Здраво момак. Добредојде во писателски води. Процесот е следен - прво се одлучуваш дали сакаш да одиш сам со издавање или преку издавач. Доколку си сам, уште во старт да ти кажам дека процесот е далеку потежок, се бркаш сам едноставно (уредување на книга, договарање со печатница, дистрибуција и маркетинг откако ќе излезе и слично), но плодовите од трудот ги уживаш целосно сам, после трошоци се разбира. Доколку одиш со издавач, подготви се (ова доколку немаш пријатели и роднини кај издавачите) да ти побараат пари за печатењето барем, бидејќи си новајлија во сферата и немаш изградено публика зад себе. Ако се договориш со ко-финансирање ќе треба да ти следува и поголем процент од продажба (најмалку 50 проценти). Доколку пак не сакаш да инвестираш ти, има и конкурс на Министерство, спонзори и слично, каде што се бараат средства (ова исто може и сам и преку издавач на тој конкурс да се аплицира). Во секој случај, патот е макотрпен од работен аспект во првиот случај и зафркнат од финансиски аспект во вториот случај преку издавач (просечен приход од процент во МК од продаден примерок е едно евро или тие 10-15 проценти од цената на романот, кое што издавачот го исплаќа или еднаш или два пати годишно на продадени примероци). Во секој случај, со среќа. П.С. подобро ти е готов манускрипт да им пуштиш доколку си нов, никако да не е завршен, ќе изгледа несериозно.