Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Претпоставувам дека заради таквата градба и има толку проблеми со мускулни повреди. Класа играч, ама штета што е стаклен.
 
Пиши пропало, Џек Вилшер случај.
Би го чувал во тимот само заради тоа што е дете на Челзи и може да покрива повеќе позиции ама строго за ротации.

Лавија продажба.

Џабе колку и да се добри кога неможеш да рачунаш на нив цела сезона.
 
10та повреда на задна ложа во 5 ипол години.
Мало Густо не е сериозно решение за десен бек, така што можда конечно ќе треба да се пазари поозбилен играч за таа позиција.
 
Сме добиле едногодишна забрана за трансфери на првиот тим и девет месечна за академијата.
 
Исто прочитав дека и Густо се повредил така да ќе мора со Ачемпонг десно.

Сакав Ачемпонг и Чалоба да се стопери вечер, секако е изгубен двомечов, ама ќе мора Фофана да игра...

За Џејмс имаше пред некој период изјави од татко му, и тој е тренер, кажа дека има такво тело и конструкција што мора да вежба посебни вежби само за да ги нема тие проблеми што ги има моментално, ама очигледно медицинскиот тим на Челзи е најпаметен и глава не може да дигне човекот од повреди.

Ајде, додај десен бек за купување заедно со голман, стопер, лево крило, шпиц и ако си оди Ензо, 6-8.
2 милијарди, пола тим мора пак да пазарат.

Кловнови
 
Или Чалоба ќе игра десен бек или Нето и Кукуреља винг бекови во 3-4-2-1.
Во секој случај, пиши пропало.
 
Нејќев да ширам дезинформации пред двомечов, ама се видов со другаров од муабетов пар дена пред првава утакмица
Имам другар еден работи нешто со невладини во Британија, бил прееска на прес на Стармер, чул муабет некој пред прес-конференцијата, наводно Англија ќе ги исфорсира Клирлејк, Тод и компанија најдоцна до крај на февруари да го продадат Челзи и парите од продажбата да ги донираат во Венецуела. Изгледа после ќе се објави, следна недела утакмиците ќе започнат со пауза од една минута крената тупаница како поддршка за Венцуела и капитенските траки ќе бидат со боите од нивното знаме.

Интересно ако е вистина, ептен во гомна ќе западнеме, ама од друга страна сфаќам, правдата, мирот и борбата за подобро човештво се побитни работи од фудбалот.
Ми кажа наводно после убиството на Ајатолата, уште одма другиот ден на 1 Март им дале ултиматум на Американскиве сопственици или да го продадат тимот или да бидат елиминирани од ЛШ.

Овие рекле дека не се сложуваат со нападите на САД врз Иран и дека ќе го продадат клубот и ќе ги донираат парите во Иран и нивната армија, ама бидејќи не можеле да најдат купувачи толку брзо сепак се сложиле да ја наместат утакмицава.
Другар ми кажа вака баш "Слушај, Челзи 5-6 гола разлика го губи двомечов, договорено е, чисто ќе играат за да нема скандал, на крај на сезона се повелкуваат Американциве и ќе се продаде клубот, мора така, ултиматум е ова исто ко Роман ќе биде, ќе видиш.."

Не ми беше за верување, ама ете, сепак правдата исплива на површина. И да повторам:

ептен во гомна ќе западнеме, ама од друга страна сфаќам, правдата, мирот и борбата за подобро човештво се побитни работи од фудбалот.

Штета што вака ни се погодуваат сопственици со моќ во своите про-воени држави, се надевам следниот ќе биде некој понормален, можеби Миленко после Вардар
Автоматски споено мислење:

Како што гледам официјално топ5 екипи од Англија ќе играат ЛШ

Не знам, тимов е паднат од тоа што би требало да биде, искрено не знам дали е ЛШ калибар.
Глупо е да кажам дека е добро да се врати скалило назад, подобро е секако ЛШ да играат ама мислам не е ова тим за ЛШ

Јас да бев менаџер таму негде при крај ако влеземе во полу или целосно финале би одмарал играчи во лига за да играат во купот..
Секако, ова нема да се случи, ама поентата ми е дека мене лично ми е сеедно дали ќе играат ЛШ или ЛЕ догодина. Е ако играат Конференциска или не играат воошто во Европа тоа веќе би било сериозен чекор назад.

А сега кога веќе ние сме надвор од натпреварувањево... да се надеваме Ливерпул ќе влезат во 1/4 финале :D

П.С. Педро е многу добар играч. Од друга страна, целоснава одбрана во последниве пар години е едвај Чемпионшип ниво. Не е ни претерување ова, за добар дел од играчиве (со се голмани) постои шанса дека би изгубиле и стартна позиција во некоја од Чемпионшип екипите
 
Последно уредено:
За потсетување, ова беше првата утакмица

1773782545646.png

После една недела време за подготовки и подобрување го извадивме... истото

Кога ќе го отпуштат Росениор за да фрлат 500 милиони и загарантиран 25 годишен договор на Фабрегас или нешто подеднакво ретардирано ќе добиеме...... исти резултати.

Зошто?
1773782603596.png
 
Двомечов е тука негде со ова:

1773783395063.png
Автоматски споено мислење:

Живо ме интересира што совет дава што мораше да биде запишан и објаснет во 85 минута при резултат 2-8

1773783828663.png
 
Последно уредено:
Двомечов е тука негде со ова:

Прегледај го приврзокот 472510
Автоматски споено мислење:

Живо ме интересира што совет дава што мораше да биде запишан и објаснет во 85 минута при резултат 2-8

Прегледај го приврзокот 472512
Дечки аман ве молам движете се по теренот не излегувајте оти 0-3 службена ќе ни ја пишат.

Тренере абе секако е 0-3

Ааа, епа ок, покажи го ливчето на сите да излезе ок на камери


Шала на страна, мислам формација пишеше на листот, 4-2-3, оти после повредата беа 10 без да можат замена да направат, па Каиседо мораше да иде на десен бек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom