Се' уште се фаворити битолчани за дербиво, пред се' ради домашниот терен.
Откако се повреди Тајник, можам да кажам дека малку скокнаа нашите шанси дека секогаш словенецот играше топ против нас. Вака ќе мора да комбинираат со Павле цела утакмица. Ако изротираме добро, би имале поголема свежина од нив на бековска позиција. Цела игра ќе им биде преку Фитиљот, ќе ја немаат бекап варијантата во Тајник. Сепак вакво дерби дуели се играат во еден здив и може Фитиљот без проблем да изигра напред назад 60 минути. Се надевам дека добра одбрана има припремено Чупиќ.
Не знам како е опоравен хрватот, со него добија доста на стабилност. Ама па и кај нас Мечка се враќа во полна пареа, така што добри сме сега и на внатрешна линија. Секако многу ќе зависи и од голманите. Они многу лесно не пробиваат и ни вадат пенали и ако се погоди расположен голман да им скине некој пенал, ќе ги добиеме.
Ако пред повредата на Тајник ќе речев дека шансите се 90-10 (само ради домашниот терен), сега ќе речам дека се некаде 80-20, односно би тепале 1 од 5 утакмици играни на нивен терен. Добро е што притисокот не е на наша страна, они се тие што ако загубат може да се збогуваат од титулата. Ние и да загубиме, ќе биде пресметан пораз, освен ако глупаците што коментираат по нет и мислат дека сме Кил, не ја засерат атмосферата со негативни коментари.