.
4,5/5
 
050. Јонче Христовски - Македонски народни песни(2011)

Па нема што да додадам, основата на македонската народна музика. Тоа што не ми се допадна е лошиот квалитет на песните, дел од нив воопшто не се разбираа.

4/5
 
По 50 албуми:

По број на преслушани:
1. @ComfortablyNumb - 49
2. јас - 45
3. @placeb и @george_jov - по 36
4. @Darklady - 35
5. @FilipMKD007 - 18

Средна оценка:
1. @Darklady - 4.16
2. @FilipMKD007 - 4.11
3. @placeb - 4.07
4. јас - 3.88
5. @ComfortablyNumb - 3.42
6. @george_jov - 3.19

Најдобри албуми:
1. Архангел - Архангел 2 (1993, МРТ) - 4,90
2. Леб и сол - Као какао (1987, Југотон-Загреб) - 4,80
3. Тоше Проески - По тебе (2005, Award Entertainment) - 4,75
4. Каролина Гочева - Македонско девојче 2 (2016, Авалон продукција) - 4,66
5. Никола Бадев - Билјана платно белеше (1975, Diskos) -4,30
6. Вања Лазарова - Ритмистика (2000, Трето уво) - 4,30
7. Ареа - Врати на имагинација (2000, Авалон Продукција) - 4,16
7. Јонче Христовски - Македонски народни песни (2011, VII) - 4,16
9. Пепи Бафтировски - Заветна (1991, РТС) - 4,12
9. Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс) - 4,12
9. Верка - Моторни Песни (2010, самостојно издание) - 4,12

Најлоши албуми:
39. Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production) - 3,00
39. Суперхикс - Африка (2012, MTV.RS) - 3,00
39. Суперхикс - Чекај Бе, Викам... Каде Бе, Малку! (2001, Lithium Records) - 3,00
42. Чиста околина - Новиот аспект на старата школа (1996, P.N.G.T Snimki / 2000, Lithium Records) - 2,70
43. Леб и сол- Леб и сол 2 (1978, PGP RTB) - 2,66
43. Врчак - Како да побегнам од сe (1999, Авалон продукција) - 2,66
45. Ристо Самарџиев - Таму кај што си (1998, Аудио Видео CD Студио Феникс) - 2,50
45. Дуке Бојаџиев - To the Hilt (Original Motion Picture Soundtrack) (2014, GAEA Music) - 2,50
45. Паркети - Грижа на совеста (1996, самостојно издание) - 2,50
48. Нокаут - Нокаут (1998, МЕИ Макфест / Буба Мара Продукција) - 2,41
49. Меморија - Октомвриски дождови (1991, РТС) - 2,00
50. Митан Проект - Приказна за едно моме (2009, ПРО МУЗИКА) - 0,00
 
27.03.2026, 51 албум:

1774649155892.png

051. DD Synthesis – Swinging Macedonia (2000, SJF Records)

1774649262196.png

ДД Синтезис, или само Синтезис - македонска етно-група, основана во 1994 година.

Групата во своето музицирање ги користи речиси сите македонски традиционални инструменти – кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука, тамбура, а уникатната звучна слика, покрај современите клавијатурни инструменти, ја надополнуваат и трите женски гласови кои пеат во духот на женското групно пеење од старата македонска селска традиција. Првобитната постава на групата ја сочинувале: Драган Даутовски, Гоце Димовски, Ване Јовчев, Марјан Јовановски, Гоце Узунски, Радослав Шутевски, Ангеле Димовски, Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска.

Синтезис имаат настапувано и одржано концерти со Тоше Проески, имаат и две заеднички песни Ој девојче и Жена Балканска имаат и заеднички албум во 1999, со Наум Петрески имаат заедничка песна Што си Лено гајлелија и заеднички албум во 2011 година.

„Синтезис“ одржале бројни концерти низ Македонија, а настапувале и во Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Грција, Србија и Црна Гора, Португалија, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, Соединетите Американски Држави, Јапонија и Австралија.

Групата има објавено четири албуми, а нивните композиции се наоѓаат и на познати европски компилации.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
Злате, немам спомени да имам испуштено албум. Ако водиш некаква евиденција, може ли да ми кажеш кој ми фали?
 
Злате, немам спомени да имам испуштено албум. Ако водиш некаква евиденција, може ли да ми кажеш кој ми фали?
Тој на Митан Проект кој го нема никаде. Никој не може да го слуша него.
 
Многу сте скржави во оценувањето:icon_mrgr:
 
Во таков случај внеси некој друг албум, да не ни се расипе статистика и бројката од 123 албуми.
Пак ќе повторам: нели на крај, кога завршивме со склопување на листата, фалеа 9 или 12 албуми, не се сеќавам точно. Затоа ве прашав вас тројца како специјално жири да одберете по 3 (или 4, не памтам) кои би влегле додатно во листата. „Приказна за едно моме“ беше еден од изборите на @Darklady и таа инсистираше да биде тој албум. А јас кој сум да противречам? :unsure:

Ќе го најдеме. Ете, веќе пишав некому кој би можел да ни помогне. ;)
 
02.04.2026, 52 албум:

1775121895695.png

052. Васка Илиева - Васка (1974, PGP RTB)

1775129827109.png

Васка Илиева
(21 декември 1923 во Скопје - 4 мај 2001 во Скопје) — македонска пејачка, доајен на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачи на народна музика.

Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и секаде во светот каде што живеат Македонци.

Станува препознатлива со песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу, многу други. За време на долгата музичка кариера, во Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“, како и „Амбасадор на македонската народна музика“.

Починала на 4 мај 2001 г. во родното Скопје на возраст од 77 години, оставајќи зад себе богато културно и духовно наследство.

ЛИНК ЗА ПРЕСЛУШУВАЊЕ НА АЛБУМОТ
 
051. DD Synthesis – Swinging Macedonia (2000)

Истото мислење како и предниот албум, копирано.
Од време на време посакувам да слушнам музика која ќе ме потсети на моите корени. Си ги пуштам Анастасија со Пред Дождот. Реално, малку се таквите песни што ме тераат да си го прелистам животот на лента, да ми ги насолзат очите и да ме наежат. Мислам дека ништо нема да ги надмине Анастасија. Но може да се доближи до нив. Албумов на Синтезис е баш тоа. Нешто што по инструментал личи на Мизар, на Анастасија. Вокално не е баш по мој вкус, но инструментално си вреди во секоја смисла.

4/5
 
052. Васка Илиева - Васка (1974, PGP RTB)

Златниот женски глас на македонската народна музика, тетка Васка Илиева! Кај мажите има неколкумина кои бијат копја, како Сариевски, Бадев, Манчевски... Кај жените Васка е мислам неприкосновена. Единствено Вања Лазарова може да и парира, ама таа беше десетина години помлада. Васка Илиева беше родена во истата 1923 година кога беше родена баба ми. Се сеќавам дека и самата таа неретко го споменуваше овој податок. Тука некаде и блиску заминаа двете во височините. Васка Илиева сум ја слушал само со некои песни. Вака, цел албум - ми е прв пат. Ама прво што ми паѓа во уво е неверојатниот вокал. Каков јодл имала женава, просто неверојатно е. Некако отскокнува малку од тој манир на праволиниско пеење карактеристично за македонската народна музика со тој јодл. Многу ме потсети на тоа трогласното пеење (се сеќавам кога бев дете за Ѓурѓовден се собираа три жени и пееја така додека се нишаа младите на нишалка). Песните на албумов - почнуваат добро, ама втората половина некако млака, со песни од кои повеќето прв пат ги слушам. Ама во глобала - позитивно искуство беше ова и ми се допадна. 4/5

051. DD Synthesis – Swinging Macedonia (2000, SJF Records)

Е Драган Даутовски ако не те наежи, нема кој! Овде тој е лидерот и моторот на бендот и се чувствува неговото присуство од почеток до крај. Убаво пиша @ComfortablyNumb погоре - ова е едно од тие парчиња музика на кои не може да не ти затрепери срцето, да ти заигра душата, да ти засолзи окото и да се почувствуваш горд што си Македонец. Уште па кога ќе почне кавалот во „Во наше село“... Пооооооо... :place::place::place: Просто немам зборови. И вокално, и инструментално Swinging Macedonia = МАКЕДОНИЈА! :oeoeoe:

5/5, чиста ко солза!
 
051. DD Synthesis – Swinging Macedonia (2000, SJF Records)
Коа излезе албумов и годините после, не знам од каде што и зашто али коа и да праевме журка со било каква музика мораше да ја пуштиме у некој момент Во Наше Село и да урламе на песната. Друго неам што да додадам, врвен албум од секоја музичка перспектива, ќе беше совршен да немаше предолги нумери и троа помалце инструментални делови.
4/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom