Ретроспектива: 20 години Кајгана форум

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Имаше добри спомени и другарства излезени од форумов. Уште стоим тагнат на некоја стара слика од ФБ од Кајгана Собиранка 2010 година :D
 
Јас 2011 од форум си ангажирав работник, чудни времиња! Покомпактна заедница бевме.
 
Се сум кажал пред некоја година :D
Скоро 18 години член на форумот. Уште од средно се пуштав, од информатика, дека дома немав компјутер, а за интернет немавме ни чуено. Зачленет ради спортските теми и навивачките групи, до ден денешен се пуштам секој ден од истите причини.
Секако, пропратно во различни периоди од животот, активен на разни теми.

Премногу познанства од форумот. Можеби трицифрена бројка на луѓе имам запознаено, особено фанови на Вардар. Со некои до ден денес дружиме.
Да се надоврзам на цитираното во постов, за писменоста во годините кога сум се зачленил :D
Ме полнеа со црвена репутација, па дури и кога ќе дадев зеленко на некои, им се намалуваше репутацијата :D

Другар што ми го препорача форумот ми пишал веќе да не му давам зеленки и одговорот е импресивен.
What the fucking fuck :)

Screenshot_20250910_152832_Chrome.jpg

Ова беше начин на пишување на просечен млад човек на интернет просторот во тие години, ама со годините се описменивме.
 
Ама лета времето, од 2007 сум, па после менување на компјутер и не си го запишав корисничкото име и лозинката и заборавив како беше, па од овој профил сум 2011 година, слабо пишувам, ама редовно читам категориите фудбал, политика и вести, исто и категоријата филмови, многу изгледани филмови од членови што пишувале кои се добри филмови особено од жанр хорор!
 
Најквалитетните минути поминати на интернет во последните 15 години.Да живее Кајгана!
 
Член од 08.2006, 20 години праам на форумов годинава! Колку ноќи сум прошла читајќи ги вашите мислења, не се бројат.. Не бев нешто многу активна низ годините со пишување, спектаторската улога поише ми годеше некако.. Во таа златната доба на почетоците на форумов,и пред фејсбук да стане нова религија, форумов ми беше се' на свет, го рекламирав кај стигнев, го цртав логото насекаде, и читав, и читав, и работа изгубив, оти место да завршам обврските, јас на форум киснев! Имаше многу култни ликови, чиишто мислења ги поштував многу. Со годините и обврските некако,се' поретко навраќав на овие жолти страници, ама не ги заборавив скроз, сепак од време на време, ќе ме фати носталгија и ќе дојдам да ѕирнам што се случува. Молам @Tonchie ако чува некоја фотка со мене од собиранките цирка 2007-2010, да ми ја прати!!
Поздрав, бивш јузер NIppI, сегашно Diabollical !llusion!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom