Срцев застој како последица на асфиксија ( со оглед на раната околу вратот и отечениот образ) се оживува (секако откако ќе се воспостави контрола на дишниот пат преку краш интубација). Кога ќе го елиминираш причинителот за секундарни срцев застој и истовремено го лечиш, постои поголема можност за повраток на крвоток и секако срцева акција. Ликот, според мене е тој. Бидејќи се дипл.техничари постои можност да имаат имано "failed intubation" и позицијата на тубусот (според сликата) не е баш добра (плитко изгледа) и затоа има надуен стомак).
Не се сомневам дека ликот е тој, при давење образот отекува и не наликува на истиот човек, процедурата/постапката на спасувачите е автентична. Она што е сомнително е давењето со постелнина, не остава такви импресии на вратот. Голема е веројатноста дека е користен е кајш/сајла или сличен материјал што наговестува убиство со давење од страна на некој профи убиец.