Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    110
  • Гласањето е завршено на .

Не е ништо погрешно само фалат одредени победи како оние против Лацио, Рома и Дортмунд да се добие правата слика. Мислам ако ги има Наполи и Бодо на оваа листа секако дека и римските екипи треба да се таму. А и Аталанта ја доби Киву, така да не му е лош скорот како за прва сезона и речиси никакви засилувања откако наследи екипа која беше ресетирана во Јуни.
 
Лацио , Рома и Дортмунд ги сметаш за големи ?
 
Лацио , Рома и Дортмунд ги сметаш за големи ?

Ај види ја листата кои тимови се и протчитај пак што напишав.
За мене Наполи не е поголем клуб од Лацио или Рома. Не постоеа на мапа кога јас почнав да гледам фудбал до таму некаде кога Интер се распадна после триплетата. Они и нивните фанови некако со сила се буткаат помеѓу најголемите три клубови во Италија ама мислам дека на сите други им е јасно дека Наполи е голем, но не толку колку Интер, Милан и Јуве.
Дортмунд не бил голем клуб. Ххх, окк.
 
Не е ништо погрешно само фалат одредени победи како оние против Лацио, Рома и Дортмунд да се добие правата слика. Мислам ако ги има Наполи и Бодо на оваа листа секако дека и римските екипи треба да се таму. А и Аталанта ја доби Киву, така да не му е лош скорот како за прва сезона и речиси никакви засилувања откако наследи екипа која беше ресетирана во Јуни.
Фер за Дортмунд, али Наполи као еден од трите тима што ја има освоено лигава у последниве 6 години (два пати) у секој случај треба да е на листава пред римските ботови, без разлика како ги гледаш ти и кај биле коа си почнал да пратиш фудбал.
 
Дортмунд не бил голем клуб. Ххх, окк.
Серизоно ? :pos:
Па кој тоа доби храброст Дортмунд да ги мери со јебени Тотенхем и тоа посебна тема да отвори за нив ? Не викам дека си ти. За кого навиваше тогаш ?

Ништо лично, интересно ми е кога како политичарине си менувате нарација во зависност од тоа што ви иде во корист а што не ви иде.
 
Фер за Дортмунд, али Наполи као еден од трите тима што ја има освоено лигава у последниве 6 години (два пати) у секој случај треба да е на листава пред римските ботови, без разлика како ги гледаш ти и кај биле коа си почнал да пратиш фудбал.

Абе една две титули не ги прави поголем клуб од Рома. Си има многу други фактори зашто Рома е голем клуб. Еве Ријека во Хрватска има повеќе титули од Хајдук последниве 20 години. Дали тоа ги прави поголем клуб? Левски и ЦСКА колку и да се паднати да играат во трета лига ќе привлечат повеќе интерес од Лудогорец кој последниве 15 години е неприкосновен во Бугарија.
Истото и за Манчестер Сити. Колку сака титули нека имаат, уште 50 години нема да се поголем клуб од Јунајтед или Ливерпул. Пак овие две екипи ќе привлечат повеќе внимание а тоа е заради големината на клубот. Не сум ги измислувал ја овие работи. Тие се создавани низ многу години со многу меѓусебни дуели. Не може Наполи кој 20 години хибернирал и испаѓал како Лече од прва лига да биде поголем од Рома. Во најлош случај за Рома да се еднакви моментално заради тие две титули.

Нема везе, поентата беше дека намерно се изоставени одредени екипи а Бодо напишан два пати за да се прикаже Киву во негативно светло. Реалноста е дека за прва целосна сезона како тренер на сениорска екипа во конкуренција на менаџери кои имаат многу повеќе искуство и сите освоиле претходно лига, некои и многу пати, и кои добија подобри засилувања, добро го менаџира тимот и до вчера беше со плус 10. Три-четири порази повеќе од директните противници и испаѓање од Бодо нема да го смени впечатокот за него а и пред сезона никој не мислеше дека ќе догура до тука. Го бива како тренер и ќе има добра кариера според мене. Го потценивме повеќето и сега изгледа тие што биле најгласни на интернетот против него прават вакви слики.
 
Серизоно ? :pos:
Па кој тоа доби храброст Дортмунд да ги мери со јебени Тотенхем и тоа посебна тема да отвори за нив ? Не викам дека си ти. За кого навиваше тогаш ?

Ништо лично, интересно ми е кога како политичарине си менувате нарација во зависност од тоа што ви иде во корист а што не ви иде.

Што сакаш да кажеш? Ништо не те сфатив. Тотенхем, Дортмунд, тема сум отворил за нив ама викаш дека не сум јас?!?! За кого сум навивал - кога?
Ако за тебе Дортмунд е помал клуб од Бодо и Наполи кои 4 пати се на листата, тогаш нема многу простор за дискусија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom