Како оди процесот на издавање на книга во Македонија?

Член од
6 декември 2025
Мислења
16
Поени од реакции
33
Здраво дечки, ми треба било каква информација како вообичаено оди процесот за издавање на книга во Македонија доколку е преку некоја од нашите издавачки куќи. Што се мора да биде средено и подготвено пред да се пристапи кон некој од издавачите и дали можеда се разговара додека романот е во ракопис? Се работи за модерен трилер. Секој коментар или сугестија би бил добредојден. Ви благодарам!
 
Здраво момак. Добредојде во писателски води. Процесот е следен - прво се одлучуваш дали сакаш да одиш сам со издавање или преку издавач. Доколку си сам, уште во старт да ти кажам дека процесот е далеку потежок, се бркаш сам едноставно (уредување на книга, договарање со печатница, дистрибуција и маркетинг откако ќе излезе и слично), но плодовите од трудот ги уживаш целосно сам, после трошоци се разбира. Доколку одиш со издавач, подготви се (ова доколку немаш пријатели и роднини кај издавачите) да ти побараат пари за печатењето барем, бидејќи си новајлија во сферата и немаш изградено публика зад себе. Ако се договориш со ко-финансирање ќе треба да ти следува и поголем процент од продажба (најмалку 50 проценти). Доколку пак не сакаш да инвестираш ти, има и конкурс на Министерство, спонзори и слично, каде што се бараат средства (ова исто може и сам и преку издавач на тој конкурс да се аплицира). Во секој случај, патот е макотрпен од работен аспект во првиот случај и зафркнат од финансиски аспект во вториот случај преку издавач (просечен приход од процент во МК од продаден примерок е едно евро или тие 10-15 проценти од цената на романот, кое што издавачот го исплаќа или еднаш или два пати годишно на продадени примероци). Во секој случај, со среќа. П.С. подобро ти е готов манускрипт да им пуштиш доколку си нов, никако да не е завршен, ќе изгледа несериозно.
 
@Анде Јанков Ти благодарам за исцрпниот одговор. Во моментов имам педесетина страници, така да рано е за готов манускрипт. Од искуство, можеш ли да ми кажеш во кој дел од пишувањето треба да „ангажирам“ бета читатели? Ако замислата е за книга од 350+страници дали треба сега, на половина или можеби на самиот крај? Поздрав!
 
Па, пак подобро ти е при крајот. Се порано, ќе треба повторно да им праќаш дополнителен ракопис и слично.
 
Здраво @Анде Јанков, пред сѐ, благодарност до тебе што одвојуваш време и споделуваш искуства. Јас сум во слична ситуација, привршувам дебитантски роман, па заинтересиран сум за сам да го издадам. Во план сум да ангажирам лектор и уредник. По професија работам дизајн, така да за графичко уредување и печатење би бил вмешан 100% во процесот. Спремен сум да го покријам и финансискиот дел, но сѐ уште немам направено буџет рамка за да знам колку би биле целосните трошоци. Околу пласирање и маркетинг - дали има агенти кои би ми помогнале со преговарање и логистика околу пласирање во книжарници. Тоа би било „макотрпниот“ момент во мојот случај, и искрено немам идеја како би се одвивал.

Доколку имаш време и нудиш консултански услуги, би бил заинтересиран.

Фала ти однапред!
 
Нема таква работа како агент кај нас што би го покрил тој дел... едноставно кога човек издава сам, сите работи ги бутка тој и блиска фамилија. Ќе си посетиш книжарници и ќе се договориш за услови... и тоа е тоа.
 
Back
На врв Bottom