- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.341
- Поени од реакции
- 17.371
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тешко, барем не до 2032, за понатаму ќе видиме.Испаѓа секое второ европско е таму организирано - ги пуштаат младинските и кадетските на балканот за да ќутиме, ама ќе мора и некое сениорско да дојде тука (и ние можеме со Србија и Романија да организираме некое заедничко ЕП).
Апсолутно не. Го кршат од ќотек, не знам како е целосен сеуште, како гума е. 60 минути ги цепа со исто брзо темпо, се залетува без страв, никогаш не сум имал чувство дека го штитат судиите. А треба да го штитат, за некој копач да не му ја уништи кариерата. Ова споредбава со богаташи деца не знам од каде потекнува, ликот сам си се бори за се, партал прави и како што спомнаа погоре не се буни за ништо, тивок е ко ракометен Меси.Еве јас сум му хејтер.
Можеби хејтер е тежок збор, само општо онака не го сакам како и цела Данска репрезентација, секогаш навивам против нив со кого и да играат, досадни се веќе со доминацијата, а богами и со играње финалиња на домашен терен.
Кога е Гидсел во прашање, за него тоа важи и на клупски план, само поради него секогаш сум контра Фуксе.
Од прв ден кога се појави одвратен ми е со таа фацата и стилот на игра, секогаш имам чувство дека судиите се на негова страна кога треба да му се досуди пенал или ислкучување за противникот, ужива привилегии како никој до сега.
Форсиран е од сите страни, почнувајќи од новинари, медиуми, федерации како Ихф и Ехф, судии...
Се со цел од него да направат ракометна ѕвезда, бидејќи после пензија на Балиќ, Карабатиќ и Хансен, никој природно не се наметнуваше да ги наследи.
Гидсел во ракометниот свет ти е она разгалено детиште кое е синче на богаташи и сега сите го гураат.
Тато и мама се некои прљави бизнисмени кои се пуни кеш, секој ден го носат со кола во школо, му плаќаат приватни часови, му купуваат ајфон на 6 години, има скапи брендирани алишта и разни играчки кои другите деца ги немаат и капак на се и наставниците му попуштаат кога ставаат оценки.
Така јас го доживувам Гидсел, сепак тоа не го менува фактот дека моментално е број еден.
Жилајца играч, шо би се рекло селско детеАпсолутно не. Го кршат од ќотек, не знам како е целосен сеуште, како гума е. 60 минути ги цепа со исто брзо темпо, се залетува без страв, никогаш не сум имал чувство дека го штитат судиите. А треба да го штитат, за некој копач да не му ја уништи кариерата. Ова споредбава со богаташи деца не знам од каде потекнува, ликот сам си се бори за се, партал прави и како што спомнаа погоре не се буни за ништо, тивок е ко ракометен Меси.
