Ретко грешам во прогнози. Уште лани кажав дека влезот на Свињенко и сите игри со судии ќе ги избркаат сите од стадион и ќе ја врати групата многу години назад. Ланска година не успеа борбата против управа и тоа за нас беше најлоша опција. Поддршка од никого, статус кво ситуација, клуб запленет од разни селски структури со кој никој не се идентификува, играчи кои не се радуваа со нас додека не се постигна некакво стихијно примирје во кое секој ќе го игнорира другиот за доброто на клубот.
Жалосно за сите млади што душата ја оставаа(т) да ја водат трибината. Како што кажав, групата уште ќе привлекува членови на "стара слава", ама уште тогаш реков дека пак ќе имаме душка во младите генерации во иднина. Тоа што го прервидов уште одма се слулува. ЦПБ растат во бројка, ФА ќе си вратат членови, то ги враќаат партиски Пирати за да ти ги земат младите од Автокоманда итн.
Не сум многу активен годинава од семејни причини, не сакам да паметувам многу, ама за мене групата требаше сезонава воопшто да не навива на фудбал и да удри јако на ракомет и кошарка, како што БББ правеа во минатото.
Ептен плански и во минатото се покажало, кога е дпмне на власт се уриваат Комити (затоа што не им одговара јака група која може да оди контра "патриотската" власт), форсираат маалски групи со воџи кои се партиски контролирани членови, а сега ни го натопорија свињата и ултра одличните термини за фудбал. Пола утакмици ги играме во понеделник/четврток/петок во работно време.
И така не беше лоша првата полусезона, ама веќе се гледа ефектот од тоа што луѓето не сакаат да поддржуваат матни игри. Комити се ставени на тешка одлука, дали да бојкотираш и да пропаднеш или да навиваш во вакви услови и уште повеќе да пропаднеш. Како и да ја вртиш, избор немаш...