Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Само да ве потсетам на еден проект кој се викаше Југ Зегин. Југ е еден од постарите ракометни клубови во МК, тогаш газдите на Зегин го заживеаа или кој и да стоеше позади тој проект. Зедоја играчи кои исто така ги преплаќаа, ако Пелистер даваше 1000 евра, тие даваа 3000. АКо Вардар даваше 3000 евра, тие 5000 и собраа доста респектабилна екипа. Пропаднаа за 6 месеци исто како да не постоеле. Еднаш го прашувам еден човек кој беше дел од тој тим, играч. Го прашвам шо се деси? Абе вика си ја завршија работата за која беше формиран клубот завртија парите и немаше потреба поќе да постоиме. Си ги собраа парталите луѓето и си заминаа. Истото се случува со Охрид. И така ќе завршат.
Нас ни треба само скаутинг. Прво тренер, а потоа тој тренер да си напрај негов скаутинг и да си донеси 2-3 играчи кои тој ќе си ги одбери и толку. И еднаш да се остај рајат еден тренер да поработи, година-две, да не сменваме на секое и достате еднаш достате со тие шпекулациите, одморете, ништо не придонесувате. Овој форум треба да придонесува, а не да прави дополнителен притисок и да се фаќате на оро со скопските портали шо си пишат од газо муабети.
Договор за брзо ќе продолжат уште неколку клучни играчи од постоечкиот ростер, договорен е еден играч, се преговара со уште неколку. Се ќе биди како што треба. Ако Славчо од Охрид ви е репер како се работи клуб домаќински, одговорно и професионално, тогаш разговараме на друга фрекфенција и можеби и на друг јазик овие термини друго значат, не знам. Освен ако се зборува од инает, тогаш разбирам и нема проблем.
 
Дали има пренос од младите денес
ehv tv se plaka 370 denari
 
Да ти се помочам во скандинавската школа, модерен ракомет на препотентните педерчиња кои се умислуваат дека од нив почна да се игра ракометот. Секоја нивна утакмица против тим или репрезентација од балканот настапуваат со потценување, како се тие семоќните, а другите заостанати. Да се знае од каде се корените на ракометот, BALKAN RULES! :kuracc:
 
Сум пишувал на темава. Во овие држави, најдобрите младинци веќе играат за сениорски екипи. Во младинците на Данска нема ниту еден играч на Алборг. Право на настап во младинскиов куп добиваат сите младински екипи на екипите кои играат во сениорското ЛШ. Пример, Вардар ако игра ЛШ догодина, младинците на Вардар ќе играат во младинската ЛШ, иако во наша лига котираме далеку од врвот. Ќе не распердашат сите по 50 разлика :D

Победата е огромна, бидејќи паѓа данска екипа која е и младински и светски шампион, па Алборг и да нема најјака младинска школа, сепак се данска школа.

Како и да е (не го пишувам ова дека се работи за Пелистер, ќе го напишев и да беше Вардар), ние во младиве категории воглавно гледаме да се фалиме со резултати, а не да извадиме играч. Лани Пелистер играше Ф4, ниту еден играч не ми личи дека ќе направи кариера ни на ниво на Пецаковски, а не па нешто повеќе.
 
Кај нас проблемот е тој премин од младинци во сениори. Да гледаш низ годините наназад во младинци сигурно имало некои 10-15 страшни играчи, кога ќе дојде време за во сениорски тим, ќе потонат ко жетони. Не знам точно каде да го адресирам проблемот, дали во нестручноста која владее кај нашите тренери или во менталитетот на децата, или микс од повеќе работи во едно. Не дека и кај другите репрезентации немало вакви случаи, ама се доста поретки.
 
, ниту еден играч не ми личи дека ќе направи кариера ни на ниво на Пецаковски, а не па нешто повеќе.
Го искинаја повредите,пола од нив да ги немаше сигурно немаше врв на кариера да му е Металург.Страшен играч кога беше фит (класа над Филип Лазаров).
Кај нас проблемот е тој премин од младинци во сениори. Да гледаш низ годините наназад во младинци сигурно имало некои 10-15 страшни играчи, кога ќе дојде време за во сениорски тим, ќе потонат ко жетони. Не знам точно каде да го адресирам проблемот, дали во нестручноста која владее кај нашите тренери или во менталитетот на децата, или микс од повеќе работи во едно. Не дека и кај другите репрезентации немало вакви случаи, ама се доста поретки.
Проблемот е што тие “страшни играчи” се страшни само за нивна генерација и ништо поќе. Чист пример ти се браќата маџовски, Марко Неловски , Крстевски па тука можи да се клат и сегашните репрезентативци, делат во нивна генерација(претежно заради физикус) можи една погоре и толку кога ќе дојдат во сениори веќе таму е друга приказна.
 
Лани Пелистер играше Ф4, ниту еден играч не ми личи дека ќе направи кариера ни на ниво на Пецаковски, а не па нешто повеќе.
Стави си ги во списокот:
Фехми голманот
Близнаците Трцуов (во Бутел се сега)
Стефан Ѓоргиевски (Мултиесенс)

Ова се ланските
 
:aplauz: :aplauz: :aplauz:Многу скромно дете

Утре против Фуксе нека дадат 110%
 
Го искинаја повредите,пола од нив да ги немаше сигурно немаше врв на кариера да му е Металург.Страшен играч кога беше фит (класа над Филип Лазаров).

Проблемот е што тие “страшни играчи” се страшни само за нивна генерација и ништо поќе. Чист пример ти се браќата маџовски, Марко Неловски , Крстевски па тука можи да се клат и сегашните репрезентативци, делат во нивна генерација(претежно заради физикус) можи една погоре и толку кога ќе дојдат во сениори веќе таму е друга приказна.
Тоа и го реков, неколку фактори заедно придонесуваат тука. Ончев исто, во младинци по 10+ секоја утакмица, сега го нема на мапата.
 
Причината зошто нашите јаки младински играчи скоро никогаш не прават јака кариера лежи во микс од неколку фактори шо ги напоменавте погоре. Работата е таква шо младински играч претставува "дете" на 16-18 год, е сега истото то детете (најмногу во скандинавските земји) кога ќе видат дека дели од останатите во групата го праќаат во некоја послаба сениорска екипа се со цел да види посериозни утакмици, осносно во екипи каде поради својот талент ќе можи да се наметни, ќе има солидна минутажа, арно ама и ќе види како е ко ќе налета на некој јак играч. Така тие дури да се развијат комплетно физички, до прагот на своите 20 веќе имаат искуство како е да се настапва за прв тим и веќе на 22/23 стигнуват да се наметнат како лидери на сериозни екипи. Ситуацијата кај нас е таква шо ние ги форсираме максимално во тие младински лиги, колку шо можи поќе, само младинската екипа да извај резултат. Така тој до 19 год игра против негови врсници, нормално поради својот талент, најчесто и физикус ги шие, дава по 10 гола, нестварни влезој и т.н. и кога ќе дојди на свој 20 год него го префрлуват во прва екипа, каде шо ја греј клупата и ги добива евентуално последните 5 мин. Така ќе треба да дреми 2/3 год и кога конечно ќе треба да превземи одговорност и да биди лидер, ќе го снема. Зошто? Баш поради то шо нема никакво сериозно искуство позади себе. Ако ја гледаме реалната слика, лесно е на 17 год доколку си физички појак плус талент нормално да му се силиш на врсниците, ама оди истото напрај му го и на 25+ год играч...
Доколку во иднина сакаме силен репрезантивен ракомет, мора секој младинец па дури и кадет, кога ќе видиш дека дели на 16, 17 да го пуштиш во прва екипа но под услов да има минутажа. Во случај со јаките екипи ( Пелистер, Вардар, Алкалоид и Охрид) то не смеј да биди нивната екипа, оти во тој случај играчо само ќе тренира со нив ама нема да има минутажа( Хаџиќ и Мирче), во таква ситуација порано е да го пуштиш на позајмица во Прилеп, Радовиш, Струга и т.н. Резултатите во тој момент не се битни, битно се само минутите на терен, да се има утакмици и искуство кога играчот веќе ќе ја премини својата 20та.
Од сите екипи шо имат талентирани младински играчи, најблиску до ова се Алкалоид..другите се попара.
Доколку во иднина сакаме силен репрезентативен ракомет, а водно и јаки мкд екипи базирани на домашни играчи ова е рецепто шо мора да го следиме.
П.с. Секое јако дете шо се гледа дека ќе биди преку 2м мора да се фати за уши и носи на ракомет и да се форсира, па макар било и наголемото теле, ако ништо др ќе биди играч кој шо ќе ја бапни топката кога ќе нема никој др. На Пелистер а и на Македонија очајно му фалат вакви бекој!
 
Сум пишувал на темава. Во овие држави, најдобрите младинци веќе играат за сениорски екипи. Во младинците на Данска нема ниту еден играч на Алборг. Право на настап во младинскиов куп добиваат сите младински екипи на екипите кои играат во сениорското ЛШ. Пример, Вардар ако игра ЛШ догодина, младинците на Вардар ќе играат во младинската ЛШ, иако во наша лига котираме далеку од врвот. Ќе не распердашат сите по 50 разлика :D

Победата е огромна, бидејќи паѓа данска екипа која е и младински и светски шампион, па Алборг и да нема најјака младинска школа, сепак се данска школа.

Како и да е (не го пишувам ова дека се работи за Пелистер, ќе го напишев и да беше Вардар), ние во младиве категории воглавно гледаме да се фалиме со резултати, а не да извадиме играч. Лани Пелистер играше Ф4, ниту еден играч не ми личи дека ќе направи кариера ни на ниво на Пецаковски, а не па нешто повеќе.
Споредуваме баби и жаби. Нашите младински домашни првенства се прилично слаби (за разлика од суперлигата). Доминација во нашите младински лиги има многу мала мерлива вредност во однос на европско ниво на играч, какво што ни треба за во репрезентација. На ЕП/СП во кадетски/младински категории може вистински да се види нивото на талент. На тие првенства најчесто во минатото не сме се ни пласирале (тоа се смени последните неколку години, бидејќи ги проширија младинските првенства). Кај генерации што успевале да се пласираат, се гледало кој има талент за посериозен ракомет - вкупно дали 10 деца се покажале на тоа ниво дека се добри таленти, а можеби ниеден како потенцијална суперѕвезда (Лазаров да, ама не се сеќавам да играл на ЕП младинско, генерација после него се квалификува и освои 4то место). Најблиску до некое европско ниво на талент биле Талески, Кузмановски и до некаде Серафимов. Можеби Мите Стоилов, вака од сеќавања делеше во младински категории од тие што играа на првенства. Генерално и кога сме се пласирале, нашите биле тактички спремни, но физички инфериорни. Добрите перформанси на 2004та генерација се повеќе резултат на поширок ростер и одлична подготовка за првенство, отколку на поединец што делел.

Друга работа е што имаме проблем со менталитет, имаме многу погрешно бирање на клубови, имаме силни клубови кои не им даваат шанси на младите, и послаби клубови кои немаат доволно добри услови за развој...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom