Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 31: @PticaSelica - (Да се намали прагот на правна одговорност на 14 години)

Да се намали прагот на правна одговорност на 14 години

  • Вкупно гласачи
    29
Ај нека заврши "големата" контроверза околу частот на прв дејт!
Стварно малку да се размрдаме викендашки...

Моето контроверзно мислење е дека треба да се намали прагот/возраста на правна (и секаква одговорност) на 14 години!

Ако некој на 16 може да вози кола (оружје во друга смисла), да вози мотор на 14, да пуши, пие, дрогира и ебе на 14 кај стигне свесно...

Тогаш мора да одговара и пред законот како свесен граѓанин (полнолетен) , а не да се вади или да го вадат дека дете било, не мислело како што треба!
Ма ајде!

Во САД за особени гадни кривични дела (убиство) ги шутираат директ у затвор за возрасни без око да им трепне. А таму законски тек од 21 се полнолетни!

П.С. ќе ја искористам темава да ги поздравам домашните, сите што ме гледаат, и екипица тука чисто од инат на феминацистките у састав: @мкд владе како воѓа, @A_ , @Ska Maniac , @парва , @курајбер @Erikson , @датум, и остали пред кооперација со песната..
Против! Не за инеат, туку затоа што навистина така размислувам.

Деликтната способност се врзува со оваа твоја возрасна граница, а до 18 години имаш и право на работа (уживаш и посебна заштита), како и имаш право да склучиш брак. Правото за брак, пред 18 годишна возраст, е врзано со неколку претпоставки, односно не претставува изворно право кое секој малолетник со наполнети 16 години може слободно да го ползува.

Во однос на возраста за возење автомобил, мора да се врзе со полнолетноста. Фатални се статистиките каде малолетници, од курч, гинат, убиваат сограѓани или прават огромна материјална штета. Немаш психофизичка зрелост на 16 години да управуваш со моторно возило. Овој аргумент не ти оди во значителна полза.

Друга работа, во одредени држави во Африка, па и во Азија, прагот за стекнување на работоспособност е премногу низок, некаде почнува и на 10 години, за што се зборува и за експлоатација на детскиот труд. Секое поместување на границите може негативно да се одрази по целокупниот општествен поредок, така, тиквата зелена ќе може да се отпише или воопшто да не се запише во средно училиште и да си го заебе целиот живот. Друго, низ историскиот развој на трудовото право, со причина, првите заштитни конвенции се за ограничувањето на правата на жените и децата. Децата, низ историјата, биле принудени да работат, притоа немало никакви стандари за работа, ни заштита и безбедност при работа, што ова темпо на живот се одразувало на нивниот психофизички развој.

Правото, генерално, е тесно поврзано со многу други науки (философија, социолигија, историја, економија, биологија, медицина, психологија...) и често влече заклучоци од овие науки, како закрила, со цел општите начела да ги пласира како задолжителни при контролата на општествениот поредок. Овој проблем се изучува и во граѓанското, трудовото и во кривичното право, па и сегментално во уставното право. Тука е и Конвензијата за правата на детето која го дефинира детето како секое човечко суштество кое не наполнило 18 годишна возраст.

Претпоставувам дека алудираш на кривичните постапки, па види го чл. 6-а од од Кривичниот законик (таму е предвидена возрасната граница). :)

И не би навлегувал во историјата на смртната казна во САД, тесно поврзан со твојата тема. Секоја среќа што, денес, е забранета поради Врховниот суд. По ова прашање не можам да се сложам со Федералистите, вклучително и со конзервативците, ова е чисто морал аспект. Правниот аспект, во овој случај, е малку комплициран.

Секогаш сум за унапредување на правата на децата, вклучувајќи ги и неродените бебиња, кои по секоја здрава логика се човечки суштества кои мораат да го уживаат правото на живот. Тие се иднината, тие се генерацијата за која вложување и живееме.
 
Многу убав пост!
Ама ова утре на трезно...
Сега Владе ми е на рамо...
 
Последно уредено од модератор:
Моето контроверзно мислење е дека треба да се намали прагот/возраста на правна (и секаква одговорност) на 14 години!

Ако некој на 16 може да вози кола (оружје во друга смисла), да вози мотор на 14, да пуши, пие, дрогира и ебе на 14 кај стигне свесно...
Se slozvam so ova no ne celosno tuku samo za odredeni kategorii oti odgovornosta vleci i odredeni prava koi maloletnik ne bi trebalo da gi ima.
Granicata od 14 e sosem dovolna da se zdobijat so odredeni prava za koi bi odgovarale kako vozrasni, posebno vo kategoriite koi gi spomna.
Ke zemime za alkohol na primer. Da mozat da kupuvaat alkohol i da go konzumiraat slobodno( sega e na 18 ) , no i da odgovaraat kako za vozrasni ako pod dejstvo na alkohol napravat belja.
 
Па ако некој бил доволно свесен да испланира и изврши некое кривично дело (како на пример Коста Кецмановиќ), тогаш тешко е да се брани со тезата дека е само наивно дете. Треба да има целна одговорност за најтешки дела како ова.

Но, моето мислење тука е и дека општеството потфрлило, а воедно и неговите родители во воспитувањето на истото. Треба да одговараат родителите, треба да се преиспита општеството, и треба активно да се работи со тоа дете во соодветни домови за рехабилитација и континуирана психијатриска опсервација.

Ако се намали границата на 14 години, значи ли тоа дека ќе имаат и право на брак, право на глас, работен однос, да подига кредити и сл? Дали се легализираат и сексуалните односи со помлади деца во тој случај? Исто нема да има проблем децата да одат во казино, да си купуваат алкохол и цигари. Иако е факт дека денешниве генерации се понапредни, ова е погрешно од многу аспекти и сепак е кршење на детските права, а да не зборам за тоа колку само им го олеснуваме патот на децата да станат криминалци и не правиме ништо корисно.
 
Коста и ми беше во предвид кога го пишував ова (иако оф-топик, он мислсм ни 14 немаше)

Инаку и не се објаснив можеби добро во воведниот пост...
Не велам да станат полнолетни со се што носи тоа (гласање, брак, дрндрн)
Туку да одговараат како возрасни за одредени кривични дела!
А права, конвенции и слично нека си важи понатаму...
На пр. не може да заснова работен однос или да биде искористен детскиот труд! Значи тоа други членови од законот ќе го покриваат. Во Германија е нормално на 15г да почнеш со платена пракса во фирма за тоа што го учиш, ама се знае што и како..

Зборував за кривични дела кои завршуваат со последици по животот, или тешки повреди поради нивните акции, намерни или не!
Не може копиљак на 15год да утепа човек со мотор и ден да не одлежи затоа што наеднаш тој неодговорен копиљак со ладно оружје, во суд се претвора во дете!
 
Да, ама едното со другото се коси. Како може некој да биде доволно зрел да го затвориш, а да не биде зрел за да работи или да гласа? Ако судот го прогласи за свесен како возрасен за убиство, тогаш неговиот адвокат веднаш ќе бара да ги има и сите други права. Тешко е да го третираш некој како маж во затвор, а како дете во општеството.
 
Се сложувам потполно.Тие 14-15 годишњаци знаат да бидат многу опасни.Со таков закон би се намалил и билингот по училиштата кој во последно време ескалира.Значи жртвите не се заштитени воопшто а властите и одговорните не преземаат ништо.Вака вршиш булинг има татко ти да си плати 500 евра за пријавата.Ако продолжиш дирекно на работа во некој каменолом.Најмногу ме нервира кога повозрасните ќе речат-Деца така се расти.
 
Да, ама едното со другото се коси. Како може некој да биде доволно зрел да го затвориш, а да не биде зрел за да работи или да гласа? Ако судот го прогласи за свесен како возрасен за убиство, тогаш неговиот адвокат веднаш ќе бара да ги има и сите други права. Тешко е да го третираш некој како маж во затвор, а како дете во општеството.
Прашај ги американците...
Кога веќе се угледуваме и воведуваме западни вредности, па може и некоја "добра" ствар да ископираме!
 
Зборував за кривични дела кои завршуваат со последици по животот, или тешки повреди поради нивните акции, намерни или не!
Не може копиљак на 15год да утепа човек со мотор и ден да не одлежи затоа што наеднаш тој неодговорен копиљак со ладно оружје, во суд се претвора во дете!
Или предизвикување на општа опасност.

Досега сум имал само еден кривичен предмет кој опфаќаше неколку повозрасни малолетници (16-17), иако има и материјални докази и изјави на сведоци, постапката одеше доста килаво. Обвинителството покрена акт откако добија закана со медиумски притисок, претходно повеќе од една година не постапуваа, немаа преземено ниту едно дејствие, а во меѓувреме обвинетите си станаа полнолетни и си се разбегаа низ странство. Нема да навлегувам во содржината на предметот, ама се работи за кривично-правни дејствија кои траеле долг временски период, речеси цела година наназад. Значи противправни активности кои во неколку наврати биле повторувани од обвинетите. Во тој период имало пријави по полициските станици, и тие ништо не преземале. Институционална кома. И се чека ескалација.
 
Епа ова е тоа што го велам...
Не сум правник, не би знаел да ги класифицирам точно и правно делата.. ама дефинитивно треба да бидат и копиљаците одговорни за своите постапки!
Разбојништво ете ми текнува на пример!
Ако некој ти извади нож или те нападне физички за да те ограби, што е битно дали има 14, 24 или 44 години :toe:
Правец Шутка, па Идризово... нема што да дискутираме!
 
Битно е! Шансите на 14 годишник, кој ќе ми извади нож, дека ќе му го земам и ќе му врзам шамар, се многу поголеми од оние на 24 или 44 годишник. Можеби сум граден како Тарзан, ама тешко дека едно копиле од 14 години може да ме совлада!
 
А дали ќе го зборуваш истово ако такво нешто и се случи на твојата жена, девојка, ќерка :toe:
Колку малку или многу треба да таква случка тргне во погрешен правец (пу, пу)!

Значи зборувам да се опфатат сите дела кои го загрозуваат човечкиот живот и здравје!

Второ, колку само случаи имаме во последно време.. па нема недела да помине ,а да не прочитаме како група девојчиња (да девојчиња) нападнале како чопор друго девојче, и тоа убаво го измавале, многу често додека друга снима отстрана!

Верувам дека 2 години во бараките во Идризово, идните мамини убавици, татини миленички, и идни "докторки", убаво би биле преваспитани од животот!
Можеби и занает ќе научат плус ако им фаќа тоа црпката шуплива :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom