Фан клуб - РК Вардар

Следно на менито е работник да ги треснеме и нив вака како екипа од втор најракометен град:D.
Работник, интересен противник, релативно нов клуб, не знаеме што да очекуваме, можат да бидат незгодни,биле накострешени на секој клуб што доаѓа од град со аеродром
 
Да видиме дали ќе се поклопи исти ден и фудбалот и ракометот.Фудбалот стои недела Вардар Брера 14 часот ,ако се поклопува исти ден од фудбал директно на ракомет во Битола,двојна програма нема подобро.
 
Се' уште се фаворити битолчани за дербиво, пред се' ради домашниот терен.
Откако се повреди Тајник, можам да кажам дека малку скокнаа нашите шанси дека секогаш словенецот играше топ против нас. Вака ќе мора да комбинираат со Павле цела утакмица. Ако изротираме добро, би имале поголема свежина од нив на бековска позиција. Цела игра ќе им биде преку Фитиљот, ќе ја немаат бекап варијантата во Тајник. Сепак вакво дерби дуели се играат во еден здив и може Фитиљот без проблем да изигра напред назад 60 минути. Се надевам дека добра одбрана има припремено Чупиќ.

Не знам како е опоравен хрватот, со него добија доста на стабилност. Ама па и кај нас Мечка се враќа во полна пареа, така што добри сме сега и на внатрешна линија. Секако многу ќе зависи и од голманите. Они многу лесно не пробиваат и ни вадат пенали и ако се погоди расположен голман да им скине некој пенал, ќе ги добиеме.

Ако пред повредата на Тајник ќе речев дека шансите се 90-10 (само ради домашниот терен), сега ќе речам дека се некаде 80-20, односно би тепале 1 од 5 утакмици играни на нивен терен. Добро е што притисокот не е на наша страна, они се тие што ако загубат може да се збогуваат од титулата. Ние и да загубиме, ќе биде пресметан пораз, освен ако глупаците што коментираат по нет и мислат дека сме Кил, не ја засерат атмосферата со негативни коментари.
 
Пред се најважно е нашиве да имаат ладна глава. Да го пребродат почетниот притисок. А тоа се прави со концентрација во напад , без технички глупи грешки и борба за секоја топка. Ако биде така , одма ќе се стишаат во салата , така е стално. После ќе биде полесно. Не смееме да им дадеме да се размавнат , ќе мора да ја користиме секоја топка и секоја рупа која ќе биде во нивната одбрана. А тоа мора да биде со разноврсна игра , а не само да чекаме да се отвори рупа за влез на Малус или Хориха. Ако играме паметно можеме до позитивен резултат, ако се изгубиме на подолг период као што знаеме да направиме тогаш нема што да бараме. Ќе видиме , као што кажа ти притисокот е на нивна страна. Ние треба да излеземе и да одиграме машки на секоја топка , и да држиме тесен меч, тогаш се може да биде на крај.
 
Искрено сакав да го избегнеме Монпеље, ама па гледам дека тие се мачат и тоа што примија 34 гола од една Бидасоа изгледа не така страшно за нас (а на крај може да испадне и Елверум да го добиеме што би било супер за нас). Плус не мора да играме 1/8-финале, туку сме директно во 1/4-финале. Во Битола ќе биде тврдо, ама мислам дека имаме шанси да ги добиеме со некои 2-3 разлика.
 
Не треба да се преценуваме по двете победи над Мелсунген и Бенфика дома. Мелсунген играше без најдобрите во двата наврати, не се мерило победите, иако вчерашната беше импресивна. Бенфика ја добивме на атмосфера и истата таа Бенфика два пати губи од Кристијанштад, од кои вчера изгубија 8 разлика на домашен. Ни група не поминаа.
Не се форсираат многу екипиве во ЛЕ. Реално е дека во нашава лига ниту едно дерби на гости не го добивме лесно (во Охрид и 2 пати во Автокоманда), а и на домашен беше неизвесно до крај. Во Автокоманда два пати тепаме едвај, а во Битола ќе биде многу потешко.
 
Значи не им игра Тајник, а претходно Кано спомна дека ни Манасков нема да им игра поради казна. Како и да е, имаат квалитет и прашање е кој нивен играч ќе има свој ден - голманите, Фитиљот, Хосни...
Треба да одиме на победа. Во налет сме после двете утакмици со Алкалоид и двете европски, јас би сакал работата дома да ја завршиме што поскоро. Домашната титула ни е најважна.
 
Ќе игра Манасков. Му ја намалија казната, а и да не му ја намалеа секако ќе беше истечена досега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom