Европско првенство 2026 [Данска-Шведска-Норвешка]

Портнер им еба матер на Словенија во првото полувреме.
 
Не зборам за квалитетите на Диме, да не копам низ темите кај шо експертите го ставаја пред Кузмановски, па го имаш Борко во тој подкастот на Екипа пред 2 недели кај што експлоцитно мртов ладен дава изјава дека Гориха е најдобриот играч што доаѓа од македонската лига.
Фитиљот неоправдано буквално го рапснаја низ медиуми, па со вакви деградирачки перфидни изјави како на министерот го стават во пододредена ситуација со факинг Дмитри од Украина. А Фитиљ ај да на претерам ама можеби и најдоброто во ракометот послем Лазаров.
По ерата на Лазаров и Муркуловски (па и Номче), дефинитивно е убедливо најдобриот бек. Најдобра одлука му беше што се врати во Пелистер каде што со голема минутажа и слобода во играта, се доизгради како лидер. Ако си замине сезонава и отиде во Бундес на пример, по мене ќе направи страшна грешка. Во Пелистер има и слаби партии, особено ако претера со шутеви, во репрезентација е цар.
 
По ерата на Лазаров и Муркуловски (па и Номче), дефинитивно е убедливо најдобриот бек. Најдобра одлука му беше што се врати во Пелистер каде што со голема минутажа и слобода во играта, се доизгради како лидер. Ако си замине сезонава и отиде во Бундес на пример, по мене ќе направи страшна грешка. Во Пелистер има и слаби партии, особено ако претера со шутеви, во репрезентација е цар.
Уф незнам што е подобро за неговата кариера дали е подобро да продолжи во Битола( секако дека сакам) или да излези на голема сцена и да се допрофилира како професионалец реално што во средина како Битола неможи да го достигни.
 
Уф незнам што е подобро за неговата кариера дали е подобро да продолжи во Битола( секако дека сакам) или да излези на голема сцена и да се допрофилира како професионалец реално што во средина како Битола неможи да го достигни.
Убеден сум дека ќе згреши ако си отиде од Битола.
Тоа е тип на играчи како Столе, како Мојсо можеби, што ќе изиграат со муда за екипите за кои сакаат да играат, дома, каде што публиката ги сака, каде што може да глумат манга, каде што може да водат и неспортски живот :D
Пишував еднаш на оваа тематика и порано, ама да ме убиеш не можам да најдам во која тема ми е мислењето. Го споредив Фитиљот со маалски спорт. Ко деца кога игравме, си имаш одбрана екипа и колку и да се појаки противниците, знаеш дека кога ќе дојдат во твое маало, нема што да бараат. Даваш 200%, додека не цркнеш. Се случувало на баскет ако фатам лидерска улога, 10 "тројки" да акнам по ред :D Сум додавал до тој што ни беше најдобар, мислиш Јасикевичиус во најдобри денови :D
Отиди во друго маало или играј со други, дупка најголема, ни место знаеш кај ти е на терен, ни што да играш, дрво.
Нормално, јас сум камен, Фитиљот сепак е талентиран, ама споредбата ми е повеќе во однос на желбата за играње и дрскоста која на моменти го прави светска класа играч. Не е некој пробивен ракометар, не е ни страшен шутер, ама како тешкаш е кога ќе тргне на инает во мртви напади. Се' тоа му го носи самодовербата која ја има набилдано.
Знаеме сите каков третман има во Битола, бог и батина е. Шамара соиграчи ако играат слабо, некогаш е погласен од тренерите итн.
Знаеме и како помина првиот пат во Германија. Ајде ќе речеме тогаш беше млад и незрел, ама фактот што не сакал ни јазик да научи, многу говори.
Истото ќе го кажам и за Столе. Столе беше цар во ноќниот живот тука, беше цар во нашиот дрес и репрезентација, дека на друго место немаше да биде толку толериран. Ќе леташ ко партал со такво однесување во Германија.
Тоа важеше и за многу други кои играа во Вардар.
 
Црна Гора прво во фудбал доживеа дебакл од Фарски Острови, сега во ракомет. И тоа прва победа за Фараните и тоа со 13 разлика! :confused:

Портнер им еба матер на Словенија во првото полувреме.
На крај беше доста разочаран дека го испуштиле натпреварот. Штета сакав они да ја тепаат Словенија.
 
Од Април 2026, ново трио Хориха - Д.Митев (мали Дувњак) - Николов + се враќа Мечка :uzi:
Ќе прат Б- селекција од Април или како е планот?
Поглуп коментар здравје. Како прво Фитиљот поголем дел од времето игра среден бек за репрезентација или ротираат со Митев. Хориха ќе ротираше со Марко, ќе беше и стартер можеби пред него, бидејќи пола година беше повреден. Да не коментирам што во одбрана ќе добиевме топ играч. Треба да сме пресреќни ако го добиеме во репрезентација.
Хориха со Фитиљ никако заедно не можат да играт во напад.
 
Реми кое, ако ја победиме Романија, ќе ни ги задоволи амбициите, но истовремено остава одредена горчина бидејќи се чини дека имавме шанси да ги добиеме, немавме баш среќа, повеќе со пот се извади овој резултат отколку со среќа, што го прави уште посладок. Промашениот празен гол, лизгањето на топката од рака во финишот, некои тенденциозни судиски одлуки, клучни повреди, еден куп несреќни работи се случија и пак до реми стигнавме. И статистички според квалитетот на шутеви што ги имавме Португалија не не надигра. Дури ни голмански немаше некоја особена разлика, тука некаде бевме вкупно....

Статистиката е тука (кликнете на statistic report за dowload на pdf): https://ehfeuro.eurohandball.com/men/2026/matches/details/202611010101010/NorthMacedonia-Portugal/

За втор круг, минимални се шансите, не би си го губел времето со калкулации, сите заборавате дека прво игра Македонија во 18:00, па дури потоа во 20:30 е Данска-Португалија. Португалците точно ќе знаат колку им треба, и ако губат ќе запнат на крај.

Како никогаш досега, една наша репрезентација, во второ полувреме го сврти натпреварот. Често зборуваме за менталитет, има нешто и во тоа, но има многу и во тактичка дисциплина, физичка подготвеност и ротација на играчи. Како никогаш досега. ние ротираме, сите играчи имаат своја улога и тоа излегува на површина во вторите полувремиња - впрочем ова не е ништо ново, на подготвителниот период на "жолтиот куп" во Швајцарија, имавме лоши први полувремиња против сите 3 противници и ги вртевме натпреварите во второ и против Бахреин и со Украина и со Швајцарија. Така играат големите репрезентации, мило ми е што конечно сфативме кој е комплетниот рецепт на играње и менаџирање на 60 минутен натпревар.

Она што мене ми паѓа во очи на овие два меча е бројот 9. По 9 изгубени топки и со Данска и со Португалија. Долго зборуваме, дека клуч за успех со силни репрезентации е да имаме под 10 изгубени топки. Најчесто не ни успевало во минатото, сме губеле по 14-15, и тоа вообичаено резултира со 5-6 гола на друга страна. Конечно успеавме и тоа против Данска и Португалија, 2 елитни екипи. Се надевам на 3/3, тоа ќе биде клучот и со Романија.

Другиот клуч е ротацијата, дури тешко е да се поверува, ама повеќе изротиравме и од Данска и од Португалија. Затоа нашите беа свежи второто полувреме. Против Португалија над 35 минути одиграни: Португалија 7 играчи, Македонија само 3.

За Кузмановски тешко е да се кажат зборови, најдобар натпревар во кариерата (и не само репрезентативна), 15/18 шут, 5 асистенции, 1 изнуден седмерец и само 2 изгубени топки. Ефикасен во потрошувачката на топки, смирен во реализацијата како никогаш досега. Особено ми е мило што ниту еден од 15 гола не беше од оние атрактивни бомби од десетина метри, туку сите беа едноставни паметно изработени шутеви. Тоа секогаш му недостигаше на Фитиљот, конечно и сам може да ги види плодовите од својата работа. Ова е малку контроверзна тема и рано е за отворање, но полека но сигурно, на пат е да биде 3 најдобар македонски ракометар на сите времиња (зад Лазаров и Пепи Манасков).

Томовски е второто име кое реално направи разлика откако влезе и овозможи да се вратиме во игра и на крај одбрани 2 клучни зицери во последниот напад. Потајно очекував блесок од него на ова првенство, тоа и се случи.

Морам да дадам посебна пофалба и за Кире Лазаров. Ова е негов најдобар меч како селектор, па можеби и како тренер воопшто. Добро припремени со 5-1 зона, навремена ротација на играчи, адаптирање и наоѓање решенија сред натпревар во ситуација кога останавме без 2та играчи кои требаше да играат на преден во одбрана. Секоја чест. Добро е што горе долу намален е притисокот од јавноста на таа тема, дури и со контроверзните ситуации со Талески и Манасков, генерално се дава поддршка кон Лазаров. Очигледно е дека знае што прави, и се труди да извади најдобри резултати со Македонија. Подобра опција секако немаме, мора да се даде поддршка, а на него е некогаш да го гризне јазикот, па за доброто на Македонија, ако треба и суетата да си ја скроти.

Мечот со Романија е пред нас. Клучен меч од секаква перспектива. Романците според мене играат подобро од очекувањата на ова првенство. Тие за нас конкретно се спремаа. Ќе биде тежок меч и не треба да се оптеретуваме со гол разлика однапред (тоа секако само ќе си дојде ако се укаже шанса). Голем хендикеп ќе биде ако Џонов и Петар Атанасијевиќ се аут. Не се звучни имиња, ама се битни во целата конструкција на екипата (имаат и тие своја улога и задачи кои не се многу атрактивни но се битни во борбата за победа). Резервно лево крило ако не грешам е Ојлески, ќе видиме дали ќе го повикаат, ако воопшто е можно во толку краток период да допатува во Данска.

Нека не послужи среќата во вторник, како и на ждрепката за СП!
 
Резервно лево крило ако не грешам е Ојлески, ќе видиме дали ќе го повикаат, ако воопшто е можно во толку краток период да допатува во Данска.
 
Гоце е солидно искусно крило, офанзивно секако ќе покрие. Дефанзивно е друг профил на играч, се надевам повредата на Џонов не е сериозна и ќе биде на располагање (иако штом го повикуваат Ојлески од Македонија да доаѓа без поминати подготовки, личи дека веројатно и двата аут ќе бидат). Во секој случај во некаков натпреварувачки ритам секако е, веќе игра пријателски со Охрид...
 
Додиќ прави разлика во нападот на Србија, Милосављев алфа и омега им е братот.
Австрија многу загреани да ги плеснат Србите, дали со победа имаат шанси за пласман понатаму?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom