Американски фудбал - NFL лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Neno-WH
  • Време на започнување Време на започнување
Многу промени на тренери, најголемите у иста дивизија, Браунс, Рејвенс и Стилерс.

Томлин, колку и да е добар мотиватор, и no loosing season тренер, премногу грешки има во изборот на играчи и драфтот, сигурно и он учествува во истото.
Секоја година се на лоша драфт позиција поради малце надпросечна игра со лоши играчи + најскапата одбрана рангирана секогаш во втора половина. Поради ова, немаат добар квотербек после Бен, едноставно една сезона мораа да тенкаат, не го направија тоа и сега пак наредна сезона без КБ нема што да бараат.
 
Овие од српската Арена се прават Амери, на секој прекин реклами, Трка века, Ауто те чека, а пуштив на Хрватската верзија, си тече утакмицата и си коментираат Булиќ и Франчески за некои моменти и статистики.
 
Ги нема Чифс во плејоф и пак не можат до Супербол да стигнат Билс.

Бо Никс скршеница на зглобот на ногата има, нема да игра до крај на сезона. Stidham ќе биде стартен QB следна недела. Петриотс/Тексанс имаат отворен пат до Супербол малтене.

Сега читам, повредата е при kneel down акцијата пред да шутираат ФГ (кога само центрираа)...бизарно.
 
Последно уредено:
Овие од српската Арена се прават Амери, на секој прекин реклами, Трка века, Ауто те чека, а пуштив на Хрватската верзија, си тече утакмицата и си коментираат Булиќ и Франчески за некои моменти и статистики.
Одамна прекинав да гледам на српската Арена нфл, цела четворка на хрватската Арена се поинтересни од овие на српската, многу сериозно коментираат србиве, знам дека се разбираа, двајца од нив имаат играно нфл низ европа ама и подкастот и утакмиците им се толку досадни на моменти, страшно нешто.
Бев сигурен дека пресечената топка у продолженија вчера ќе ја прегледаат и ќе биде фаќање за Кукс, не ми е јасно како тоа не е down by contact/поделен посед. Исто и првиот пас интерфиренс немаше врска со животот ама ај секако на таа акција Боса имаше и roughing the passer па за тоа нема многу да се зборува, ама пресечената топка не ми е јасно како е пресечена кога имаше Кукс посед и коленото му беше на земја, после му ја извлекоа од рака...
Ален вчера хаос со изгубените топки, посебно таа на крај на прво полувреме, не ми е јасно што сакаше да постигне со 10 секунди до крај без тајмаути.
Тексанс/Петс во супербол скоро па сигурно, ако биде супербол Петс вс Беарс може комотно филм да си пуштам у тоа време.
 
За пресечената топка, немаше воспоставено контрола на топката при контакт со земја, коленото не игра тука улога, да беше runner да, или да ја задржеше топката па отпосле да му ја земаа.
Ова почесто се гледа на некомплетирани пасови, кога топката ќе му испадне од рака при пад, па тоа е некомплетиран пас, е тука му "испадна" во рака на дефанзивецот.
 
И притоа никогаш не падна фудбалот на земја. Ако замислиме дека наместо играчот на Денвер беше земјата, ќе беше неуспешен пас затоа што фудбалот немаше да го "преживее" контактот со подлогата.
И Тони Ромо за ова мислам кажа дека е ОК одлука. А Билс не се бунат за несуден холдинг во нивната енд-зона, односно сејфти и крај на натпреварот.

Инаку Никс се повредил на акцијата со пасот према Мимс, на таа акција мислел Пејтон.
 
Последно уредено:
За пресечената топка, немаше воспоставено контрола на топката при контакт со земја, коленото не игра тука улога, да беше runner да, или да ја задржеше топката па отпосле да му ја земаа.
Ова почесто се гледа на некомплетирани пасови, кога топката ќе му испадне од рака при пад, па тоа е некомплетиран пас, е тука му "испадна" во рака на дефанзивецот.
Сфаќам дека поради контрола не е досудена, јасно ми е тоа, ама личен впечаток ми е дека имаше и требаше да е фаќање. И Џин Стераторе со истиот муабет излезе дека е ОК одлука ама пак мислам дека уште многу ќе се зборува за ова.
 
Ќе се збори пошто не знам дали постои претходен ваков случај. Ова е од оние одлуки 50-50 што може да отиде и важу и таму (ова се однесува за исходот на судиската одлука, не за поседот врз фудбалот), иако впечатокот е дека е во рамки на правилата досудено.

Како и да е, да го судеа сејфтито, немаше ни да стигне до оваа акција.
 
Страуд два поклони засега, продолжи од претходната.
 
Eat shit Ben Johnson
Претпоставувам за форсирањето на 4ти обиди - 2/4 од кои постигнаа 2 ТД (ок, ова на крај од регуларно време мораше да оди секако) и/или за play calling-от во ОТ кога им требаше уште малку за да влезат во ФГ зона.

За финалињата на конференциите, Бронкос имаат многу добра екипа, но QB ќе биде некој кој не знам еден цел напад дали има играно сезонава. Од друга страна и Патриотите покажаа дека играат многу озбилна одбрана и казнувсат кога QB дава поклони.

Другата утакмица е 51%-49% во корист на Сиетл само ради домаќинството инаку поизаднечена утакмица не може да има, а тоа го вика и статистиката од двете утакмици сезонава.
 
Sean McDermott отказ од Бафало. Само не знам кого ќе бараат сега, пошто и Harbaugh (Џајантс) и Стефански (Тајтанс) потпишаа за нови тимови. LeFleur потпиша нов договор со Грин Беј, така што стварно не знам кого ќе стават.

Инаку, третина тимови ќе имаат нови тренери во следната сезона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom