Времеплов.
На денешен ден, пред точно 3 декади.
Ми текнува по мечот, имаа напишано една статија во спортските секции на дневните весници.
"И НЕБОТО ПЛАЧЕШЕ ЗА ПЕЛИСТЕР".
Каква еуфорија имаше таа сезона за ракомет, а на денот на мечот со Лемго, како Велигден да беше, од цела Македонија дојдоа луѓе, картите на црно и по неколку стотини марки одеа, а просечна плата дали беше 200 марки во то време.
+5000 в сала, надвор најмалку уште толку на бим.
Ако се поминеше то полуфинале, градот ќе гореше.
Ми текнува, наредното утро, недела, како пустелија беше во градот, живо пиле немаше, како животот да застана тој викенд.
Огромна историска шанса се испушти, добиена утакмица, само требаше да се приведи паметно при крај, мислам дека беше + 5, 24-19 и со серија грешки се вратија Швабите.
Та клучна грешка на Николиќ во напад, исклучвање и последен напад вишок на десно крило, Циглер се презиваше то десното крило шо не реши, цел живот ќе ја памтам таа акција.
Томче Петрески играше со грип таа вечер, да беше здрав и да бевме комплетни најверојатно друга песна ќе беше.
Да се одеше во финале ќе игравме со Тека Сантандер, за нив играше тогаш Талант Душебаев, во полуфинале ги тепаа Црвена Звезда, и тие беа доста јаки тие времиња, Бутулија на десен и др.
Лемго лагано си стигна до пехарот.