Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не може Португалија со Данска да се споредува. Данците се покриени ама баш на секоја позиција. Португалија денес прими 34 гола од една Романија. Голманите наши да влезат во ритам и да фатат минимум 12 топки би било супер за нас.И со Португалија сме аутсајдери тоа е тоа , нашата шанса со овај состав е Романија .
Изиграа онолку колку што им дозволија Данците.Единствените што покажаа дека навистина играт ракомет се Митев и Ѓоргиев, со повремен блесок од Серафимов.
Браќата Атанасиевиќ имаат желба и енергија за игра, но тоа засега не е доволно. Се гледа труд, но квалитетот и конкретниот придонес сe уште недостигаат.
Кузмановски, не остава впечаток ниту како играч, ниту како капитен. Во текот на целиот натпревар играше премногу пасивно, лежерно - постојано враќа топка назад, без преземање одговорност. Често оди до 6 метри без јасна идеја и повторно ја враќа топката. Ако целта му е само подавање топка, тогаш се поставува прашањето каква улога има во овој тим?
Нападот беше катастрофален. Освен еден цепелин, не видовме ниту една воиграна акција. Играта се сведуваше на бесцелно додавање, по што Митев и Ѓоргиев индивидуално се обидуваа да направат пробив до 6 метри. Навистина не е јасно што се работи на тренинзите - ако се вежба само додавање, тогаш тоа не е доволно. Речиси никој не играше без топка; сите стоеја во место и чекаа топката да дојде до нив.
Подавањето кон пикерот беше на катастрофално ниво. Во текот на целиот натпревар не видовме ниту едно навремено и прецизно додавање. Наместо јасна идеја, топката најчесто се фрлаше напамет, некаде помеѓу пикерот и противничките играчи - па ако ја фати, ја фати.
Дополнително, крилата практично не постоеја во нападот. Како да не беа дел од концептот.
Тоа што натпреварот е со силна репрезентација, не значи дека ние не треба да играме. А би требало. Овој состав играчи веќе неколку години игра заедно и треба да се воигрени. Колку години ќе го градат овој тим?
За вчера не толку, против Португалија и посебно Романија да. Таму ќе имаме повеќе простор за крила.и Манасков ?
Друго мислев, ако не може преку крило, барем едното крило нека не стои статички...плус приметив 2-3 наши напади ги утнавме не поради подавање кон крило, туку од центар оди со топка кон крило а крилото таму стои и ќе се блокираат самите и ја губеа топката...може треба во пријателски да се пробува Кузмановски да иде према крило а крилото да се враќа према центар, да нени бидат нападите шаблонизирани и предвидливи....а статичко стоење накрило имав поодамна приметено и кај Франција, па и ги губеа тие утакмици...Со Романија ќе биде полесно , но ме плаши нивната оштра игра, која може да донесе до повреди на нашите играчи, посебно при соло нападите преку центар...ќе мора побрзо и прецизно додавање...Посебно ако е Кузмановски маркиран од противничките играчи, може повремено да смени позиција спрема крило и ќе отвори простор за другите преку центар да шутираат??За вчера не толку, против Португалија и посебно Романија да. Таму ќе имаме повеќе простор за крила.
Вчера од пикерите само Стојковиќ имаше шутеви. Додуша и не форсиравме толку топки на пикер ко што знаеме. Лазаревки ќе имаше сигурно 2-3 гола да ја земеше минутажата на Самоил и Аларов. Во одбрана Карасманакис и те како ќе помогнеше на центар. Има и брзина и сила да ги задржи.
На Велковски доста му е. Кога веќе немаме конкурентен левак може во ротација да изигра Павле. Во напад ист придонес би имал, во одбрана доста поголем.
Другите изиграа солидно и гризеа постојано, не чекаа да заврши утакмицата.
Најбитно што имаме ротација. Конечно играме со 12-13 играчи во поле, држиме темпо цел натпревар и ќе се свежи за следните.
За изјавата на Кире за играта 7 на 6. Првиот таков напад го изиграа крај на прво кога спуштиме на 3 и имавме напад 2. Во второ да, тренираа.
Да имавме класа десен бек оваа генерација квалитативно би била на нивото од она во Србија 2012. За таков пласман треба да се поклопат многу коцки2 али играчки да.
Португалија моментално има подобар тим од нашиот и тоа е тоа.Не може Португалија со Данска да се споредува. Данците се покриени ама баш на секоја позиција. Португалија денес прими 34 гола од една Романија. Голманите наши да влезат во ритам и да фатат минимум 12 топки би било супер за нас.
По ова логика и Гитсел е дрво , најјаки сте вие од првенството на првенството шо гледате , Данска излезе на лев бек и среден и не остави да решаваме од десно напред и тоа е тоаЕдинствените што покажаа дека навистина играт ракомет се Митев и Ѓоргиев, со повремен блесок од Серафимов.
Браќата Атанасиевиќ имаат желба и енергија за игра, но тоа засега не е доволно. Се гледа труд, но квалитетот и конкретниот придонес сe уште недостигаат.
Кузмановски, не остава впечаток ниту како играч, ниту како капитен. Во текот на целиот натпревар играше премногу пасивно, лежерно - постојано враќа топка назад, без преземање одговорност. Често оди до 6 метри без јасна идеја и повторно ја враќа топката. Ако целта му е само подавање топка, тогаш се поставува прашањето каква улога има во овој тим?
Нападот беше катастрофален. Освен еден цепелин, не видовме ниту една воиграна акција. Играта се сведуваше на бесцелно додавање, по што Митев и Ѓоргиев индивидуално се обидуваа да направат пробив до 6 метри. Навистина не е јасно што се работи на тренинзите - ако се вежба само додавање, тогаш тоа не е доволно. Речиси никој не играше без топка; сите стоеја во место и чекаа топката да дојде до нив.
Подавањето кон пикерот беше на катастрофално ниво. Во текот на целиот натпревар не видовме ниту едно навремено и прецизно додавање. Наместо јасна идеја, топката најчесто се фрлаше напамет, некаде помеѓу пикерот и противничките играчи - па ако ја фати, ја фати.
Дополнително, крилата практично не постоеја во нападот. Како да не беа дел од концептот.
Тоа што натпреварот е со силна репрезентација, не значи дека ние не треба да играме. А би требало. Овој состав играчи веќе неколку години игра заедно и треба да се воигрени. Колку години ќе го градат овој тим?
Не одигравме лошо против данците освен Велко/дрвото.Не може Португалија со Данска да се споредува. Данците се покриени ама баш на секоја позиција. Португалија денес прими 34 гола од една Романија. Голманите наши да влезат во ритам и да фатат минимум 12 топки би било супер за нас.
Па и тие да играат 5-1 одбрана и тоа е тоа, ќе го затворат Кузмановски и не знаат нашите како да се понашаат на тоа.И јас мислам дека можеме да победиме против Португалија, фластер на Кико,затварање 100 посто пикер и тепаме.
Така е колега ЈугоЈебига па и распоредот не не посакал со Португалија. Кај баш да се падне на 18ти да се игра а не на 19ти.
Јер: МаКеДоНиЈа НиКоГаШ Не ГуБи На ПрАзНиК ХеХе

Денеска е КРСТОВДЕН, како не е празник?Јебига па и распоредот не не посакал со Португалија. Кај баш да се падне на 18ти да се игра а не на 19ти.
Јер: МаКеДоНиЈа НиКоГаШ Не ГуБи На ПрАзНиК ХеХе