The Firm (1993)
Правен трилер по книга од американскиот писател Џон Гришам. Џон е правник, чинам и адвокат, така и сите негови филмувани романи, кои ги имам гледано, имаат доста инкорпорирани правни елементи. За жал, досега, немам прочитано ниту една негова книга, а некаде ја имам “Таен сведок“.
Мич, како приправник, е врбуван од едно од најпрестижните адвокатски друштва во државата, кое сака да го зачува и како адвокат откако ќе го положи правосудскиот испит. Од една страна се соочува со притисок, ниту еден приправник досега не паднал на овој испит, а од друга страна континуираната работа, напорот и стресот го оттргнуваат да се посвети на ова животно прашање. Договорот кој го потпишува со Фирмата го подигнува од сиромаштијата, но постепено ќе сфати дека потпишал договор со самиот ѓавол. Следен е на секој чекор, неговите постапки будно се набљудуваат од самите адвокати, па дури и куќата која ја добива како дел од склучениот доворот е полна со “бубачки“. Сфаќа дека паднал во пајаковата мрежа и без извесна саможртва нема да ја пронајде излезната врата.
Интересна мистерија, па дури и интересен изнајден правен начин да се најде кочница меѓу правичноста и непрекршување на заклетвата на доверливост. Имаше и малку акција при ловот, само крајот беше предвидлив. 3,5/5