Неизбежно беше на Хрватска да и се случи вакво нешто, со оглед на тоа колку вложуваат во ракометот последните 10+ години и општата незаинтересираност на луѓето таму за ракомет.
Лани финале играа само поради домашниот терен и поклопување на уште многу коцки по патот, дури и во таква ситуација кај луѓето немаше некоја еуфорија, активно следам нивни поткасти и медиуми, можам да кажам дека посебно кај младите ракометот е сметан за некаков циркус од спорт, имаат дури и зафрканции од типот дека ракометот воопшто не е спорт или во најмала рака е "Сјечански спорт".
Попрво покрај фудбал и кошарка, следат ватерполо, футсал и ММА, после дури доаѓа ракомет на листата.
Лигата им е катастрофа, мислам дека се и единствена лига во Европа каде за 35 години имаат само еден шампион.
Долги години претседател на федерација и прв човек на Загреб им беше Зоран Гобац, ракометниот Здравко Мамиќ, алфа и омега во нивниот ракомет, понашање и начин на работа ранк на Миленко кај нас во фудбалот.

Таму стварно го имаше тоа што кај нас го наметнуваме за Алкалоид(потпис за Загреб = повик за репрезентација).
Уште во 2002 година кога Метковиќ ги победиле Загреб за титула во првенство, неколку дена подоцна Гобац извадил наводни документи дека Блаженко Лацковиќ играл на пријателска за Метковиќ додека уште не бил регистриран како нивни играч.
Поради тоа СЕ ОДЗЕМА ТИТУЛАТА НА МЕТКОВИЌ И СЕ ДОДЕЛУВА НА ЗАГРЕБ, а Лацковиќ добива суспензија од една година, после месец дена Лацковиќ потпишува за Загреб и суспензијата се поништува.

Година дена пред тоа играчите на Метковиќ во решавачкиот натпревар за титула со Загреб го напуштиле теренот поради лошо судење, биле пречекани во својот град како шампиони, титулата како и обично завршила пак кај Загреб по одлука на маса.
Тие години барем лигата им била јака, имале може 5-6 екипи кои биле тука некаде со квалитет и се бореле за врвот, всушност и цела легендарна генерација што ја имаа со Балиќ, Вори, Метличиќ и компанија е производ на тие години.
После падот на лигата, полека почнува и падот на репрезентацијата, кој од година во година им е се поголем.
Имаа среќа што Дувњак се појави во меѓувреме и одржаа некој континуитет, плус ние им ги развивме Циндриќ и Карачиќ, да не беше Вардар овие никогаш немаше да станат класа играчи.
Последна добра генерација за нивни услови што ја имаат извадено е 1987/88, таа на Дувњак, Карачиќ, Штрлек...
После тоа потоп, чекаа само играчи од Херцеговина да добијат, пола репрезентативци им се од таму,
евентуално Македонија или Словенија ако им развиеме играчи, плус некој дијаспорец како Мартиновиќ или Шипиќ што ги добија.
Последните години и дијаспорците ги одбиваат, не ти седат денешните генерации некој како Гобац, Мамиќ или друг човек кој е партиски врзан да им глуми некој фактор.
Ете го Марко Гргиќ од Фленсбург е моментално еден од најдобрите леви бекови во светот, само 22 години има дечкото, татко му бил Хрватски репрезентативец, малиот за Германија одлучи да игра.
Браќата Цикуша исто ги одјебаа, татко им моментално е тренер на Бјеловар, овие Шпанија ја одбраа.
Не ми текнува дали има уште некој, ама во овие изгубија цела бековска постава што во наредните 10-15 години ќе им бркаше работа.
Не би се изненадил за 10 години од сега Хрватска да биде на некое ниво како Македонија, Србија, Црна Гора...
Поблиску се до тоа отколку до враќање во елитата.
Затоа да се редуваме и да користиме додека имаме јака лига и дерби натпревари, комбинација на тоа со добра работа со млади играчи и нивно форсирање во клубови како Алкалоид, Пролет и компанија е за нас единствениот пат до успехот.