- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.581
- Поени од реакции
- 13.565
Мала шега нашинец. Ти најдобро знаеш што ти одговара. Работата е што САД се голема држава и голема економија па проблемите се прелеваат на остатокот на светот. Мене ме загрижува можноста да дојде до криза или крах кој ќе дојде и кај нас. Добро се знае дека најбогатите 1% (се надевам дека си близу) немаат гајле, ние овде ќе го кркаме.
Од што ќе го кркаме кога целата индустрија велемајсторски си ја самоуништивме во 1990-те години ?
Речиси ништо не извезуваме во САД, а и во остатокот од светот, речиси ништо не увезуваме од САД - произведено во САД се разбира, а не ајфони и други играчки произведени во Кина - а најмногу увезуваме од европските држави, конкретно автомобили и машинерија од Германија и пченица од Србија, бидејќи откако се осамостоивме во 1991 година ептен ни тргна независноста пред се` во поглед на домашната исхрана.
Ништо не произведуваме, ништо не продаваме, се разбира со исклучок на младите кои се иселуваат, а и во случај на нова светска економска криза пак ќе се иселуваат, само во некои помалку исплатливи држави, но сепак поисплатливи во споредба со останување во Македонија.
Ако добро помнам кога се случи светската економска криза во 2008 година воопшто не се намали побарувачката на странски работници во Германија, но сепак имаше години кога добар дел од Македонците емигрираа во Шпанија и Португалија, само 1 или 2 години траеше, но сепак им постоеја како алтернативи наспроти богатите развиени економии од типот на Германија, Франција и Велика Британија - кај овие последниве ниту тогаш, ниту сега не ми е јасно што бараат.
3...
2...
1...
Трамп: Јас бев единствениот кој кажа уште тогаш, од секогаш знаев ...
Последно уредено:
