- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 4.132
- Поени од реакции
- 8.508
После тешка пропадната врска (за која читавте на долго и на широко низ повеќе теми, а конечно ја оставив зад мене), често ми се врти во главата дали мене некој некогаш ме сакал. Или, во кој момент од животот сум се осетил најсакано.
За мене тоа беа родителите. Солидно љубов осетив од двата родители.
Од мајками особено многу - се сеќавам, најмногу како дете. Кога? Секогаш морав да ја бакнам на образ и да ја гушнам осеќав љубов/ или секогаш кога ќе ме бакнеше на образ и ќе ме гушнеше, секој ден пред да заминам на училиште. И секој ден кога ќе си дојдев.
Таткоми покажуваше љубов на друг начин. Најчесто кога сум бил болен. Секогаш растрчан да купи лекарства и да направи пилешка супа/чорба, ко лек за секој грип.
Таткоми знаел да покажи љубов и преку материјали работи. Да ти купи нешто, кога финансиски бил во можност.
Кога го читам ова над себе, гледам дека ме клонираја. Пошто го правам истото. Ако се вљубам во некој, најголем сон не ми е ни да го **** туку да го гушнам или гледам кај што спија. А љубов покажувам доста и преку материјали работи.
Мислам дека можеби ова е мојата карма. Неможиш да имаш се во животот, па така ако родителите те сакале толку многу (а многу деца го немале ова), тогаш можеби подоцна во животот, кога е време ти да градиш романтични врски, нема да ти оди доволно добро. Веќе си осетил љубов, океј од луѓе кој ти се твоја крв. Друго е да се вљуби некој во тебе кој нема крвна врска со тебе, мислам. Но човек треба да е благодарен што ја имал бар првата љубов која ја опишав. Затоа што многу деца ја немале ни неа. Можеби токму тие ќе ја имаат бар другата - романтичната љубов подоцна во животот и некој ќе се вљуби лудо во нив.
Можеби сакаш премногу, затоа што од мал те научиле така. А на светов не е модерно да сакаш. Ние што сакаме, сме, неинтересните. Можиш да изгледаш ко топ модел, да си самоуверен - но штом сетат дека сакаш... ова по дифолт значи дека си добар. А за добрите и лошите момци имаме тема.
Ајмо кајганаџии, кој ве сакал најмногу во животот. Напишете и за љубовни/романтични врски за да зеленеам од љубомора зад дисплеј. Но во исто време и да сум среќен, дека ете на некој му оди и поинаку.

Последно уредено: