Здраво на сите.
Конечно после години завршив со процедурата, а преку годините имаше корисни постови во темава, па сакав и јас да споделам мое искуство со крајните делови од постапката за добивањето на државјанство/пасош.
Бев на интервју во 2022. Државјанството ми беше доделено во 2025, по малку помалку од 3 цели години. Не се сеќавам на што и како во периодот измеѓу кога преминав од една на друга фаза, итн., меѓутоа за мене немаше компликации.
Бидејќи не ја отворив страницата навреме, решението ми беше испратено по конзулска пошта па требаше да го чекам некој месец. Доколку успеете да закажете термин да го земете лично од Софија, мислам дека би било полесно, а сигурно побрзо.
Во конзулатот ми побараа да им однесам две слики, да им уплатам на сметка кој знае за што, па ми го дадоа указот. Ми рекоа дека ќе го испратат тоа писмото за да добијам адреса во Софија, и ми дадоа два броја за контакт, меѓутоа никојпат не можев да добијам никој. Единствено успеав на овој број, што мислам дека е од општината, да стигнам до некаков одговор +35929872801. На првата страница на оваа тема пишува за максимум 2 месеци ќе е стигнато писмото, ама во мојот случај чекав околу 4.
Пријател од Софија со полномошно беше да ми го земе документот за адреса. Не знам што точно му требаше бидејќи одамна му имав дадено некои мои документи, но меѓу другото имаше копија од мојот пасош и интернационален извод. Изводот немаше потреба да е преведен и легализиран, а ако одите со македонски претпоставувам дека треба.
За пасошот и ЛК бев лично во Софија да се сликам и ги зедов по „експресна постапка“ (околу 180 евра вкупно), за 8 работни часа (имате и „брза“ за неколку дена, и обична). Доколку сакате да завршете работа во еден ден, односно да одете во Софија наутро, да се сликате и да ги земете документите во истиот ден, ви препорачувам да се сликате меѓу првите, бидејќи инаку можно е да не ви се готови навреме. Тоа значи дека или треба да чекате во ред од 7 наутро (јас така направив) бидејќи ќе има многу гужва, или да закажете термин. Јас патував ноќта со кола и стигнав рано, а за тие што планираат да одат со автобус или да патуваат со група да ве потсетам дека сега на граница треба да ве сликаат и да ви земат отпечатоци (за тие кои немате пасош од Шенген држава, а тоа се веројатно 99% од засегнатите). За тие со кола, не заборавајте вињетка, која се купува онлајн.
Бев да се сликам во
„Цент'р за административно обслужване на граждани“ на адреса Кнјагинја Марија Луиза № 91, а сум прочитал дека има неколку места каде што може да се сликате и да ги земете документите. Конкретно ја имам видено адресата Марија Луиза № 48 споменета неколку пати - таму видов знаци „Б'лгарски документи за самоличност“ и „Миграција“ и голем ред надвор. Препоставувам во првата канцеларија можете да завршете работа, меѓутоа тој оддел „Миграција“ би рекол дека е за странци во Бугарија (да ве потсетам дека ако сте за пасош/лк, вие не сте странски државјанин, без разлика што не сте роден/а со државјанството), така да внимавајте да не чекате во грешен ред ако одете таму, бидејќи веројатно тоа е за документи за привремен престој. Инаку се обидов адресите да ги напишам по оригиналното писмо, али форумов ги заменува бугарските букви со македонски...
Кога отворија во 8:30, службеничката праша дали некој има закажано термин (никој немаше) така да можеби е најлесно така и ќе ве пуштат во точно време - се прави онлајн, некаде тука
https://www.mvr.bg/dbds/. На шалтерот ќе ви дадат едноставен формулар, потребни се некои ваши лични информации и имиња и дати на раѓање на родителите. Јас бев со (1) оригиналниот пасош и (2) оригиналниот указ, а со мене беше пријателот кој ми го зеде (3) документот за адреса, го донесе него и мислам (4) оригинален интернационален извод. Најдобро да си прочитате
тука, особено ако имате документи за брак/деца/слично, не знам како тоа влијае. Мислам дека имав завршено работа до 8:45-9:00, а службеничката ми рече да се вратам после 16:30. Се вратив околу 14:30 и чекав 20ина минути со број за да ми кажат дека документите не ми се готови. На крај се вратив во 16:45 и редарот на врата ме праша на која адреса сум регистриран. Му кажав Леге 6 и веднаш ме упати кон шалтер 18-19. Ми рече дека бидејќи адресата е во Софија не морам да чекам, можам веднаш таму и одма ми ги дадоа документите.
Ете тоа можам да го придонесам јас, на сите ви посакувам среќа.