Освен ако не го саботираат од внатре, не разбирам што прават во Минесота зошто ова што го прават е комплетно непродуктивно од аспект на бркање на мигранти. Главниот број на мигранти се во Калифорнија, Њу Мексико, Невада, Тексас, Аризона, Јута. Таму АЈС нема потреба воопшто да бара, на секоја фарма сите се мигранти, во сите стоваришта сите се мигранти, хотели, фабрики се се имигранти. Ќе можат буквално да пунат цели железнички композиција на дневно ниво во овие држави.
Проблемот е дека во тие држави освен во Калифорнија, луѓето што ги поседуваат бизнисите и фармерите се про-Трамп, па избегнуваат на нив да им влегуваат во бизнис.Посебно сега кога доаѓаат избори. Па земаа во Минесота се насочија каде што реално немаат никаква шанса на избори, и верувам дека ако имало план со позитивен крај дека планот бил првин јавно апсење на илегалци, а второ покажување како демократите ги штитат. Проблемот настана зошто двајца лошо тренирани агенти убија две личности за глупост ( дали ова е намерно или не намерно нема да влегувам ) и сега целиот наратив се сврти против нив.
Уште повеќе со последното убиство кое што почнаа да го оправдуваат со наратив против вториот амандман за носење на оружје. Сега се буквално во слободен пад од аспект на наратив и ги вратија демократите од мртвите. А реалноста е дека во Минесота не се да бркаат мигранти. Тие Сомалијците што ги правеле измамите, кои нема шанса они сами да го смислиле и организирале, гарант переле пари со локалните власти, тие се сите легални жители. Таму се повеќе од 30 години. Мигрантите се на југот, и во северо истокот.
Ако ситуацијата продолжи да се развива со исто темпо, позицијата дека мигрантите треба да бидат депортирани никој нема да смее да ја спомне, зошто ќе биде комплетно дискредитирана.