ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 50: 1947 - 02.03-15.03.2026)

@ComfortablyNumb испадна од временската машина некаде на пола пат и го изгубивме некаде во времето. Во која година е, не знаеме. Ама ќе го најдеме. ;)
И он не знае. The question is not where, but when?
 
96. Gentleman’s Agreement - Elia Kazan (1947)

1773063039131.png

Многу глуп филм! Од тие години од кои ги немам гледано освојувачите на Оскар, тие ми се прв избор, па затоа изборот падна на него, инаку со само читање на таа една реченица од синопсисот достапна на LB, никогаш не би го пуштил да го гледам. На еден писател на мистерии во магазин, му е дадена задача од сопственикот на магазинот да објави серија написи за анти-семитизмот во нивниот град, па и во САД. Но, да не се тоа фактографски написи, туку баш како што пишува он во своите мистерии: да ги заскокотка луѓето да ги читаат. Мислејќи како да го направи тоа, му доаѓа идеја: се претставува на сите дека и самиот тој е Евреин и живее како Евреин околу 8 недели, ако не се лажам. И проблемите доаѓаат - не само во неговиот живот лично, туку и во животот на малолетниот син, а чудно - и во врската со Кејти.

Многу outdated филм. Работите од 1947 до денес очигледно многу се смениле. Ако тогаш Евреите имале низа проблеми и се наоѓале зад затворени врати ако кажеле дека се Евреи, светот денес се чини дека е тотална спротивност. Па така денес тие над кои било вршено насилство се насилници (а ако сакате да одиме и понатаму, што не е тема на филмов, тие над кои е вршен геноцид, денес вршат геноцид). Но не е само тоа што ми сметаше во филмов. Може, ете, наместо Евреи во нивниот удел тука да сместиш било која „обесправена“ група: нека се црнци, хомосексуалци, жени, муслимани... Тотално е сеедно. Расизмот, сексизмот, предрасудите и денес постојат. Искушенијата на маргинализираните и денес се слични. Она што е различно е што денес цел свет знае дека сите сме исти и дека дискриминацијата е злодело. Затоа филмов го видов како woke пропаганда направена многу пред woke пропагандата да постои вистински. И ми беше ептен cringe.

Дефинитивно еден од полошите Оскаровци кои сум ги гледал. Не препорачувам.

Грегори Пек е злато, thou. 5/10
 
97. Great Expectations - David Lean (1946)

1773088345902.png

Дури сега видов дека ова било филм од 1946. Како се нашол меѓу номинираните за 1947, не знам. Не е ни важно. Важно е дека од претходниот е 100 пати подобар! Земајќи го предвид фактот дека трет номиниран за Оскар бил Miracle on 34th Street, испаѓа дека условите во тоа време не биле многу поразлични од денес: наместо убави, топли филмови со убави пораки, победувале пропагандни филмови.

Great Expectation е екранизација на епскиот истоимен класик на Чарлс Дикенс. Како и сите викторијански романи, „Големите очекувања“ е роман од епски размери кој Лин некако успеал да го пикне во 2-часовен филм. Иако, за оваа би можело да се сними и цела серија! Многу убава приказна: сиромашно момче, сирак, прави едно добро дело како дете. Одекот од тоа добро дело понатаму ќе му го дефинира животот. И можеби прави многу промени во неговиот живот, но едно никогаш не се менува - чистотата во неговото срце и добрината која ја носи во себе. Пип е лик кој е штета што не е толку многу популарен во светски рамки како еден Оливер Твист, на пример. Но ги заслужува сите можни позитивни епитети на светот.

Во филмот има неколку плот-твистови од хичкоковски размери на кои и модерните филмови би им позавиделе. Навистина целиот филм е толку убаво направен, што ем посакав да го прочитам романот на Дикенс, ем да видам и изгледам секоја можна друга адаптација на истиот. И се надевам дека наместо да снимат уште 30 екранизации на Little Women, Wuthering Heights, Pride and Prejudice и др. слични викторијански романи, ќе му текне на некој да го екранизира пак овој masterpiece. Или барем да го обои!

8/10
 
46. 1967

1.
Le Samouraï

IMG_7106.jpeg


Џеф Кастело (Ален Делон) е платен убиец кој оперира во Париз. Животот му е едноставен - станува, ја храни птицата затворена во кафез, излегува и убива. Безмилостен и без емоција, овој човек живее во неговиот сив и монотонен свет, без грам насмевка на неговото лице. При извршувањето на едно убиство тој ќе биде виден. Директен сведок кој застанува пред него, но сепак без зборови двајцата се разминуваат. Филмот продолжува со потрагата за убиецот, а убиецот барајќи алиби.
Интересен беќе филмот, држи внимание, одлична работа со камера и убави бои.

3.5/5
 
46. 1967

1.
Le Samouraï

Прегледај го приврзокот 472076


Џеф Кастело (Ален Делон) е платен убиец кој оперира во Париз. Животот му е едноставен - станува, ја храни птицата затворена во кафез, излегува и убива. Безмилостен и без емоција, овој човек живее во неговиот сив и монотонен свет, без грам насмевка на неговото лице. При извршувањето на едно убиство тој ќе биде виден. Директен сведок кој застанува пред него, но сепак без зборови двајцата се разминуваат. Филмот продолжува со потрагата за убиецот, а убиецот барајќи алиби.
Интересен беќе филмот, држи внимание, одлична работа со камера и убави бои.

3.5/5
This is what they call "a blast from the past". :D

Ама блиску сме и ние, 20 години поназад, ќе не стигнеш. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom