Според мене и да дојди приватен инвеститор – истата песна ќе е. Моментално Пелистер никогаш финансиски не бил подобро среден. По буџет сме веднаш зад Вардар, Шкендија и Струга – платите се редовни, обврските се сервисираат навреме и нема алиби од тој аспект.
Но проблемот не е во парите, туку во начинот на управување. И да дојде приватник, пак ќе ги гледаме истите сурати истите „легенди“ што се лепат како пијавици околу клубот ќе глумат авторитет и ќе влечат кон себе без визија и без одговорност.
На Пелистер му треба вистински спортски менаџер – образован, стручен, со јасна стратегија кој знае што значи спортски проект, развој на младинска школа и долгорочна стабилност.
Не ни требаат партиски потрчковци со трето одделение кои клубот го гледаат како функција а не како систем.Ние чекаме од Кашкавалo, Миљачо и играорецо луѓе што не можат една смислена реченица да состават — да водат клуб и да носат одлука.
Жалнооо....