Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
The Deuce добра серија, не така често споменувана на форумов... Њу Јорк во 70ти и 80ти, период кога проституцијата, порно-индустријата и организираниот криминал доживуваат експанзија.
Се поврзуваш со ликовите, соочуствуваш со нив. Последната сцена буди слични чуства како крајот на сикс фит андер. Препорака од мене.
 
The Deuce беше многу добра.

Јас ја гледам Better Call Saul, не сакав да ја гледам баш, ја почнав да правам друштво, а и што ќе гледам кога ми е зафатен телевизорот... ама се навлеков вака така, на петта сезона сум. После ова некако сакам да ја репризирам Брејкинг бед, ќе видиме ај за тоа, многу работи ми се заборавени од нејзе.
Ме чекаат добри месеци во тв делот ако репризирам, после може и The wire ќе ми текне...
 
Дали некој гледал Industry на HBO? Некако алгоритамот цело време ми ја нуди, ама не знам дали вреди да се гледа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom