Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 34: @Емкаа - (Човештвото да се врати на нивото на технолошки напредок од пред 20 години и да застане тука)

Човештвото да се врати на нивото на технолошки напредок од пред 20 години и да застане тука

  • Вкупно гласачи
    57
Ќе може модератор да промени наслов?
 
Добра тема, небитно што е СФ, ја разбирам поентата на @Емкаа. Технолошкиот развој оди секогаш напред, но некако чувствувам дека живееме во некаква нерамнотежа. Како да развојот отиде предалеку пребрзо, па обичниот човек не може да се адаптира и прилагоди. Социјалните мрежи се невиден game changer, тотално ги променија правилата на игра и поголемиот дел од луѓето не можат да се прилагодат на промените. Не е ова исто како промените во автомобилската индустрија, возилата се усовршуваа на начин на кој сите можат да ги следат промените и да се прилагодат. Интернетот не фати неподготвени, отвори простор за брз проток на информации и дезинформации, за корисни работи и за глупости.

Се сеќавам на првите години од интернетот, беше едноставен и корисен. Освен mIRC, се друго беше содржина за читање, не беше интерактивен. Кој се сеќава, Yahoo имаше табови на кои можеше да се одбере: историја, географија, астрономија... кликаш што сакаш и ти наоѓа страници со содржини кои сакаш да ги читаш. Тролови со коментари за рамна земја немаше, затоа што немаше коментари. Беше едукативно пред се. Првите видеа беа чиста забава, само смеа и заебанции.

И потоа дојде време на динамични сајтови со опции за коментари, и од таму се тргна надолу. Социјалните мрежи успеаја да направат нешто што никому не му успеало: да ги зближат идиотите. Направија простор идиотите да се пронајдат, да комуницираат меѓусебно, да постираат глупости и да се охрабруваат, и сето ова на глобално ниво.

Да скратам, има многу позитивни работи но според мене негативните преовладуваат. Да можам да го вратам светов на Nokia би го вратил. Огромен број на луѓе на планетава треба да бидат ставени на read only мод.
 
Темава е кажи ми дека работиш во ИТ сектор без да ми кажеш :icon_lol:

Да не влагам у детали ме мрзи да пишувам, едно кратко хаику:

Технологијата не е крива
зашто сме робови на корпорациите.

Луѓето се гомна.
 
Ќе рече некој порано немаше толку глупави луѓе. Отсекогаш ги имало, но немале медиум за слободно искажување информации. Медиумски простор добиваа експерти, не тралалајки со трето одделение.
Поврзано со претходната тема за имунизации, мислам дека до 2010 некаде и антиваксерите немаа толку големо движење, се следеа научни препораки наместо теории на заоговор.
Ни требаа 10 години од појавата на социјалните мрежи да ги увидиме опасностите од истите. Инвазија на приватност, алгоритам кој те вовлекува се подлабоко и подлабоко. Инстаграм сега е малтене алатка за маркетинг, нема допирна точка со социјалната мрежа во 2013-2014, кога сите прикачувавме сепиа фотки од кафе.
На форумов се зачленав 2008 година. Се сеќавам доколку имаше некоја прилично активна тема, сакаш да учествуваш во дискусија ама пример одиш на одмор со твоите. Ништо, пиши пропало, една недела немаш допир со светот, појма немаш што се случува, може да има нова војна, ќе дознаеш откако ќе се вратиш. И имаше време да здивнеш, сега константно си во тек со се што се случува, немаш начин да избегнеш.

За мене тоа беше идеално. Имаш дистинкција на сајбер и реалниот свет. Сега се е испомешано.

Донекаде си во право.
 
Не само Интаграм, истото е и со Фејсбук.

95% од постовите на феедот ми се спонзорирани алгоритамски безвезности и дали 5% е контентот од моите пријатели. Многу пати сум пропуштил значајни постови/фотки и слично од блиски луѓе заради преплавеност од дегенаративен вид на постови.
Некои си умрени групи, умрени постови од умрени ликови како оној Боби Илиевски што влезе во конфликт со Ќосето, некои недоебани квачки 45+ како Кербер, Фросина, Ина и слични РЕТАРДИРАНИ ВАНА БИ инфлуенсери или инфлуенсерки кои нитуеден од нив не добил мој фолоу.

Порано се знаеше, влегуваш во група, лајкаш одредена страна или додаваш пријател и на почетна го имаш контентот КОЈ САМ СИ САКАЛ да го следиш.
Сега ебени фан клуб на Вест Хем Јунајтед Балканс ми искача, ме заболе за нив. Или 3 милиони групи за фантази премиер лига.
 
Алгоритмот е најопасната работа.

Едно е алгоритам за комерцијални потреби. Те следат какви производи или услуги сакаш, па ти ги нудат. Немам ништо против тоа, за мене корисно е ако гуглам да купам канцелариска маса на пример, ФБ да ми даде понуди за канцелариски маси. Имам повеќе избор, секако ми треба тоа. Откако ќе купам, рекламите ќе продолжат, ќе кликнам неколку пати дека не ми треба затоа што веќе сум купил и ќе престанат да се појавуваат тие реклами.

Алгоритмот за вести кои ги следиш е многу опасна алатка. Доволно е да отвориш неколку воук видеа, мисли дека си воук и ти дава само такви видеа. Отвори да научиш нешто за нацизмот, мисли дека си нацист, па за некое време од информативни видеа преоѓа во конспиративни. На тој принцип луѓе кои се малку наклонети на некоја страна завршуваат во ехо комора во која не постои ништо освен една вистина. Ако сакаш да ги слушнеш двете страни од приказната, мораш рачно да се потрудиш. Инаку ќе те храни само со еден тип на содржина доживотно.
 
Боље е да сопрело во 1947 пред измислување на транзисторот, од големи цефки во тоа време до денешни трансистори со големина на атом изгравирани во парче камен со помош на ултравиолетова светлина. Неко меѓу нама није наш.
 
Ако е така, ја би да се врати во времето на матријархатот.
Уживанција;)
 
И да се вратиме во пештери да живееме ако неа? И да ловиме риба и лавови со копје. Имајќи бамбусови лисја на оние ствари.
 
Да не забегуваме од темата, периодот од пред 20 години го дадов баш со причина. Имавме доволно ниво на технолошки прогрес, имаше интернет, мобилни телефони, поврзаност на светот, но сепак имаше некој баланс.
 
Технологијата го оглупавува и му ја убива креативноста на обичниот грагаѓин.

Корисна алатка за работа и ништо повеќе, за се друго е начин да те отргне од реалноста, да те отуѓи и да те сопре да истражуваш. Истражувањето влијае во креативноста, а креативноста влијае на развој.

Типичен пример е уметноста. Прајмот во музиката, филмска продукција беше до пред 10-15год. Од тогаш навака е во слободен пад.
Луѓето најдоа начин како полесно да создадат уметничко дело со многу помалце труд од порано. Ама со тоа се изгуби на креативност, а со тоа и квалитетет на делото.
 
Извини Емче, но акоо треба бајрам на мозокот да си правиме, мене 20 години наназад не ми е баш по мерак...извини уште еднаш.
 
Не е темата бајрам на мозокот, туку идеална точка на технолошки напредок без негативни последици, според мене.
 
Технологијата го оглупавува и му ја убива креативноста на обичниот грагаѓин.

Корисна алатка за работа и ништо повеќе, за се друго е начин да те отргне од реалноста, да те отуѓи и да те сопре да истражуваш. Истражувањето влијае во креативноста, а креативноста влијае на развој.

Типичен пример е уметноста. Прајмот во музиката, филмска продукција беше до пред 10-15год. Од тогаш навака е во слободен пад.
Луѓето најдоа начин како полесно да создадат уметничко дело со многу помалце труд од порано. Ама со тоа се изгуби на креативност, а со тоа и квалитетет на делото.
Ја би рекол прајмот на музиката е 70ти - 90ти. Таква инструменталка од тогаш не е видена. Сега се е сведено на аутотјун и слични пичкесиматерне.
 
Не е темата бајрам на мозокот, туку идеална точка на технолошки напредок без негативни последици, според мене.
Ако мислиме дека со почетокот на дигиталната ера, значи од 1970 година започнуваат почетоците на сегашните негативности што ги гледаме, тоа би било пред 50 тина години.
Можеби не треба стриктно 20 години да биде потенцирано во темата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom